*цензура* во здрав мозок

  • Креатор на темата Креатор на темата ada
  • Време на започнување Време на започнување

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Се почесто се среќавам со особи кои осеќаат сатисфакција кога понижуваат/апла лажат/манипулираат/прават мајмуни од другите, обично пред "публика", односно осеќаат задоволство кога некој "такваат" у здрав мозок.
Што од недостатокот на самодоверба, што од желба за внимание, што од досада, си одбираат рандом "жртви" и решаваат да се изживуваат со нив преку ефтин сарказам, отворено ругање, маалски финти и сл. А, за возврат, очекуваат тапшање од околината, затоа што успеале да направат будала од некого.
Дури и кога ќе се освестиш дека те дриблаат, и ќе им го ставиш тоа суптилно до знаење, тие продолжуваат, и се убедени дека гадно те заебале(иако, они испаѓаат за жалење со прозирната им игра, али ај).

Дали сте биле жртва на вакви ситни садисти? Или пак можеби вие сте еден од нив?
Како се ослободувате од нив? Им возвраќате со иста мерка, се повлекувате, или ги игнорирате?Има ли лек против таквите?
And so on...:brm brm:
 
Oф, баш прееска имав таква ситуација, со самопрогласен мозокојебач. Не можам да кажам дека ги игнорирам таквите (по сугестија на трети лица), ама најлесно е да кажеш, ај батали го, ваков е, онаков е, ако не ти „згрешил“ тебе.

Импулсивна сум по природа, враќам со иста мера. И не престанувам да враќам дур и дотичната личност не престане. Некогаш е досадно и напорно, ама некогаш е амјузинг.:icon_lol:

Штознам, мене ми е глупаво така да се расфрлам со допецки само со цел да иритирам некој. Ама кога ми шетаат по ганглии, кршам нозе.
 
Дали сум бил жртва на некој таков?
Како помал, да...
Ама сега, ретко се случува ова...речиси сите маалски финти ги научив, и најдов начин да им „избегам“..освен на некоја нова „финта“..ама, кога ќе слушнам нешто, било што, од таква личност, тогаш на тоа финта прашање, ќе одговорам со одговор кој тешко може да се предвиди, да не кажам неможе да се предвиди....
Дали возврачам со иста мера?
Не, возврачам со неколку пати поголема мера...
Ама, на некои ептен глупи ( не дека останатите финти ( или сл. ) не се глупи... ), само ќе се насмевнам, и ќе продолжам да ги игнорирам...

Се прашувам:
Правилно е ова што го правам?....
 
Ууу мадер факерс, во воведов препознав пола од "другарите" ама овие моите претежно ѓнават мозочно ако наоколу случајно или не има женски, кој знае што им е филмот може мислат дека ако ме заебат (јавно да ме понижат, да ме направат помал од нив) кај да е т.е во првата можна прилика некоја а може и со цел ум сите од публиката ќе му се дадат на херојот.... тапашењето многу го дочекале по нос или сум вратил со иста мерка (или па до крај онака мирно ги толерирам потсмевајќи се) но за среќа сами се заебаваат, се покажуваат во едно грдо светло а мислат дека во очите на другите се светци и некои многу посакувани фаци во женските кругови (пишав погоре дека моите мајнд торментс се активираат само во присуство на женска).... али јебига се привикнав и на тоа.... живот е не ??? мора да се приспособуваш на сите срања во него па дури и на овие подвижните.
 
Темава ме погоди ама ептен.Имам многу да пишувам,но сепак би кажала нешто сосем на кратко.

Не ја разбирам,ама навистина не ја разбирам потребата да се омаловажува, понижува или да се прави некој глуп.
Сум го осетила на своја кожа, не е пријатно.И се затоа што бев помирна од другите,учев и не се расправав и обично ќутев и голтав се. Е па тие луѓе одвај чекаат така некој помирен за да докажат колку се они генијалци,колку се они кул и закон.

И да,можеби се кул и закон за нивните патетични истомисленици,но тоа е претежно заради тоа што не знаат да бидат кул на друг наичн.Јеби га,секој со своето.Само,некогаш треба да се знае границата,затоа што можеби,ама само можеби тоа некого го повредува.

Не би,никогаш да се однесувам така.Обично се поставувам како адвокат доколку сум сведок на нешто такво пред мене.
Знам како е чувството,знам како сум се чувствувала и знам колку е сето тоа одвратно,па не би го правела никогаш.

Порано,кога ќутев или на краен случај(да да и тоа ми се случувало) да заплачам - се продолжуваше со исто темпо.
Кога собрав храброст и јас да бидам дрска и да им одговарам со иста мера,почнаа колку толку малце да запазуваат.Ама нема начин да се ослободиш од нив.Нема.Секогаш ќе бидат такви и секогаш ќе бидат напатени душички кои сакаат да го хранат своето его и да добијат популарност.

Ах,ада,ада,ме чепна за болна тема.:(
 
Познавам колешка на која тоа и е начин да се чувствува повредна од другите и да си крене самодоверба, при што доволно е само "да и покажеш заби" и се стишува. Претпоставувам дека лек за такви особи е или игнорирање или да гo употребиш нивниот метод против нив и да ги удриш таму каде што највеќе ги боли :)
 
Темава ме погоди ама ептен.Имам многу да пишувам,но сепак би кажала нешто сосем на кратко.

Не ја разбирам,ама навистина не ја разбирам потребата да се омаловажува, понижува или да се прави некој глуп.
Сум го осетила на своја кожа, не е пријатно.И се затоа што бев помирна од другите,учев и не се расправав и обично ќутев и голтав се. Е па тие луѓе одвај чекаат така некој помирен за да докажат колку се они генијалци,колку се они кул и закон.

И да,можеби се кул и закон за нивните патетични истомисленици,но тоа е претежно заради тоа што не знаат да бидат кул на друг наичн.Јеби га,секој со своето.Само,некогаш треба да се знае границата,затоа што можеби,ама само можеби тоа некого го повредува.

Не би,никогаш да се однесувам така.Обично се поставувам како адвокат доколку сум сведок на нешто такво пред мене.
Знам како е чувството,знам како сум се чувствувала и знам колку е сето тоа одвратно,па не би го правела никогаш.

Порано,кога ќутев или на краен случај(да да и тоа ми се случувало) да заплачам - се продолжуваше со исто темпо.
Кога собрав храброст и јас да бидам дрска и да им одговарам со иста мера,почнаа колку толку малце да запазуваат.Ама нема начин да се ослободиш од нив.Нема.Секогаш ќе бидат такви и секогаш ќе бидат напатени душички кои сакаат да го хранат своето его и да добијат популарност.

Ах,ада,ада,ме чепна за болна тема.:(
Има!!!
 
Ако сметаш дека има, тогаш сподели го со нас.
Инаку нема поента да ти стои постот, како таков:smir:
 
Ако сметаш дека има, тогаш сподели го со нас.
Инаку нема поента да ти стои постот, како таков:smir:
Модераторска закана?
Или не треба да гледам на твојот пост како тоа?
Хмм...па одговорот зависи од тоа за каков човек станува збор...
Доколку еднаш или повеќепати испаднеш „попаметен“ од нив, т.е. кај останатите луѓе предизвикаш спротивна реакција од таа што тој ја очекуваш, мала е веројатноста дека тој ќе продолжи со докаживањето на неговата „генијалност“.....
Понекогаш, доколку не постигне никаква реакција ни кај „публиката“ ни кај тебе, тогаш ќе се откаже..
Доколку...( можам до „бесконечност“ да пишувам за ова... )...со еден збор: се` зависи од типот/типката....
 
Ваквите ги има насекаде во неограничени количини..
На такви налетувам и секојдневно во најблизок круг на пријатели.. Можеби не го прават тоа на мене, но ме нервира и на друг кога го гледам.. Изживјавање врз луѓето.. Ако некој ти пречи или нешто игнорирај го нема потреба од друго.. Ми се има и мене случувано некој да пробува да ме е*е у здрав мозок ама единствено што добиваат таквите луѓе е насмевка.. Е тогаш нивното генијално курчење на празно стига до ниво на нервоза и на негативни вибрации што уште појше болат со уште некое гласно смеење.. Е од кога таа Икс персона ќе се разлути скроз.. Таа што почнува да го дупи во мозок сум јас.. И да.. Тоа го обожавам.. Само што разликата е што не го правам тоа во ЗДРАВ мозок.. :smir:
Како и да е не ме нервираат многу вакви фаци.. И за тие што сосема спротивно реагираат на ова погоре што го пишав се наоѓа лек. И искрено повеќе ми делуваат како бедни и патетични суштества со низок коофициент на интелегенција од било што друго.. И да.. Тоа е кул само како што погоре прочитав во очите на нивните истомисленици.. Тоест на уште некои бедни, патетични суштества со низок коофициент на интелегенција како што пишав погоре и јас.. А таквите.. Нека се радуваат и нека даваат аплаузи.. И онака во тоа им е единствената на каков и да е начин заслужена и заработена среќа па нека им биде.. Не вредат да се погледнат повеќе од ниеднаш.
 
Ефтин сарказам...

Реметење...

Никој од нас никогаш не реметел никого...а и немало фаци кои со сила не барале ремет. Ај да не почнам да редам примери со линкови од постови и галерија.

Бидете искрени, сите имаме такви моменти.
 
Една мала исповед од мене ..

Коа бев помал и “поглуп„ јас бев тој што ги јаде г***ата за секој и секаде , искрено во таков филм бев влезен , немаше девојце или некое позатуцано типче ( NERD :nesum: ) , што му неам префлено во средно . И не бев само јас , туку цела глутница .И “ладење „ на мртво со “жртвата„.Кој знае колку мака си имаа тие што ќе ги фатевме на pick . Али тоа беше средно .

Е кога тргнав на студии , погодете што .. тркалото се вртело :star: ..
Мој ред дојде ја да го јадам ...и баш не е фино , како шо си мислев порано , море ич не е фино . Некое време се трпи , али ако трае подолго , уфф ..е тогаш играат нервите , сакал - неќел , ќе ти пукне филмот , барем мене ми пукна ... Се отерав у ПМ , се испокарав со сите , со некои и дојде до физички контакти ...

Џабе не му е песната на Џастин : What goes around , comes around ...

или онаа христијанската : не им го прај на другите , она , што не сакаш да ти го прават тебе ...
 
Ефтин сарказам...

Реметење...

Никој од нас никогаш не реметел никого...а и немало фаци кои со сила не барале ремет. Ај да не почнам да редам примери со линкови од постови и галерија.

Бидете искрени, сите имаме такви моменти.
Види, уопште не ми беа како пример земени такви реметења и потсмевања, како саркастични и сеирџиски постови или коментари у галерија. Баш напротив, се случува понекогаш баш тие да ми бидат најинтересни и да ме орасположат(макар и на моја сметка биле).

Мислев на нешто што се граничи со садизам и е перманентен шаблон на однесување кај тие индивидуи. Не безопасен сарказам и ругање, туку нешто малку посериозно.
Случаи кога, на пример, преку лажење, измислени приказни, наместени ситуации и сл. те прави апла будала пред сите. Као, загризуваш во одредена приказна и после испаѓа дека било фол, а околината те смета за кретен додека садистот се сити. Нешто во тој стил.
 
Уфф .. И тие не се малку ...од лично искуство и од двете страни ...

Тоа е веќе малтретирање на личноста , понижување ...

Најчесто жртви се девојчињата или оние помирните машки ...Искрено коа ми текне шо се сум правем , ...ми се гади од самиот себе ..
 
Види, уопште не ми беа како пример земени такви реметења и потсмевања, како саркастични и сеирџиски постови или коментари у галерија. Баш напротив, се случува понекогаш баш тие да ми бидат најинтересни и да ме орасположат(макар и на моја сметка биле).

Мислев на нешто што се граничи со садизам и е перманентен шаблон на однесување кај тие индивидуи. Не безопасен сарказам и ругање, туку нешто малку посериозно.
Случаи кога, на пример, преку лажење, измислени приказни, наместени ситуации и сл. те прави апла будала пред сите. Као, загризуваш во одредена приказна и после испаѓа дека било фол, а околината те смета за кретен додека садистот се сити. Нешто во тој стил.
Ако е измислена, тогаш мора да има некакви нелогичности, макар и најмали.
Ги наоѓаш, поставуваш логички прашања, наоѓаш некоја „поболна„ приказна за тој што ја измислил твојата, ја зачинуваш со малку лаги, и толку....
Ова неколкупати ми успеало како мн добра одбарана....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom