deXterche
тадаммм
Зависи од комплексноста, дизајнот(готов/нов), време на изработка...Колку би ме чинело преку joomla да се направи website? комплет целосен
Незначи ако е џумла дека нема да има работа. Просек од 10 000 денари нагоре
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зависи од комплексноста, дизајнот(готов/нов), време на изработка...Колку би ме чинело преку joomla да се направи website? комплет целосен
ја знам прашав еден дизајнер вика многу било лесно вика околу 50 евра би ни земал
Му реков на еден комшија јас ќе ти средам едно веб страниче убаво дотерано со се хостинг како за тебе 5000 ќе ми ја скршеше главата
Дај да видиме горе долу кој како наплаќа за веб услуги.
Добро е ние што го работаме ова да имаме еден ценовник на кој би се придржувале. Баш ми текна да прочешлам по нашиве фирми и видов големи разлики на цени за исти услуги, дури имаше и сооднос 1:3 во цена.
Пошто ја отварам темава ќе почнам прв:
1. Обработка на готов темплејт до 5 страни (HTML) - ~6000 денари, секоја наредна страна +1000 денари
2. Инсталација и подесување на Џумла/Друпал без дополнителни модови со готов темплејт - ~6000 денари , секој модул +1000 денари
3. Детална обработка на темплејт +6000 денари на основната цена
4. Креирање на уникатен темплејт (HTML) ~12.000 денари
5. Креирање на уникатен темплејт за Џумла или Друпал ~18.000 денари
6. Инсталација и подесување на електронска продавница со модул за наплата ~ 30.000 денари со готов темплејт +12.000 денари за уникатен темплејт
-----------------------------------------------------
1. Работа на PHP/.NET проекти ~400 денари/сат
2. Просек за изработка на веб портал со основни компоненти ~100 часа
3. Просек за изработка на електронска продавница со основни компоненти ~300 часа
-Други веб решенија се работат по договор
Цениве ги зедов како просек според тоа што е изложено по веб сајтови на фирмите кои нудат веб услуги и имаат јавен ценовник.
Значи пак ќе напоменам дека цениве се просек од тоа што може да се најде на нет.Не разбирам зошто толку ефтино? Ако самите не се штитеме кој би не штител незнам. Ако ова сте го напишале за нелегална изработка по дома ок, но каде се трошоците за фирмата, за придонеси, за осигурување на вработените, за такси, за даноци, за ќирија... а?
Си го цените ли вие вашиот труд?
Па знаете ли вие колку ебавање има само за да се регистрира .mk домеин? Цел месец ќе те тупат, со барања преку пошта па чекање, па недај боже да треба dns сервер да промениш треба со молба писмено да се обратиш па да чекаш минимум 15 дена. Дај не претерувајте за 6,000 денари со прс не мрдам, не .mk страна да закупувам и да изработувам.
Значи пак ќе напоменам дека цениве се просек од тоа што може да се најде на нет.
Сигурно пјур хтмл не ќе наплатиш 20000 денари каде има работа сила 3-4 сати
Најслатки се парите од обични странички, бар за мене. 5 направи месецов и полна капа...реално време на работа 2-3 дена добивка 500+ евра![]()
Не се замарам со тоа, обично или веќе имаат купено се или па ги препраќам кај овие што продаваат хостинг.Aј кажи ми како успеваш да закупиш .мк домаин за 2-3 дена? Врски ли имаш? Дај помогни бе брат кажи ми ја врската, ме тормозат по 20 дена минимумж и тоа не само мене, со сите кои не ги познаваат така е. Ќе бидеш награден ако ми помогнеш. Фала однапред.
Не се замарам со тоа, обично или веќе имаат купено се или па ги препраќам кај овие што продаваат хостинг.
Јас избегавам џумла или вордпрес освен ако клиентот инсистира или па за малце пари бараат основен ЦМС.Eпа би правел и јас со готов joomla/wordpress темплејт и сите податоци доставени во дигитална форма страниче за 9,000, без домаин, без хостинг без ништо. Да не ве однесе Господ во Марнет, ќе си го видите аирот. И 30,000 малце ќе ви бидат за маката. Лесно е така.
Јас избегавам џумла или вордпрес освен ако клиентот инсистира или па за малце пари бараат основен ЦМС.
А не гледам зошто би се замарал со хостинг и домејн кога има луѓе кои се каде каде постручни за тоа.
А за марнет стварно има гњавење, треба да пополниш формулар со печат и потпис, го пушташ преку пошта чекаш 3-4 дена и ти го пуштаат. Ако запне има телефон и готово.
Мада кој ви е ќарот од тоа да регнувате вие незнам, препратете ги кај некој што нуди хостинг за 1000-1500 денари имате хостинг+домејн, мирна глава.
Јас имам своја фирма и услугата мора да биде комплетна. Неможам да ги праќам клиентите кај други фирми, работам со договори. А за Марнет да беше 3-4 дена добро ќе беше.