Ценовник за веб услуги

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување
Реално...ви плаќаат?
Не, без пари работаме
Јас уште одамна престанав да работам веб дизајн по цените кои ги наведе декстер, од причина што:

1. Секогаш цената им е скапа.
2. Има деца што работат за ич пари.
3. Иако успееш да ја договориш цената, секогаш ти се бара екстра од договореното.

Веб дизајнот одамна веќе не се исплаќа кај нас а така ќе биде и во иднина, се додека не видат некоја стварно успешна фирма која ќе функционира преку веб и ќе прави големи профити само од сајтот (кој нормално ќе биде топ дизајниран, едноставен и функционален, и ќе нуди пр. порачки до дома, плаќање преку интернет итн). Тогаш ќе зборуваме за други цени, оти тогаш ќе се бара квалитет.
Ако работаш стрикно прости веб страни не се исплаќа, едино ако пукаш темплејти и менуваш само содржина. Но и тука ќе запнат на детали, хедерот вака така, менито горе, па не ај долу и ќе искинеш нерви и време па од парите ништо не ќе видиш.

Ако сакаш да ти се исплати треба на поголеми проекти да идеш кај што неможе дечурлана да парира и бувта цена
 
Па ако се земе просечна плата на програмер во МК е 350-400 евра што кога ќе се пресмета во сатница, ако 22 дена во месецот се работни и се работи по 8 сати на ден иде околу 150 денари/сат. За споредба со САД и другите европски земји е ништо пошто таму сатница е од 15 долари (660 денари) па нагоре до некој си 30 долари (1320 денари)

Декс не си право за во Америка саатниците таму се ниски единствено кога почуваш да работиш како фрилансер пошто отворен е пазарот јака е конкуренцијата додека стекнеш репутација и го направиш портфолиото работиш бадијала е кога ќе почнат клиентите да те препорачуваат кога ќе добиеш име тогаш саатницата расте до 70-80 на саат, а во случај да имаш дополнителни познавања од ActionScript,Flex,Papervision3d тогаш саатницата е околу 100 долари.
 
Луѓе имате право како се множат web дизајнериве со готови скрипти и темплејти страшно секој сам веќе знае како треба тоа е највеќе ради порастот на луѓе кои почнаа да го користат google стварно жална слика камули да наплаќаме по ценовниците што се набројани тука јас мислам треба да се премине на 2Dflash i 3D ili програмирање нешо жилаво
инаку разбрав ценовник за страни со кои сега јас се занимавам
а тоа е во 2Д и 3Д е слден
целосна страна во 2Д со почетно интро и околу 5 потстрани
се движи од 1000е до 1700е
за 3D целосна изработка во 3д со почетничко интро и една 3д основа со 5 потстрани или додатоци во основта значи во зависност се од тоа колку 3д графика ке содржи со проценка од
дизајнерот од 3000е па нагоре

Но сепак зависи сакам да кажам дека се скапи и можеш да ја зголемуваш мн лесно цената поради тоа што нема за нив соодветен просек за цена hhhhhh:nesum:
 
Цената ја пишав по тоа што сум читал на нет. Сум слушнач дека на програмерите во Apple сатница им е 50 долари.

100 долари не е некако превисока? Кој зема толку?
Луѓе имате право како се множат web дизајнериве со готови скрипти и темплејти страшно секој сам веќе знае како треба тоа е највеќе ради порастот на луѓе кои почнаа да го користат google стварно жална слика камули да наплаќаме по ценовниците што се набројани тука јас мислам треба да се премине на 2Dflash i 3D ili програмирање нешо жилаво
инаку разбрав ценовник за страни со кои сега јас се занимавам
а тоа е во 2Д и 3Д е слден
целосна страна во 2Д со почетно интро и околу 5 потстрани
се движи од 1000е до 1700е
за 3D целосна изработка во 3д со почетничко интро и една 3д основа со 5 потстрани или додатоци во основта значи во зависност се од тоа колку 3д графика ке содржи со проценка од
дизајнерот од 3000е па нагоре

Но сепак зависи сакам да кажам дека се скапи и можеш да ја зголемуваш мн лесно цената поради тоа што нема за нив соодветен просек за цена hhhhhh:nesum:
Добро не е толку страшно. Секој што сака да помине евтино секогаш дупло плаќа. 80% од клиентите што сум ги работал се заебани на некој начин од такви "програмери" ако можам да ги наречам кои за ниска цена им продаваат неквалитетен софтвер односно скрипти кои ни самите незнаат да ги прилагодат на барањата. Каков се не код сум гледал и сум крпел.

И пак ќе нагласам, не е темава за веб дизајн (графички) туку општо за се што опфаќа веб девелоупментот
 
Ме интересира како и дали се наплаќа вметнување на флеш ако бара клиентот некое лого или флеш реклама на странава колку зимаат за една флеш реклам за страна или лого за истата онака јас имам чуено нешто као 500 ,1000ден. :pop:
 
Дај да видиме горе долу кој како наплаќа за веб услуги.
Добро е ние што го работаме ова да имаме еден ценовник на кој би се придржувале. Баш ми текна да прочешлам по нашиве фирми и видов големи разлики на цени за исти услуги, дури имаше и сооднос 1:3 во цена.

Пошто ја отварам темава ќе почнам прв:

1. Обработка на готов темплејт до 5 страни (HTML) - ~6000 денари, секоја наредна страна +1000 денари
2. Инсталација и подесување на Џумла/Друпал без дополнителни модови со готов темплејт - ~6000 денари , секој модул +1000 денари
3. Детална обработка на темплејт +6000 денари на основната цена
4. Креирање на уникатен темплејт (HTML) ~12.000 денари
5. Креирање на уникатен темплејт за Џумла или Друпал ~18.000 денари
6. Инсталација и подесување на електронска продавница со модул за наплата ~ 30.000 денари со готов темплејт +12.000 денари за уникатен темплејт
-----------------------------------------------------
1. Работа на PHP/.NET проекти ~400 денари/сат
2. Просек за изработка на веб портал со основни компоненти ~100 часа
3. Просек за изработка на електронска продавница со основни компоненти ~300 часа

-Други веб решенија се работат по договор

Цениве ги зедов како просек според тоа што е изложено по веб сајтови на фирмите кои нудат веб услуги и имаат јавен ценовник.

браос за ценовникот! треба толку да земаме... :) ама кога секогаш има спуштање на цени од другите...шо прават за 4000 денари со уникатен темплејт...не можеш поише од тоа и да земеш....
 
Баш ме интересира колку се платени лугето со ги одрзаваат јакиве динамички страни како и кајгана и како тука се наплатуваат некои цени hhhhh колку им е сатница и сл.
 
Може некој да ми каже или да ми даде линк сакам да купам домеин со (.com) или пак некој ако продава да се пазариме нека пише колку е цената поззз
 
колку пари би ме чинело изработка на лого за кошаркарски тим на пример?
 
колку пари би ме чинело изработка на лого за кошаркарски тим на пример?
Пиши поточно какво лого треба да биде ако е во флеш 1000 ден ако е обично 500ден и сл или види на www.design-mk.com
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom