Не може едно дете само од себе без ничија помош да стане добра личност.
Ја малце поинаку би кажала.
Не може едно дете само од себе без ничија помош да стане
лоша личност.
Новородените деца не се баш табула раса (поради ген моментот што ја негира оваа теорија), ама никогаш не се раѓаат како лоши, затоа што иако можеби постои ген
тврдоглавост или ген
љубопитност (и слични такви што понатаму низ животот ќе претставуваат подлога на која животното искуство ќе си ниже човечки карактеристики за детето), сепак не постои ген
зло. Она што може да го направи детето лошо е начинот на кој ќе расте, ќе биде воспитувано, ќе учи, условите во кои ќе живее, третманот што ќе го добива, или со еден збор: околината што ќе го опкружува и искуството што ќе го добие
(океј, знам дека се ова 11 збора).
Поентата ми е дека не можеме да очекуваме да бидеме добри луѓе или да создаваме добри поколенија кога живееме во лоши времиња. Општеството ни наметнува вредности од кои ниеден родител сам по себе не може да го лиши своето дете, или ниедно дете само по себе не може да се избави од нивното влијание (на тие вредности).
Се додека живееме во ваков свет, ќе бидеме лоши луѓе, и колку и да е тоа песимистички, не може да биде поинаку.
Ваљда не испаднав оф-топик, ама во секој случај на темава и нема многу што да се каже, зошто јасни се работите и без да се дискутираат: одговорот би бил, се разбира дека е наивно да веруваш дека некој меѓу нас повеќе работи на својата внатрешна убавина и дека повеќе го вреднува истото кај другите. Ние живееме во век на силиконски цицки, профи шминка, зилиондоларска текстилна индустрија и жени (како и мажи) кои секојдневно трошат брдо пари на се` ова. Тоа ваљда нешто ни кажува.