city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 277
- Возраст
- 38
На општествено ниво се промовира опседнатост со изгледот, убавината, прекрасно лице без брчки, совршено тело, итн. итн. Сите магазини и програми зборат за начини како да се ослабе, како да се изгледа убаво, а со фотошопот се доби уште поголема димензија.
На индивидуално ниво не може да збориме, секој за себе си гради. Некој повеќе се фокусира на личност, некој повеќе на изглед.
Ама многу ми е жал кога гледам како се инсистира на совршен изглед и колку се форсира надворешната убавина. Ми се плаче понекогаш од тоа до каде е стигнато човештвото и неговата површност.
Тоа ми беше поентата, за жал мораме да констатираме дека на опшествено ниво се промовира второто и тоа од старт е градење на погрешни вредности или пак градење на нешто што не може да се нарече вредности.
Насекаде гледаме дека салоните за убавина се преполни, теретаните исто така и колку смешно и да звучи мене сево ова ми изгледа трагично - џабе ти ќе постигнеш одредена физички убавина кога длабоко во себе во срцето лежи неизграден карактер, без вредности и без квалитетен начин на размислување.
И на крај можеби сега го гледаме како тема на која водиме лефтерна и лежерна дискусија, но некаде за 50 години кога ќе почнеме да раѓаме манекени и не научници ќе сфатиме дека сме направиме ОГРОМНА грешка, која не сум сигурен дека ќе можеме да ја поправиме.