Целта ни е да изградиме луѓе со големо срце или со совршен изглед?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Пробав оваа дилема да ја поставам на фб, ама никој не се осмели да ми пише. Ај да се обидам овде...

Искрено на што работиме повеќе, на „внатрешната убавина„ или на „надворешната убавина„?

Создаваме луѓе со големо срце или со убав изглед?

Што ни е важно срцето или изгледот?

Јас мислам дека во последно време повеќе се инвестира на второто, но искрено се надевам дека таквото размислување ќе се промени.
 
Од себе да создадеме такви личности или од новите поколенија?

Секоја следна генерација скршнува се повеќе и повеќе, страв да те фати.
 
Повеќе се работи на надворешната убавина иако сите викаат дека пред сè ја ставаат внатрешната убавина при изборот на блиските.
А тоа е многу чудно, затоа што денес ретко кој е убав „од внатре“.

Иако ми е поважно срцето, сепак ќе го следам изгледот.
За да првично некој ми привлече внимание, мора да ми ги зароби очите. Дури отпосле можам да спознаам колку е тој човек внатрешно убав.

На крај пак, и да создаваме луѓе со убав изглед не значи дека автоматски тие ќе немаат големо срце. Стереотип е тоа.
Среќен сум што сум сретнал луѓе што се убави и од внатре и од надвор.
На тој начин се бодрам себе дека двете можат да се комбинираат. А со тоа пробувам да се разубавам и во изгледот но и во душата.
 
За месец дена расчистив со неколкумина (сега веќе екс) пријатели...ете го одговорот.
 
Од себе да создадеме такви личности или од новите поколенија?

.

Јас мислам дека прво треба да работиме на себе, од себе да изградиме луѓе, за после да размислуваме и градиме поколенија.
 
Не може едно дете само од себе без ничија помош да стане добра личност. Значи ако некој од нас не направил добри луѓе ни ние утре нема да можеме да ги воспитаме добро нашите деца :toe:
Денес ретко кој обрнува внимание детето добро да си го воспита...А ни за физичкиот изглед не се замараат многу ( ако детето има клемпави уши ќе му платат операција-тоа да, друго не ги интересира ) :toe:
 
Ценам луѓе што се совршени во несовршенството од надворешниот изглед. Или што би рекла Лејди Гага кога веќе си ја убила кравата може да се направи хамбургер од нејзе, овие зборови имаат длабока смисла во денешното опшество на идолизирани идоли кои што со вакви бесценети мисли вредат да ги ставиме на пиедестал, и признаеме дека секоја декада си има своја дроља, во осумдесеттите беше Мадона деведесеттите Бритни Спирс а денес Лејди Гага.
Внатрешната убавина која што човек ја чувствува за себе се одразува на надворешната, и како што му рече кунг фу мајсторот на својот ученик во филмот кој што заборавив како се викаше не е битно, дека во животот не се најважни парите туку најважни се жените.
И на крај се доаѓа до заклучок дека дел или цел пост за некого е бесмислен, или пак далабоко смислен целтта не беше ни едното ни другото туку пред спиење ми идат забегани мисли.....
 
Не ја разбирам темава, може да не пишувам?
Ај у слепо.
Ако зборуваме за инвестирање во следните поколенија, родителиве денес се некако апатични. Ќе се случи од време на време да промрчи за тоа колку карактерот е поважен од изгледот, ама тапо ќе ги гледа модните вратоломии на детето додека се слика пред огледало за на фејсбук.
Ако зборуваме за инвестирање во нашата генерација, изгледот е пред се. Спомнаа погоре како поголемиот дел луѓе викаат дека карактерот им бил поважен од изгледот, ама ситуацијата на терен вика дека се вреднуваат високи штикли и нозете кои ги носат. Влијаеме преку вреднувањето, понуда и побарувачка, фри маркет.
Ако зборуваме за инвестирање во себе, секој на своето, лична работа.
city, не се надевај дека ќе се промени, нема. Hard-coded ни е.
 
Не ја разбирам темава, може да не пишувам?
Ај у слепо.
Ако зборуваме за инвестирање во следните поколенија, родителиве денес се некако апатични. Ќе се случи од време на време да промрчи за тоа колку карактерот е поважен од изгледот, ама тапо ќе ги гледа модните вратоломии на детето додека се слика пред огледало за на фејсбук.
Ако зборуваме за инвестирање во нашата генерација, изгледот е пред се. Спомнаа погоре како поголемиот дел луѓе викаат дека карактерот им бил поважен од изгледот, ама ситуацијата на терен вика дека се вреднуваат високи штикли и нозете кои ги носат. Влијаеме преку вреднувањето, понуда и побарувачка, фри маркет.
Ако зборуваме за инвестирање во себе, секој на своето, лична работа.
city, не се надевај дека ќе се промени, нема. Hard-coded ни е.

ме утеши ;)

се шалам.
 
Nie modelirame ........ ?
Nie , nie kako mladi majmuni se raduvame na shareni neshta , na cudni , iracionalni vrednosti .... i kako pokritie za nashata zamaenost koristime termin Vo svetot .... , Na zapad i sl.

Nie sme samo materija vo necivi race .
 
Јас го почитувам спартанскиот начин на размислување во кој несе запоставува ниту едното ниту другото. Внатрешната убавина е таа што те врзува, но надворешната убавина создава материјал за првично врзување. Целта е да „одржуваш и поправаш фасада“, но постојано да ја оплеменуваш внатрешноста на куќата; ако останеш само со маса и столици, ниту на тебе а камоли на другите ќе им биде убав престојот...
 
Не може едно дете само од себе без ничија помош да стане добра личност.
Ја малце поинаку би кажала.
Не може едно дете само од себе без ничија помош да стане лоша личност.

Новородените деца не се баш табула раса (поради ген моментот што ја негира оваа теорија), ама никогаш не се раѓаат како лоши, затоа што иако можеби постои ген тврдоглавост или ген љубопитност (и слични такви што понатаму низ животот ќе претставуваат подлога на која животното искуство ќе си ниже човечки карактеристики за детето), сепак не постои ген зло. Она што може да го направи детето лошо е начинот на кој ќе расте, ќе биде воспитувано, ќе учи, условите во кои ќе живее, третманот што ќе го добива, или со еден збор: околината што ќе го опкружува и искуството што ќе го добие (океј, знам дека се ова 11 збора).

Поентата ми е дека не можеме да очекуваме да бидеме добри луѓе или да создаваме добри поколенија кога живееме во лоши времиња. Општеството ни наметнува вредности од кои ниеден родител сам по себе не може да го лиши своето дете, или ниедно дете само по себе не може да се избави од нивното влијание (на тие вредности).
Се додека живееме во ваков свет, ќе бидеме лоши луѓе, и колку и да е тоа песимистички, не може да биде поинаку.

Ваљда не испаднав оф-топик, ама во секој случај на темава и нема многу што да се каже, зошто јасни се работите и без да се дискутираат: одговорот би бил, се разбира дека е наивно да веруваш дека некој меѓу нас повеќе работи на својата внатрешна убавина и дека повеќе го вреднува истото кај другите. Ние живееме во век на силиконски цицки, профи шминка, зилиондоларска текстилна индустрија и жени (како и мажи) кои секојдневно трошат брдо пари на се` ова. Тоа ваљда нешто ни кажува.
 
На општествено ниво се промовира опседнатост со изгледот, убавината, прекрасно лице без брчки, совршено тело, итн. итн. Сите магазини и програми зборат за начини како да се ослабе, како да се изгледа убаво, а со фотошопот се доби уште поголема димензија.

На индивидуално ниво не може да збориме, секој за себе си гради. Некој повеќе се фокусира на личност, некој повеќе на изглед.

Ама многу ми е жал кога гледам како се инсистира на совршен изглед и колку се форсира надворешната убавина. Ми се плаче понекогаш од тоа до каде е стигнато човештвото и неговата површност.
 
Обично,тие надворешно убавите работат на својата надворешна убавина бидејќи си знаат дека мрсно гзе железни врати отвара.
Ние грдите пак,поради неможноста да се пробиеме(кој поради бубуљиците,кој поради вишокот кила)мораме да се тешиме
дека таму некаде има некој кој ќе не сака поради внатрешната убавина која мама и тато ни рекоа дека ја поседуваме.
Така да,ако можете да избалансирате,do it.Ако не,go for beauty.
 
градам некоја комбинација од двете притоа приоритет му давам на првото а од второто па доста ми е да се совпаѓам со тие околу мене т.е. да не сум ко од зоолошка
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom