Ете место за една сеопсежна дискусија.
Станува збор за религијата "Цецијанство", нејзините белези и карактеристики, влијание и проклетство.
Во кратки црти, од она што можев да го забележам од пророкот Свиден - Цецијанството е крајно пацифистичка религија (доколку тука се иззееме стаклото како ентитет, и се заборават нус појавите кои самото Цецијанство ги предизвикува а од сведоштвата на Цецијанците (во понатамошниот текст ЦЦЦ) се манифестираат како насилно удирање на нечија глава од ѕид, сечење пупачна врска, вени и 2 кубика дрва од нервоза и други видови на наштетување.
Значи, цецијанството не повикува на садизам. Негов предмет на обожување е еден надалеку познат гуру на турбо-фолк музиката, која како
мант(р)
а-та на будизмот го придружува Цецијанството на сите религиски обреди: oплакување мртви, жнеење на нива, јавно истакнување на недепилирани пазуви, релаксација и впрегнување во прангите на неподносливо лесниот живот, создавање на ветер во магла, 5-то октомвриски драмски фестивали, форницирање, евоцирање на спомени од војнички дани во биртија со "намештај" на маса и спремна инфузија до маса, евоцирање на старите неостварени љубави кое пропратено со официјалниот пијалок на Цецијанството -
Амброзија од гроздови сокови- најчесто завршува со главата во веце шолја, качување по маси,а за поекстремните - лустери; и паѓање од истите... и ред други обреди за кои ќе дискутираме понатака.
Збор два за гуруто на Цецијанството - станува збор за една единка од женски род, непремажена, која покрај својот милозвучен глас и целулитот на бутините, се карактеризира со Венерски обликувани гради (
"сифони" заб.авт.). Своевремено и официјално прва тигрица кај нашиот северен сосед, после смртта на својот духовен учител, се посветува на негово тивко оплакување, притоа придобивајќи ги симпатиите на широките маси кои откако дркаа на неа, пораснаа со неа, се омажија со неа, живееја со неа - на крај и плачат на неа.
Неспорно е дека Цецијанството има длабоко социјално влијание, и дека како такво мора да го запознаеме и да процениме дали е за нас.
Сепак, како и секоја религија и оваа си има прашања за нејзината веродостојност: Се зборува дека гуруто Цеца своевремено размислувала за ширење на религијата во далечната вечно неутрална земја Швицарска, под туѓа закрила и во малку поинаква форма. Се доведува под знак прашање , дали оваа религија е вештерска која со помош на Градокошна Магија ги привлекува поданиците со крајно прости, плитки проповеди, кои за разлика од стандард религиите, можат да се слушнат насекаде, и во било кое време од денот. Дали ова религија е всушност дело на Сотоната?
Јас сум само прост прекажувач... Има посоодветни лица кои ја познаваат подобро. Не се "устручавајте" и прашајте ги за неа. Знам дека ќе ви одговорат со задоволство.
Простете и на мојата маленкост доколку нешто погреши. Ве поздравувам со третата песна од првиот албум на Цецааа
Упс! Се открив...