Call of Duty 4: Modern Warfare

  • Креатор на темата Креатор на темата Cyber lord
  • Време на започнување Време на започнување
Не е баш за верба ова.Јас Battlefield bad company 2 ја играв без проблем на medium а овде ми вика дека компјутерот ми е под минималните побарувања.

Да и мене така ми прави за Резидент Ивл 5 :)
 
извинете за офф. http://www.yougamers.com/games/ на оваа страна можете да проверете дали Вашиот на Вашиот компјутер може да се игра некоја игра :smir:
 
дај да изиграме некој ден .. да се собериме на гарена - балкан ром 1
само казето кога и ке поиграме Ч:salut:
 
се нервирам неможам да поминам една мисија,онаа кога му го откинувам рамото на тој со снајпер и после треба да го чекам хеликоптерот и ми доаѓаат 50 души и не можам никако да ги утепам,многу се,некој што ја свртел некој совет да ми каже:)
 
:)

Лесно е бе! Ставаш Claymores сегде (поточно на паркингот и околу него, и блиску до твојата позиција), можеш да искористиш и C4, и после со снајперот само ги кинеш. На која тежина играш?
 
:)

Лесно е бе! Ставаш Claymores сегде (поточно на паркингот и околу него, и блиску до твојата позиција), можеш да искористиш и C4, и после со снајперот само ги кинеш. На која тежина играш?

Да стаив Claymores едно 10 метри од мене кај количките и кај колите али не ми помага многу пошо доаѓаат многу,нема шанси сите да ги искинам со снајпер,ми доаѓаат ,пробав други начини и поминав конечно ,најтешка мисија до сега што сум играл,отидов таму позади нив,кај зградите и си ги кинев од таму,само што се симнуваат од хеликоптер ги кинев отпозади и од kaj зградата ги тепав,после кога ми дојде мојот хеликоптер трчав до кај мојот снајперист ,одвај ја поминав:)

p.s на hardened ,така мислам дека беше.
 
Уфф, епа малце тешко е на hardened :) (слично е со Veteran)
 
Да стаив Claymores едно 10 метри од мене кај количките и кај колите али не ми помага многу пошо доаѓаат многу,нема шанси сите да ги искинам со снајпер,ми доаѓаат ,пробав други начини и поминав конечно ,најтешка мисија до сега што сум играл,отидов таму позади нив,кај зградите и си ги кинев од таму,само што се симнуваат од хеликоптер ги кинев отпозади и од kaj зградата ги тепав,после кога ми дојде мојот хеликоптер трчав до кај мојот снајперист ,одвај ја поминав:)

p.s на hardened ,така мислам дека беше.

Е за ова прв пат слушам.
Иначе лесен начин да се помини е да појдиш десно меѓу количињата и дрвената ограда. Негде кај 6000М ќе тргниш натаму, кога ќе дојдат хеликоптерите. На пат до таму ги местиш C4 (кај тркалото, кај количињата итн.) и таму ќе тепаш што ќе дојди. Кога стигнива спасувачиот хеликоптер одиш кај капетанот (тепаш тоа што има по пат), се кријаш троа и толку.
 
Има некој линк или може да аплоадира iw_01.iwd фајлот?
Само да не е од Skulptura Rip Torrent играта...
 
Приметив може да се развие некоја дискусија за CoD4 во погрешна тема, па да префрлиме тука...
bibil напиша:
А чекај сеа, што му фали на CoD4 или MW2 без (мултиплеер) модови. Јас лично не сакам модови. Кратко кажано, модовите те ограничуваат на ваков или онаков начин. Пример промод. А пак оние модови кои ја менуваат и содржината а не само правилата како Zombie mod, paintball, alien vs predator се слаби и по 30 секунди игра веќе ми е досадно. По некоја минута се исклучувам.
Во неизменити имаш најголема слобода и тоа е добро. (Добро сега, секогаш се најдува некој нуб кој ќе бара да те кикнат/ќе те кинки ако е хост оти си го отепал со greande launcher и сл.)
Значи како што си рече, ти лично не сакаш модови.. Пример промод.. Да погодам, играш само public, TDM? Така? Се приметува... Самото име на модот кажува.. Promod... Значи модот е наменет за компетитивна игра, кланови, клански, турнири и такви работи... За тие такви работи, во играта треба најголем фактор да има искуството на играчот, а не дали тој има Fragx3 или Tube (GLauncher).. Затоа во promod неможеш да најдеш некој чии 80% од убиствата се од 3 бомби што фрла секоја рунда на сите страни, нубци што тепаат преку ѕидови со Heavy Machine Gun од краеви на мапа, луѓе што играат semiautomatic снајпери (веројатно им е тешко да погодат со boltaction)... И да не зборам за уште многу такви ситуации... Најголема слобода ти можеш да имаш со devmap, и со noclip, cheats, високо скокање и уште многу смешни работи.. Тоа значи дека е добро? Исто тука има уште некои интересни работи како фактот дека без Promod, има некое чудно осветлување + многу додатни графички ефекти, што ја намалува видливоста.. Пример, има многу места каде што тебе некој те гледа внатре во некоја просторија, а ти него надвор неможеш да го видиш, бидејќи е премногу светло.. Тотално ништо не се гледа..

Би сакал да се развие квалитетна дискусија, така да без прости коментари „Public TDM е боље“ „Promod e боље“
 
Приметив може да се развие некоја дискусија за CoD4 во погрешна тема, па да префрлиме тука...

Значи како што си рече, ти лично не сакаш модови.. Пример промод.. Да погодам, играш само public, TDM? Така? Се приметува... Самото име на модот кажува.. Promod... Значи модот е наменет за компетитивна игра, кланови, клански, турнири и такви работи... За тие такви работи, во играта треба најголем фактор да има искуството на играчот, а не дали тој има Fragx3 или Tube (GLauncher).. Затоа во promod неможеш да најдеш некој чии 80% од убиствата се од 3 бомби што фрла секоја рунда на сите страни, нубци што тепаат преку ѕидови со Heavy Machine Gun од краеви на мапа, луѓе што играат semiautomatic снајпери (веројатно им е тешко да погодат со boltaction)... И да не зборам за уште многу такви ситуации... Најголема слобода ти можеш да имаш со devmap, и со noclip, cheats, високо скокање и уште многу смешни работи.. Тоа значи дека е добро?
Што дискусија ќе биди кога јас викам слобода во игрите ти ми викаш devmap noclip, мешаш баби и жаби. Ако читаш рецензии на игри и ги разбираш, ако си запознаен малце со дизајн/филозофија на видео игри (јас сметам дека знам малце) ќе знаеш на што мислам. Ама имаш време за тоа. Слобода во видео игрите е широк поим но еве ќе ти дадам поконкретен пример и конкретни игри: кај ФПС игрите разновидноста на оружјата се смета за позитивна страна, можеш на различни начини да ја извршиш целта и ова е една од причините зошто Left 4 Dead 2 е подобра од L4D1.

Епа во COD не сакам промод кој ме ограничува дали ќе користам ГЛ или не, дали ќе користам bolt action или semiautomatic снајпер, дали ќе користам Frag X3 или Bandolier.

Со Промод се ограничуваат и стратешките можности (помалку оружја помал број на разични стратегии). Знам дека на јавно сервери нема ни стратегија ни тактика, но на договерена игра можат тие да се испланираат без проблми и да ги има после во играта. Без промод.

Исто тука има уште некои интересни работи како фактот дека без Promod, има некое чудно осветлување + многу додатни графички ефекти, што ја намалува видливоста.. Пример, има многу места каде што тебе некој те гледа внатре во некоја просторија, а ти него надвор неможеш да го видиш, бидејќи е премногу светло.. Тотално ништо не се гледа..
Е ај да играме на 8 бита. или не оти 356 бои ко може 16. Или пак црно бело.
Иначе за ХДР зборуваш најверојатно. Во CoD хдр ефектот е добро избалансиран (а не како во некои игри од EA) и со него вклучен е пореално. Мене никогаш не ми сметал досега.
 
Што дискусија ќе биди кога јас викам слобода во игрите ти ми викаш devmap noclip, мешаш баби и жаби. Ако читаш рецензии на игри и ги разбираш, ако си запознаен малце со дизајн/филозофија на видео игри (јас сметам дека знам малце) ќе знаеш на што мислам. Ама имаш време за тоа. Слобода во видео игрите е широк поим но еве ќе ти дадам поконкретен пример и конкретни игри: кај ФПС игрите разновидноста на оружјата се смета за позитивна страна, можеш на различни начини да ја извршиш целта и ова е една од причините зошто Left 4 Dead 2 е подобра од L4D1.

Епа во COD не сакам промод кој ме ограничува дали ќе користам ГЛ или не, дали ќе користам bolt action или semiautomatic снајпер, дали ќе користам Frag X3 или Bandolier.

Со Промод се ограничуваат и стратешките можности (помалку оружја помал број на разични стратегии). Знам дека на јавно сервери нема ни стратегија ни тактика, но на договерена игра можат тие да се испланираат без проблми и да ги има после во играта. Без промод.

Е ај да играме на 8 бита. или не оти 356 бои ко може 16. Или пак црно бело.
Иначе за ХДР зборуваш најверојатно. Во CoD хдр ефектот е добро избалансиран (а не како во некои игри од EA) и со него вклучен е пореално. Мене никогаш не ми сметал досега.

Пред да почнам, да напоменам уште еднаш, зборам за компетитивно и озбилно играње... Инаку потврдувам дека Non-Promod е подобар за тепање на време и релаксирање..

Најде ти во оружјата да гледаш слобода.. Разновидоста ти е дали некој ќе игра Assault , SMG или Sniper, или пак Shotgun.. Џабе ти се тебе 10 Assault оружја кога сите имаат ист range, bullet penetration, hip fire accuracy и се балансирани со damage/rate of fire до некаде.. Попросто кажано.. Играш Assault = Или играш AK47, или играш некое друго оружје бидејќи незнаеш да кратиш анимации за побрз reload, или пак бидејќи сакаш да им дадеш предност на противниците со бирање на послабо оружје... Така да, и да се игра некоја кланска или некој турнир, ќе видиш 3 оружја кои се играат од 10 играчи.. Ништо повеќе..

Причината заради банираните оружја е за балансирање на играта... Heavy Machine Guns се банирани заради големата количина на муниција, неограничениот range, големиот bullet penetration, со кој можат да се користат едноставно да застанеш зад некој агол и да пукаш директно во ѕид (да знаеш каде на пример има врата од другата страна на ѕидот), па да си сигурен дека непријателите нема да можат да поминат таму додека ти не снемаш муниција.. (reload).. Skorpion има bug кој му овозможува неограничен range со silencer, (инаку треба да има најмал range во играта, помал и од најслабите пиштоли..), и кога се спои тоа со damage поголем од ak47, и брзо пукање, значи тотално убивање.. P90 е баниран бидејќи има доста добар penetration, со брзо пукање и огромен број на муниција, што асоцира на heavy machine gun, + предностите на SMG оружје... Семиавтоматските снајпери (Dragunov/M21/Beretta) се банирани бидејќи со полуавтоматското пукање не имаат улога на снајпер, туку на G3 со ACOG.. Кај другите два снајпера имаш разлика што r700 има поголем recoil кој е хоризонтален, додека m40 има помал вертикален recoil. r700 прави повеќе damage само во торзо, (инаку сите други делови прават исто damage), а m40 има еден куршум повеќе (големо значење, и причина зошто m40 се игра повеќе од r700)..

Тебе сеуште ти остануваат 14 оружја и 4 пиштоли за ја задоволат потребата за слобода..

За да ме сватиш за осветлувањето, направив screenshots..
Слика
Значи, на нормално, играчот кој е од Defense има голема предност со тоа што може да ги види непријателите без тие да можат да го видат него.. На промод тоа е балансирано... Разликата не ти ни смета, бидејќи не си ни знаел за тоа место (има повеќе, не е само тоа) на кое еден играч добива неферска предност.. Исто може да се примети дека двете слики од десно, дека на нормално играње има некоја „магла“ на мапата, која ја намалува видливоста, и понекогаш и ѓубре (некоја кеса или хартија) лети, што навистина прави голем контраст од позадината која е бледа (заради таа магла), и кај некого може да создаде илузија на некој непријател... Ми се случувало неколку пати да се заврам веднаш кога видам некоја хартија да лета покрај мене, а понекогаш и да пукнам.. Отстранети се такви непотребни „ефекти“ исто и заради подобрување на fps... Не се препознава на скриншот дека fps ми е ограничен на 125. (гледај горе десно, каде што играта покажува, а не лево каде што покажува XFire)..

И, лош е промод затоа што нема мрдање на нишанот на снајпер заради намалување на рандом фактор во играта, така да искуството е најголем фактор?? Лош е затоа што сите играчи имаат исти перкови, за да зголеми балансирањето и еднаквоста на играта?? Лош е затоа што нема stun бомби кои тотално те убиваат???(биди и најдобар играч на светот, ако некој знае каде си, и ти фрли stun, мртов си..) И.. На кој начин прави разлика во стратегија и тактика дали јас ќе играм 47 или m4? Дали 74u или MiniUzi? Оружјата кои се банирани, се банирани заради добра причина.. Никој не сака да изиграва паметен затоа што така му текнало..
 
Читам ова за ПроМод, и гледам снајперите биле банирани, полуавтоматските. Зашто? Зарем не постојат полуавтоматски снајпери? Јес да лично преферирам болт екшн, сепак не гледам причина зашто да бидат банирани...
 
Играм и обичен и промод. Промод ми е подобро за S&D кога играм со добри и искусни играчи. Како што кажа Адиктус промод е подобро бидејки нема магла, ѓубре и сл. а и има многу такви места каде што тоа смета. Значи играта е исчистена од непотребни/нубски работи.
Убаво е тоа што се исклучени некои перкови како jugger, marty, last stand, grenade launcher и слично.. така е пофер и по “ професионално “, свакате на што мислам..

А и без модови е добро, за сите други видови на игра. А има некои сервери на кои користењето на перковите што ги кажав погоре е забрането и има auto-kick.

Заклучок:
Промод - за турнири, Clan War , Search and Destroy.
Обична игра без модови - за све остало.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom