Бурек

  • Креатор на темата Креатор на темата n00b
  • Време на започнување Време на започнување

Дали јадете бурек


  • Вкупно гласачи
    558
Не знам дали некој спомнал во претходните постови, најубав бурек до сеа што сум јадел е во Буцко. Се наоѓа во Маџари после киното на самата автобуска станица. Работи од 11 навечер до сабајле до 2-3 одприлика и после од 5 или 6 пак отвараат и работат до попладне негде. Многу убав бурек прават, не е како што е во 90% од бурекџилниците со 1000 кори, дебел, мрсен. Мене омилен ми е со кулен, а ако нема таков си купувам пица бурек. :)
 
Кога и каде за првпат се појавил бурекот?
Еве еден интересен текст од Вест на оваа тема. Секако, овде може да споделувате информации и за најдобриот бурек/бурекџилница во вашиот град, како и рецепти за разни видови бурек;)


A7E43CB3244FD644ABC803F4420508D6.jpg




Пишува Данило Коцевски - Бурекот е султанско јадење. Според историските податоци, најпрвин султанот се гоштавал со овој специјалитет на неговата трпеза. Така како што му доликува на еден султан. Тоа се случило во 15 век, а оттогаш наваму бурекот доживеал најразлични модификации, за да се појави во формата каква што ја познаваме денес. Истражувачите на оваа проблематика велат дека на почетокот од 16 век, во 1502 год. постоел и законски пропис за тоа како да се подготвува, според кој рецепт. Во тој период, за подготвување на бурекот не смеело да се користи друго месо освен овчо. Подоцна прописите омекнале, и бурекот можел да се подготвува и со пилешко или со други додатоци. Потоа бурекот започнал да се продава и низ бурекчилниците во Истанбул. Но она што е битно за овој ран период од историјата на бурекот, е податокот дека под тоа име Турците подразбирале различни нешта, сметајќи го тука и бурекот со сладок вкус, потоа оној со спанаќ, со сирење, со тиквички. Буреците имале форма на квадрат, и не биле тркалезни како денес.
Податоците велат дека во 18 век, за трпезата на османлиските великодостојници бурекот се правел во огромни тепсии, со тенки кори и печен на посебен оган. Велат дека таа традиција е задржана до денес. Тие огромни тепсии ги потврдувале моќта и изобилството на богатите, велат истражувачите. Тие го наведуваат мислењето на еден историчар од крајот на 18 век, кој вели: "Бурекот, јадењето со тесто е она што овој народ најмногу го сака. Го има со зеленчук, со месо, со овошје или со мармалад. Ова јадење, по својот исклучителен вкус и убавина, може да се спореди со лиснатото тесто во Европа. Повеќето арапски готвачи се мајстори за ова јадење". Постепено, бурекот ги менувал обликот и состојките, за да се приближи на денешните современи изглед и вкус. Тој се спомнува во речиси сите балкански земји уште од 15 век, под исто или слично име, но во различни форми и со различни содржини. И Евреите, кога по 1492 год. се населиле на Балканот, го консумирале ова јадење како бурекас или буреки ди карни. Ниту еден од истражувачите не може со сигурност да посочи што, всушност, значи името бурек. Сите претпоставуваат дека тој може да има турски или персиски корен, но кое е неговото значење?
Истражувајќи ја историјата на Скопје во османлискиот период, сосема случајно наидов на еден текст кој директно посочува на значењето на името бурек. Иако таму овој поим се поврзува со една сосема друга, а не гастрономска област. Сепак, не е исклучено бурекот како специјалитет да потекнува токму од тоа значење. Имено, во тој текст се наведува дека бурек значи чалма. Како што чалмата е составена од повеќе свиткани пластови платно така и бурекот е составен од повеќе пластови кори. Асоцијативно, возможно е името на специјалитетот да потекнува оттаму. Посебно што зборот бур значи свиткува, превиткува, што асоцира и на виткањето кори.
Во Скопје, правењето бурек има голема традиција. Иако треба да се има предвид дека изгледот и состојките на бурекот, онака како што денес го знаеме, се од релативно понов период. Најпрвин, фурнаџиите и симитчиите го продавале бурекот, за да се отворат потоа посебни бурекчилници. Бурекот сега е со тенки кори, полнети со месо, спанаќ, со сирење, пица-бурек, подготвени во помали тепсии. Отсекогаш постоело мислењето дека бурекот е јадење за богатите и оти специјалитетот не може да си го дозволи секој. Некогаш тепсија бурек значеше вистинско богатство, а посебно доживување, во предземјотресното Скопје беа трошките од бурек, завиткани во фишек. Каква гозба, какво насладување! Чаршијата е татковина на бурекот, но го имаше и во маалата. Денес на посебен глас се бурекчилниците и квалитетниот бурек во Чаир, кај Чешма во Кисела Вода, потоа околу пазариштата, но и во центарот на градот. Главна шема на младите скопјани некогаш беше во утринските часови да се оди на бурек.
Многу млади луѓе денес својата шанса за заработка и за вработување ја гледаат во подготовката и продажбата на бурекот. Многумина од нив се вистински мајстори во нивната струка, наследувајќи ја старата традиција. Еден од карактеристичните скопски примери се братот и сестрата бурекчии Игор Маневски - Мане и Наде Маневска. Бизнисот добро им оди, а Игор има и своја филозофија за бурекот. "Бурекот стана универзално јадење, без оглед на тоа од каде потекнува. Исто како и мусаката, сите на Балканот ја подготвуваат", вели тој. "А ако сакате вистински да уживате, бурекот е најдобро да се јаде десет минути откако ќе биде изваден од печката".
И еден куриозитет за крај. Во некои земји, бурекот научно се истражува на факултетите. Така, можете да се здобиете и со научна, докторска титула. Затоа, кога следниот пат ноншалантно ќе порачате четврт, со јогурт, имајте го и ова предвид.
 
Каде и да се појавил за првпат не ми е многу битно, важно си го јадам и ми е многу вкусен. Посебно домашен еве нешто:



ДОМАШЕН БУРЕК СО СИРЕЊЕ

Потребни состојки:
1 кг. брашно
1 лажица сол
1 лажичка шеќер
500 мл. топла вода
240 гр. маргарин
250 гр. ситно сирење

Припрема:
Стопете го маргаринот, па замесете тесто со брашното, солта, шеќерот и водата, а по потреба додајте уште брашнп. Тестото поделете го на пет дела, па од нив расукајте кори со големина колку садот во кој е маргаринот.
Откако маргаринот ќе се излади, додадете ги топчињата тесто во садот со маргарин и оставете ги да отстојат 30 минути. Потоа од првото тесто развлечете кора, па на средина од кората ставете сирење. Преклопете ја кората од сите четири страни за да добиете плик, па тргнете го на страна.
Извадете го второто тесто, па развлечете кора и врз него ставете го првото тесто па сирењето, па повторно направете плик. Постапката повторете ја со сите теста, ставајќи постојано едно тесто во друго.
Откако ќе свиткате плик петтото тесто, ставете го во намачкана тава во претходно загреана рерна и печете околу 40 минути на температура од 250 степени, и тоа на средина на рерната.
Кога бурекот ќе добие златно румена боја, извадете го од рерна и преклопете го со друго тавче за да го превртите. Послужете заедно со јогурт или кисело млеко. Добар апетит!
 
Потеклото на зборот бурек е веројатно персиско, така барем викаат Турците.​
Сепак мислам дека може да се стави во истата група од источно средоземноморската кујна во која спаѓаат многу други јадења во слоеви со најразличен полнеж како што се баклавата или мусаката.​
Како и да е, бурекот е ремек дело и вајарско е дело природе. :)
 
Некогаш тепсија бурек значеше вистинско богатство, а посебно доживување, во предземјотресното Скопје беа трошките од бурек, завиткани во фишек. Каква гозба, какво насладување!

Има ли некој информација колку чинел бурекот тогаш? Ептен изглеа бил скап чим трошки се продавале o_O
 
Моја страст, моја љубов е бурек.
Со месо, со праз, со сирење, со печурки/кромид, кромпируша варијанта, домашен тегнет со тиква...

Затишје пред бурек!

*се поклонувам*
 
Најубав бурек во Скопје сум јадел во бурекџилница Босна мислам се викаше.Незнам дали под Чаир се води тоа,или под Топанско.Али одличен бурек прават,албанци се.Освен со мевце,јадам и пица бурек,со домашен материјал,а готови кори.
 
Ништо нема како бурек, тоа е права ствар. Бурек со сирење само јадам, еднаш јадев со месо и реков никад после тоа, ме скина стомак едно 3-4 дена. Инаку дома прават домашен некој ама ептен ми прави ќејф, секоја нова тура е се посовршена.:)

Го овожавам бурекот од кај Коки, порано како дете го паметам бурекот на Цујо ама нешто во последните години не е тоа што беше. Елена пекарата во Охрид (не знам дали уште постои) имаше добар бурек, а го паметам и бурекот кај старата автобуска станица исто во Охрид иако бев мало дете.
 
Најубав бурек во Скопје сум јадел во бурекџилница Босна мислам се викаше.Незнам дали под Чаир се води тоа,или под Топанско.Али одличен бурек прават,албанци се.Освен со мевце,јадам и пица бурек,со домашен материјал,а готови кори.

Na vtora makedonska brigada ti e toa. Naseleno mesto topnasko pole, opstina cair.
Da gazdite se albanci a prodavaat bosanski burek ... :)
Sum jadel so meso tamu, voopsto ne me bendisa.

Top burek imate vo trgovskiot Prince vo topansko, na 200 metri od ovoj Bosna burekov, so meso e 35 den a so sirenje e 30. Baska ima i bosanski burek tamu. Za cenata e top.
Koj ne probal obavezno da odi, vnatre vo marketot ima burek.
 
Jas ne znam sto e rabotava be, burekov go napraile cena ko da e hamburger, 50 denari a slusam negde bilo i 65!!! ko da jades ne znam sto a toa e obicna kora so urda ili nekoj siten mastraf.Preceneto jadenje.
 
Jas ne znam sto e rabotava be, burekov go napraile cena ko da e hamburger, 50 denari a slusam negde bilo i 65!!! ko da jades ne znam sto a toa e obicna kora so urda ili nekoj siten mastraf.Preceneto jadenje.
Kaј има хамбургер за 50 денари?
 
za 60 ima, e pa za 10 denari razlika udri matematika sto ti e poisplatlivo:))
Претпоставувам цената за бурекот е од некоја бурекџилница во центар, а треба да ја споредиш и цената на хамбургерот од центар, а не да пишеш цена за бурек у центар во споредба со цена на хамбургер во чаир.
Еве на пример во ново лисиче/аеродром цената на 1/4 бурек со сирење е 40-45 денари, пица бурекот 45-55 денари. Цената на хамбургер не е под 70-80 денари.
 
Jas ne znam sto e rabotava be, burekov go napraile cena ko da e hamburger, 50 denari a slusam negde bilo i 65!!! ko da jades ne znam sto a toa e obicna kora so urda ili nekoj siten mastraf.Preceneto jadenje.

Побитно прашање е дали подобро се најадуваш од бурек или од хамбургер :icon_lol:
А за цената...па не можат само Вегера да се таленти и од сите бурекџилници во скапиот ни Охрид со распон 40-50 и многу подобар вкус, Вегера да е 59 со сирење, со месо над 60...Барем така беше во лето, секако ги бојкотирам и од (не)вкус и од цени :гомце:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom