Бурек

  • Креатор на темата Креатор на темата n00b
  • Време на започнување Време на започнување

Дали јадете бурек


  • Вкупно гласачи
    558
mnogu jadam burek ovaa ucebna godina skoro sekoj den jadev burek...a za mene naj ubav burek ima vo Cujo vo gjorce
 
јадам нон стоп бурек ама најубав е кај пипи.иг во волково
 
јадам бурек и нз јадам низ цел град
 
mnogu jadam burek ovaa ucebna godina skoro sekoj den jadev burek...a za mene naj ubav burek ima vo Cujo vo gjorce

Цујо е ок али Блажевски е боље. Барем за Ѓорче. Иначе најдобриот бурек сум го јадел во Лептокарија (оваа нашава) во тоа зградите што не се на главна. Има една бурекџилница која прави многуууу добри мрсни буреци.
 
еден од подобрите буреци според мене во скопје се праат кај млечен ресторан во бурекџилница ,,Милениум,, таму треба десет минути да чекаш за да купиш има ред и надвор од продавницата иначе бурек е закон јадење секоаш коа не ми текиња шо да јадам си купуам бурече може со сирење,месо и пица бурек ама со спанаќ исто ко пита да јадеш не е убаво !

БУРЕКОТ ЈЕ РЕМЕК ДЕЛО И ВАЈАРСКО ДЕЛО ПРИРОДЕ ! ! !

 
еден од подобрите буреци според мене во скопје се праат кај млечен ресторан во бурекџилница ,,Милениум,, таму треба десет минути да чекаш за да купиш има ред и надвор од продавницата иначе бурек е закон јадење секоаш коа не ми текиња шо да јадам си купуам бурече може со сирење,месо и пица бурек ама со спанаќ исто ко пита да јадеш не е убаво !

БУРЕКОТ ЈЕ РЕМЕК ДЕЛО И ВАЈАРСКО ДЕЛО ПРИРОДЕ ! ! !



се фино ама кажи кај се наоѓа бурекџилница “Милениум“
 
Најбољи бурекџилница за мене е Ваташа.Мислам дека праат изванреден бурек.
 
1/4 со што било да е + јогурт4е,тоф тоф:vozbud:
 
јадам, но во последно време ретко. најмногу сакам со сирење, или со месо.
 
Бурекџилница Кичево, е тоа е прав бурек.
 
Тука ми е Специјал, али попрво би одел до Блаежевски во Ѓорче. Четвртинче со месо и пола литар јогурт, како би легнале сега.. :)
 
Убавината на бурекот е што тој се јаде додека е топол, наутро, зашто тогаш организмот е одморен и може да поднесе мрсно. Бурекот е многу калоричен и може да те држи до ручек. Вистинскиот вкус може да се осети кога се јаде во хартија. Еден стар мајстор велеше: ако брада не намрсиш, не е бурек. Јогуртот пак помага да се впие маснотијата, го освежува организмот и му помага на желудникот подобро да ја свари храната. Бурекот сепак е пресно тесто.

Се верува дека рецептот за подготвување бурек потекнува од старите кичевски пекари и до денес не е изменет.
Најубавиот бурек сум го јадела во Кичево!!:music3:

- Бурекот се меси од специјално брашно тип 500 сс. Од кило брашно се прават два бурека. За една пита се потребни 120 грама маст и зејтин и по 200 грама фил. Се меси со пола кило вода и сол. За еден бурек се одделуваат четири јуфки.

Кората треба најмалку три пати да се "фрли" и да се отвори, што е и најтешкиот дел. Но токму во растегнувањето е мајсторството. Во филот со сирење се става и урда, за подобро да се намачка смесата, а се става и едно јајце. Бурек со месо се подготвува со мелен кромид и телешко месо, кои се пржат и им се додава сол и црн пипер. Спанаќот, пак, се става свеж и се меша со сирење, урда и јајце. Пица-бурек се прави со сечкани шунка и печурки, кечап, оригано и кашкавал. Бурекот се затвора со четвртата кора, што е посебно важно, зашто ако не е добро спакуван филот може да излезе. И од праз и зелка се прави вкусен бурек.

Бурекчискиот занает е еден од најтешките зашто со часови се стои на нозе, а просторот во кој мајсторот се движи се два квадратни метра.
И ја најубавиот бурек го иам јадено во кичево кај мајстор Диме :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom