Интересно коло.
Баерн извади победа чисто со цврста воља да победи Херта на гости без опасност. Иронично што Мартинез даде гол кои некако е надвор од фокус кај фановите. Подценет играч поред мене.
Дортмунд спаси глава тепа со Леверкузен. Типичен Бош и Леверкуезен денес видовме. Бош како лани со Дортмунд јак и атрактивен напаѓачки фудбал ама на крај со нула боди оди дома. И тоа е типично Леверкузен ко ќе треба губиш. До менталитетот да е.
Шалке на дно. До сега барем мирно беше ама пукна бомба. Спортскиот менаџер Хајдел даде оставка односно најави најкасно до лето дека ќе си оди. Истовремено потоп против Мајнц. Среќа има годинава поочајни клубови. Тедеско прашање на време е кога ќе го шитнат. Се враќа стариот Шалке со драми и хаос.
Гладбах изгуби пред мечот со Баерн слаба форма моментално и од шампион во сенка дојдоа да се борат за ЛШ. Имаат квалитет но шампиони не годинава. Од друга страна невероватно неусетливо Волфсбург со Лабадија играат солидна година. Одат за Европа.
Се радувам за Диселдорф и Фрајбург. Две симпатични клубови. Диселдорф по драмата околу Функел (не му продолжија договор па драматично ја заврши кариерата за од клубот под притисок на фановите да му дадат договор ако ја држи лигата) изгледа ќе ја држат лигата. Браво. Исто така Фрајбург со петарда Штрајх врв од тренер весел и радосен со изјава дека не се сеќава кога Фрајбург победил толку високо. И тие ќе ги гледаме следната година во прва.