Многу лошо е воден Дортмунд у последниве години. Освен Витсел и до негде Пако, еден трансфер немаат погодено. Од управа се понашаат ко клубот да нема пари да им ги испере дресовите на играчите. Кои им се овие трасфери жити се, Филип, Волф, Делеини и слични играчи што не би играле ни у 6, 7 тим у Бундес. Со години имаат мизерна одбрана и никако да земат некој стабилен штопер. Можда не можат да се носат со Баерн во финансиска смисла, ама сигурно можат да издвојат пари за веќе оформени играчи, кои ќе го подигнат нивото на клубот. Ептен потфлија последниве години и наместо клубот да оди само нагоре и да напредува, клубот константно се уназадува. Што им е целта на трансфер политиката ја не можам да разберам. Ако им е целта само да заработиваат пари од продадени играчи, тогаш треба да се запрашаат тие у управа дали се за водење на клуб како Дортмунд, вториот најтрофеен клуб у Германија. Уште пострашно е ако навивачите се задоволни и ја прифаќаат ваквата политика на клубот, а најверојатно е така пошто се дел од управата. Дортмунд е у топ 15 клубови у Европа по заработка, а вложуваат у тимот како да се Шахтјор.
Имаа среќа сезонава што Баерн е паднат доста, па затоа и е само бод разликата меѓу нив. Тука се и зошто сезонава Бундес е можда и најслаба од кога памтам.
Мора да почнат да вложуваат во готови играчи зошто го можат тоа, иначе се повеќе и се побрзо заостануваат од европскиот врв.