Bundesliga

  • Креатор на темата Креатор на темата aleksandar09
  • Време на започнување Време на започнување
Дортмунд во криза и ете ги со само 3 бода од Баерн
 
Изгледа не сакаат да освојат што да им се прајт.
 
Изгледа не сакаат да освојат што да им се прајт.

Зошто да не сакаат да освојат?..едноставно тој му е квалитетот,и што стигнаа да се први до 22-ро коло е многу за нив со овај состав што го имаат...и плус сеуште имаат три бода предност..плус и да не освојат не е страмота..сепак Баерн Минхен има дупло поголем буџет и поквалитетен тим.
 
Интересно коло.

Баерн извади победа чисто со цврста воља да победи Херта на гости без опасност. Иронично што Мартинез даде гол кои некако е надвор од фокус кај фановите. Подценет играч поред мене.

Дортмунд спаси глава тепа со Леверкузен. Типичен Бош и Леверкуезен денес видовме. Бош како лани со Дортмунд јак и атрактивен напаѓачки фудбал ама на крај со нула боди оди дома. И тоа е типично Леверкузен ко ќе треба губиш. До менталитетот да е.

Шалке на дно. До сега барем мирно беше ама пукна бомба. Спортскиот менаџер Хајдел даде оставка односно најави најкасно до лето дека ќе си оди. Истовремено потоп против Мајнц. Среќа има годинава поочајни клубови. Тедеско прашање на време е кога ќе го шитнат. Се враќа стариот Шалке со драми и хаос.

Гладбах изгуби пред мечот со Баерн слаба форма моментално и од шампион во сенка дојдоа да се борат за ЛШ. Имаат квалитет но шампиони не годинава. Од друга страна невероватно неусетливо Волфсбург со Лабадија играат солидна година. Одат за Европа.

Се радувам за Диселдорф и Фрајбург. Две симпатични клубови. Диселдорф по драмата околу Функел (не му продолжија договор па драматично ја заврши кариерата за од клубот под притисок на фановите да му дадат договор ако ја држи лигата) изгледа ќе ја држат лигата. Браво. Исто така Фрајбург со петарда Штрајх врв од тренер весел и радосен со изјава дека не се сеќава кога Фрајбург победил толку високо. И тие ќе ги гледаме следната година во прва.
 
Дортмунд пропадна како жетон, сепак нема изненадување, титулата ќе остане во Минхен :)
 
Вистина е онаа изјава на Вагнер дека Баерн ќе биде и мора да е прв, дека Борусија не биле нишо посебно бла бла бла или сум налетал на опасен фејк њуз?

Па и во право бил :misticen:

 
Се чека од наредна сезона пад на Хофенхајм пластичните. Кога ќе си оди Нагелсман.
 
Тука сум бе за тебе не ќе дремам овде имам и друга работа.
 
Малце оф топик... Она кога разбереш дека 20 години си бил во заблуда... :) Кога излезе песнава не знаев два збора германски и со години си мислев дека е навивачка песна на Баерн. Дури му ја пратив на еден фан на Реал кога испаднаа од нив еднаш во ЛШ за да го зафркавам...

Од скоро учам германски па почнав да слушам германска музика па се потсетив на песната. И кога го прочитав текстот има што да видам - песната да ти била хејтерска и да била анти Баерн. :pos::pos:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom