Bundesliga 2012/2013

Кој ќе биде Германски шампион 2012/13?

  • Борусија Дортмунд

    Гласови: 44 40,7%
  • Баерн Минхен

    Гласови: 52 48,1%
  • Шалке 04

    Гласови: 5 4,6%
  • Борусија Менхенгладбах

    Гласови: 2 1,9%
  • Баер Леверкузен

    Гласови: 1 0,9%
  • Друг тим (наведи кој)

    Гласови: 4 3,7%

  • Вкупно гласачи
    108
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.416
Поени од реакции
26.414
Шалке му нуди нов договор на Хунтелар


Раководството на Шалке 04 сака по секоја цена да го задржи во составот Клас Јан Хунтелар. Тие планираат да му предложат нов договор со подобри финансиски услови.

Холанѓанецот, кој постигна 48 гола во минатата сезона за тимот од Гелзенкирхен и стана најдобар стрелец на Бундеслигата, вели дека не е сигурно дали ќе остане на "Велтинс Арена".

Шефовите на Шалке се подготвени да му понудат нов тригодишен договор, според кој 28-годишниот Хунтелар ќе добива по 8 милиони евра по сезона

Овој договор на напаѓачот истекува по една сезона и неколку европски клубови се подготвени да го привлечат холандксиот репрезентативец.

http://www.mtv.com.mk/mk/sport/fudbal/54514/shalke_mu_nudi_nov_dogovor_na_huntelar.aspx
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.416
Поени од реакции
26.414
„Летаа“ тупаници на тренингот на Хамбургер


Двајцата фудбалери на Хамбург Слободан Рајковиќ и Хеунг Мин-Сон се степале на денешниот утрински тренинг, а ни крив ни должен најдебелиот крај го извлекол Толгај Арслан. Србинот и Кореецот најпрво вербално се расправале, а потоа почнале да „летаат“ и тупаници. Рајковиќ во обид да го удри Мин-Сон го удрил Арслан, кој се обидувал да ги раздвои двајцата. Младиот германски репрезентативец завршил на тревата со напукната аркада. Тренерот на екипата Торстен Финк веднаш го избркал Рајковиќ од тренингот, а Мин-Сон и Арслан биле одвезени во амбулантата. Српскиот интернационалец го очекува висока казна и веќе е суспендиран на неодредено време, а од утре ќе тренира со младинската екипа. Кореецот ќе биде казнет само парично.

http://sport.mnogoo.mk/mk/articles/Fudbal/letaa-tupanici-na-treningot-na-hamburger
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
^Баш си помислив се отарасија од Гереро нема да имаат вакви испади и одма тепачка. Од Хамбургер изјавија дека нема шанси да го вратат Ван дер Варт, а и Гокан Торе изјави дека сака да си оди од клубот. Не се сјајни работите кај нив.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Гројтер мислам дека први ќе се врнат у Цвајта. После нив типувам на Аусбург , и ко трет тим мислам дека ќе биде Хофе.

Не знам зашо Шалке го ставате за фаворит во борбата за титула , секоја сезона ја усерат работата. Оваа мислам дека Леверкузен ќе удрат силно. HSV очекувам ко ланската сезона , да лебде над зоната за релегација.

Баерн оваа сезона дефинитивно тесен фаворит , гарант ТОП 3 финиш.
А изненадување на сезоната мислам дека ќе биде Дизелдорф, симпатична екипа , играт ко луди на домашен терен , слична публика ко Борусија имат.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.416
Поени од реакции
26.414
Гројтер мислам дека први ќе се врнат у Цвајта. После нив типувам на Аусбург , и ко трет тим мислам дека ќе биде Хофе.
хаха Хофенхајм сигурно нема да испадне, дури имаат шанси да завршат на првите 7 позиции ти ги испрати во 2-ра лига :icon_lol:
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
хаха Хофенхајм сигурно нема да испадне, дури имаат шанси да завршат на првите 7 позиции ти ги испрати во 2-ра лига :icon_lol:
Шо знам , мене така некако ми штима дека ќе биде :)
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
Според Билд деновиве Гладбах е многу блиску до ангажирање на Де Јонг од Твенте. 12.5 милиони плус 2 милиони бонус ако се пласираат пак во ЛШ наредната сезона.
http://www.bild.de/sport/fussball/luuk-de-jong/jetzt-ist-alles-klar-mit-de-jong-25171752.bild.html

исто така има шпекулации дека се блиску до ангажирање на Рафаел од Херта а се заинтересирани и за Холиет кој може да дојде безпари. Како и да е одличен тим ќе имаат Гладбах наредната сезона
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.652
Поени од реакции
22.395
Ах пусти Гладбах баш ме радува дека овој клуб со традиција, кој во 70тите му парираше на Баерн доживеа камбек. Реално со овие засилувајне Гладбах стана фактор во Германија и баш ми е драго. Нека продолжат само така и сум оптимист и да влезат во ЛШ.
 
M

MrzaRules

Гостин
Шалке му нуди нов договор на Хунтелар


Раководството на Шалке 04 сака по секоја цена да го задржи во составот Клас Јан Хунтелар. Тие планираат да му предложат нов договор со подобри финансиски услови.

Холанѓанецот, кој постигна 48 гола во минатата сезона за тимот од Гелзенкирхен и стана најдобар стрелец на Бундеслигата, вели дека не е сигурно дали ќе остане на "Велтинс Арена".

Шефовите на Шалке се подготвени да му понудат нов тригодишен договор, според кој 28-годишниот Хунтелар ќе добива по 8 милиони евра по сезона

Овој договор на напаѓачот истекува по една сезона и неколку европски клубови се подготвени да го привлечат холандксиот репрезентативец.

http://www.mtv.com.mk/mk/sport/fudbal/54514/shalke_mu_nudi_nov_dogovor_na_huntelar.aspx
А на спортско радио на страната објавија дека Хунтелар чека понуда за нов договор....еве го текстот

Напаѓачот на фудбалскиот состав Шалке 04, Клас Јан Хунтелар, се надева дека во наредните неколку недели ќе добие понуда за нов договор со елитниот состав од Германија.

Холанѓанецот одигра одлична сезона за екипата од Бундеслигата и успеа да постигне дури 29 голови. Според последните информации во тамошните медиуми, шефовите на "кралскосините" ќе му понудат нова соработка за наредните три години и солидна плата во износ од 8 милиони евра на сезона.

"Подготвен сум да ги започнам преговорите со Шалке за нов договор. Очекувам тоа да се случи во наредните недели или месеци.Се надевам дека ќе разговараме околу за продолжување на соработката.Сакам да играм значајна улога во наредните успеси на овој клуб. Подготвен сум да презема повеќе одговорност на теренот ", изјави Хунтелар.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.652
Поени од реакции
22.395
Хунтелар има клаузула да си оди за 20м Евра и чека понуди тоа е јасно како ден. Можно е да го продолжи договорот но и тој си тактизира.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom