За жал продолжува умирајнето на клубови со традиција а истовремено успехот на пластичните клубови. Хофенхајм успеа да остане во прва лига и очекувам во идните години, нормално и поради парите на Хоп да се етаблира во Бундслигата. РБ Лајпциг кој е купен од Ред Бул конечно успеа да влезе во трета Бундеслига и со силни вложувајна во следните години ќе стаса и до прва лига (моја прогноза). За жал Дизбург, кој на спортски план успеа да се врати во втора лига нема да добие лиценца и највероватно ќе биде вратен во петта лига. Првиот Германски шампион VfB Leipzig во 2004та се растури. Магдебург (3 пати шампион во ДДР и 7 пати победник на купот) стагнира во четврта лига. Рот Вајс Ессен кој вкупно има 16 години играно во Бундеслига стагнира во четврта лига. Алеманиа Ахен кој 2005та играше во Европа и е меѓу најважните тимови во втората лига низ историјата е пред стечај и треба да се врати во четврта лига. Кикерс Офенбах поради формални грешки во доставата на документите за добивајне лиценца највероватно ќе му бидат одземени 9 бода и нема да се врати во втора лига. Поради финансиските последици од ова клубот има сериозни финансиски проблеми.
Жалосно е ова што се дешава со клубовите со традиција во Германија кој сеуште имаат солидна фан база и потенцијал но се на работ на егзистенција. За разлика од нив вештачки издигнати клубови како Хофенхајм или РБ Лајпциг профитираат од поединци/компании кој со огромен влог на пари ги донеле или се пред носејне на тие клубови во Бундеслигата. Ако не се преземат мерки во иднина ќе гледаме се повеќе вакви тимови во Бундеслигата.