Гледам се начнаа повеќе теми еве ќе ви дадам некои работи што ја прави колата брза а што не
1) Што ја прави колата брза
- Што повеќе литри имате под хауба толку подобро
- Што повеќе турбо полначи било да е turbo или supercharger (турбото работи на
издувни гасови, super на радилица) толку повеќе литри воздух повеќе имате во моторот. Турбо полначите најчесто полнат од 1,5 до 2 бара. За илустрација ако имате мотор од 5000 кубика и ставите еден турбо полнач од 2 бара имате 10000 кубика, но ако ставите 2 турбо поланчи ќе имате 20000 ccm3! мотор.
- ТЕЖИНАТА е особено значаен фактор. Компанијата Лотус е позната по тоа да прави нисколитражни коли со мала маса. Земете го за пример Ариел. Компанија од 7 души кои креира ултра лесна шасија и екстремно брз би рекол болид од 400кг.
Тежината покрај брзината и забрзувањето особено значаен дел има и при влегувањето на кривините. Помалку маса, помалку инерција, поголема излезна брзина од кривина.
- Пренос на сила: Имате два типа на менувачи. Брзи и бавни. Што се подразбира под брз менувач? Брз менувач е менувач со големи односи кај брзините со што се постигнува брзо забрзување НО мала крајна брзина. Бавен менувач, слабо забрзување но голема максимална брзина.
Пример: Застава ставаше брз менувач до 1983 година во 101 моделите. Потоа тој менувач беше заменет со бавен, а со тоа се подигна максималната брзина од 135км/ч на 140км/ч на 101 и 145км/ч на 128 (за моделите 1100) поради подобрата аеродинамика на 128 (притоа не мислам само на предницата, добар дел од аеродинамиката ја предизвикува задниот дел од било кое возило).
- Аеродинамика: Можете да имате ѕвер автомобил, но перформансите ќе страдаат ако аеродинамиката ви е катастрофална (Dodge Charger R/T 1969) или ТУЛА. Аеродинамиката покрај тоа што ви треба за забрзување, максимална брзина, ви треба и во кривини. Типичен пример за тоа ви е Формула 1. Секој болид е во состојба да вози на таван во тунел поради големиот т.н. downforce што притиска врз целиот болид. Затоа нашите „тјунери“ ставаат шабанерски спојлер позади демек колата на 220 (која е 1.4 мотор и не оди повеќе од 150км/ч) „спие“ на патот.
Останати работи се : Издувен систем, усисен систем, лесни алуминиумски бандаши, олесенети елементи на каросерија (фиберглас, карбонфибер, плексиглас) и редовна диета на возачот
2) Работи кои не ја прават колата побрза
- Конструкција на мотор (изведба). Без разлика дали моторот е L8,V8,H8,W8 или Wankel мотор, нема ама апсолутно никаква врска со перформансите на возилото.
Битно можеби до некој степен се бројот на вентили, начин на нивно движење итн. Пример американците НИКАКО да се откажат од веќе 100+ годишен дизајн на OHV моторите. Најновите мотори сеуште ја користат оваа технологија која кај европските и јапонските модели е надмината на крајот од 60-тите години со излегувањето на Fiat 128, VW Passat, Golf, итн. Колку за пример Фиќо, Буба, Porsche (старите) „Фијатка“, „Пезетка“ (Не Special која има DOHC), Лада (постарите модели не новите) и ред други постари автомобили работат на т.н OHV конфигурација.
- Ставањето на екстра јаки појачала и вуфери во колата не ви ја прават колата побрза, ниту по cool.
- Ставањето на лепенки по колата не ви ја прави побрза
- Ставањето на „спортски“ заден лонец (а притоа без да се прават зафати на останатиот дел од издувниот систем од типот промер на цевки, полирање грани...) не ви ја прави колата побрза (или барем не за многу).