Ако се зборува за геноцид, треба да има многу жртви. Колку Евреи точно убиле "Бугарите"? 5, 10?
Само од Македонија
Ликвидирањето на Евреите од Македонија било резултат на договор меѓу нацистичка Германија и Царството Бугарија. Од името на двете држави на 2 февруари 1943 година договорот го потпишале
Адолф Бекерле, (германски полномошен министер во Бугарија) и
Петар Габровски,бугарски министер за внатрешни работи.
Конкретните планови за депортацијата се документирани во извештај од 12 ноември 1942 година на Министерството за надворешни работи од Германија до Германската легација во Софија во кој се вели дека „Бугарската влада со особено задоволство известува дека конечно ќе се реши еврејското прашање.
На Комесарството за еврејски прашања бугарската влада му дава налог да направи списоци на целокупното еврејско население во
Македонија, со имотите на сите членови на семејството, возраст, пол, професијата и улицата, бројот и местото на живеење. Рокот за доставување на главните списоци бил само неколку дена. Делегатот на скопската еврејска општина бил задолжен покрај списоците на еврејското население од
Скопје да достави списоци за Евреите што живеле во места каде што поради малиот број на Евреи не се формирани еврејски општини. Станува збор за:
Куманово, Прешево, Удово, Гевгелија, Крива Паланка и Бујановац. Собраните податоци покажувале дека во 1941 година во Скопје имало 1181 семејства со 3795 члена, во Битола имало 810 семејства со 3351 члена, во Штип 140 семејства со 551 члена, во Куманово 7 семејства со 17 члена, во Гевгелија 3 семејства со 11 члена, во Велес имало 2 семејства со 8 члена, во Крива Паланка 1 семејство со 5 члена, а во останатите места 6 семејства со 28 члена. Станува збор за вкупно 2150 семејства со 7762 члена.
Меѓу 7215 души што беа затворени во магацините на Државниот монопол имало:
- деца до 3 години: 539
- деца од 3 до 10 години: 602
- деца од 10 до 16 години: 1172
- старци преку 60 години: 865
- тешки болни врзани за постела: 250
- бремени жени кои се породиле во логорот: 4
- при самото пристигнување во логорот починале: 4
Засрами се од овие недолжни жртви фашисту. И престани веќе да сереш.
Ти поглупо прашање не можеше ли да измислиш?
Ќе ти одговорам соодветно: Ќе замолам моите браќа македонските Бугари да се разбудат, зашто се одвили и им седат нозете на ладно - ќе се изладат и ќе се разболат.
Македонските бугари се во канализација и не можат д се разбудат.
Будни се македонските Македонци.
Има една поговорка и гласи :
Од глупавиот и неписмениот..... ѓаволот и пијаниот бегаат.
*************************************************
--- надополнето: 22 мај 2012 во 21:06 ---
штипјанец'
Ти поглупо прашање не можеше ли да измислиш?
Ќе ти одговорам соодветно:
Ќе замолам моите браќа македонските Бугари да се разбудат, зашто се одвили и им седат нозете на ладно - ќе се изладат и ќе се разболат.
Ова ги помина сите граници на толеранција. Верувам дека администраторите ќе прочитаат и ќе ти определат соодветна награда.
Ова е нешто страшно во 21 век, а расправаме за втората светска војна кој бил окупатор и вршел злосторства во Македонија.
Гебелсовата фашистичка пропаганда уште не е искоренета.
*************************************************
--- надополнето: 22 мај 2012 во 21:18 ---
Откако бугарскиот 48-ти полк, на 17-ти септември
1944 година беше истеран од Струмица, во градот и на
позициите останаа Четвртата македонска бригада и
Струмичкиот партизански одред. Покасно бугарските
единици се вратија и тоа без согласност од Главниот штаб на НОВ на Македонија, на територијата на
Струмичка околија. Тие беа распоредени во поширокиот
реон на Ново Село. По силниот притисок на германските
единици на 18 септември, Четвртата бригада и
Струмичкиот одред беа принудени да ја напуштат
Струмица и да се повлечат кон Огражден.
На 21 септември, кога неколкумина членови на
Околискиот комитет, поминаа во селата од Новоселска
општина, а по договор со командантот на Струмичкиот
одред Боро Поцков, тие во Ново Село побараа од
командантот на 48-от бугарски пешадиски полк, на 22
септември да тргне во напад на Струмица. Бугарскиот
командант се противеше под изговор дека немал
наредба за акција од својата команда.
******************************************************
--- надополнето: 22 мај 2012 во 22:00 ---
штипјанец'
Ако се зборува за геноцид, треба да има многу жртви. Колку Евреи точно убиле "Бугарите"? 5, 10
Заедно со Евреите од Вардарскиот дел на Македонија бугарските власти депортирале и Евреи од Тракија и од Егејска Македонија.
Со ова вкупниот број на депортирани Евреи во логорите на смртта од бугарските власти во текот на Втората светска војна изнесува околу 11.400

Концентрациониот логор Треблинка, местото каде се егзекутирани сите македонски Евреи
Сите Евреи од Македонија биле депортирани во логорот
Треблинка во Полска, каде што биле задушени во гасни комори. Од Треблинка не се вратил никој. Не останал ниту еден сведок да прераскаже за стравотиите на уништувањето на еврејското население од Македонија. Документите се единствените сведоци за докажувањето на судбината на
Евреите во Македонија.
Според проценките, во Треблинка се убиени околу 900.000 луѓе, од кои над 750.000 Евреи. Жртвите на холокаустот во тој логор, лоциран 100 километри североисточно од Варшава, биле убивани во периодот од јули 1942 до октомври 1943 година.
До 10 ли знаеш да броиш?