Можеби е така. Јас сум воспитуван да ги сакам луѓето било од православна и муслиманска и друга религија. Но за луѓето (од кои тебе те исклучувам) кои моето Македонско чувство го негираат и мојата земја ја сметаат за дел од нив има омраза и одбивност. А тоа нешто го гледам во повеќето бугари,срби,грци. Но како што викаат старите:„Покрај сувото и суровото гори„.
Можеби имаш прочитано некои од моите постови тие се исти и за бугарите и за србите и за грците. За мене(исправиме ако грешам)тие сите се непријатели на Македонецотн и Македонија, во денешно време, а исто така и пред многу години.
Поздрав.
Во светот владееле и уште владеат големи неправди. Во човечката историја доминирал принципот на “ крв и територија“. Затоа и се воделе илјадници војни во човечката историја...со единствена цел...да се освои повеќе земја, да се ограби другиот. Тоа е човековото проклетство...независно од националност, вера. На пример ние се восхитуваме на Александар Македонски, а тој правел како многу други светски освојувачи...да прошири своја теритрија...да наметне своја идеологија и култура. Балканските земји воопшто не се разликуваат од светските терк. Грцијаа, Србија и Бугарија ојакнале... Турција тогаш не џабе се викала “ болниот на Босфор“, и со тиха подршка на големите сили ја поделиле Макеоднија. Голема неправда. Последици уште силно ги чувствуваме. Но, сега сме 21 век. Ако можеле Германија и Франција...вековни непријатели кои 4 века се во постојани војни...да најдат нова свест, мудрост и со другите европски земји да создадат ЕУ, зошто и балкански народи , вклучително и Македонија, да не можат да најдат меѓусобно разбирање. Сега на Балканот сите сме скарани со сите. Македонци со сите свои соседи, Срби исто, Албанците исто, Хрватите и Бугарите исто. Мора да се најде начин тие историски недоразбирања и неправди да се надминат. Затоа стално зборувам ...лекот е ЕУ. Но, и сите ние балканците треба меѓусебн да си помогнме. Затоа ми смета овие навреди на етнички план на форумот. Било да се работи за Бугарите, Србите, Албанците...па и Грците. На тој начин проблемите се усложнуваат и продлабочуваат... а не се решаваат. Поздрав.:smir: