BT Шпиунска микро слушалка 250e VS 400 денари home made :)

  • Креатор на темата Креатор на темата spyman
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 декември 2007
Мислења
2
Поени од реакции
0
Таа е невидлива(внатре во увото),работи на блутут технологија па размислете се што мозе да се направи со неа(испити,писмени,состаноци и т.н).Ако некој е заинтересиран и сака да си набави нека пише п.п.

Ете како се тоа изгледа


 
кој е заинтересиран нека пише приватна порака!
 
250 евра му била цената. :nesvest: Го прашав да не згрешил денари да не мислел:pos:
 
Нелегално!
Затворам тема!

(можам да ви средам за 240 евра :pipi:)

:pos:
 
во вторник после 16 часот имате шема за помалку од 400 денари како да си изработите ваква шпиунска бубачка :pos: само не бежична, како и да е жиците што ќе ви ги препорачам едвај се гледаат со голо око кога се во допир со кожа, можеби повеќе од 6 години изработувам за студентиве низ Скопјево такви :) а сигурен сум дека и од форумов има некој студент кој употребил таква направа се што е потребно е леткум, 5цм калај, звучник од 7210/6100/6610/6680/Н70 сеедно сите се исти кај мене можете за 200 денари да го набавите изгледа вака:
7210spk.jpg

големината на звучников е колку смајливо - :pos: и конектор за мобилниот телефон кој можете да го купите на било која тезга/мобилара до 100 денари т.е. од неоригинални слушалки. ајт да не пишувам пред време, во вторник го имате целото објаснување.
 
Нелегално!
Затворам тема!

(можам да ви средам за 240 евра :pipi:)

:pos:

пред да го постирам постот со шемата за мојата слушалка, да прокоментраме, зошто е нелегално?:back:
 
Па се зеза чоекот бе. Иначе 250 еврони е премногу, лопов ниеден:vozbud:
 
не му замеравајте на шпиунот, сака куќа на водно да гради.
250 евра... свашта.
 
250 евра за обичен радио приемник/предавател?

Абе GPS модул е 40-60 евра, а комуницира со сателити :)
 
значи еве како изгледа т.е. мала грешка направив во претходниот пост.

се што ви треба е:
  1. Звучник од Н70/6680/7210/6100/6610/3200 нокиите - 200 денари
  2. Најнеоригиналните моно слушалки компактибилни за мобилниот уред кој ќе го користите - мој предлог би било да е со пин а не конектор како сониериксон/нокиа затоа што доколку ви седи во џеб телефонот и несакајќи се случи да се помрднете може лесно да се дисконектира додека пинот треба да се извлече
а за жица - ке искористите исто како на сликиве - жицата што води од микрофонот до звучникот само го кинете звучничето евентуално ако сакате да продолжите да си набавите тоа плус.
еве како би изгледало склопен целиот модул :pos:

значи кога ке ја соголите жицата внатре ке најдете најчесто една зелена и златна или црвена и златна жица составена од уште 40/50 мали жички одвојте само една од нив а одругите исечете ги. Таа жица е лакирана и не пренесува струја, треба врвовите да ги запалите со запалка за да се извади лакот за да можат да се залемат на контатките од звучникот.

еве како изгледа во рака - извинете ако се матни сликиве од Н95ка сликав.иначе на сликава се приметуваат жиците ради одблесокот од блицот, вака кога би ги поставиле околу себе и звучничето во уво скоро е и невозможно од блиску да се примети.

п.с. за да ви успее посигурно ова на факс - пуштајте коса!
 
250 evra??? Па тоа пара се бе не играчка... Инаку муабетот ми е не сум којзнае каков препишувач, дур се спремам ке седнам ке научам. Финтата беше само да видам колку ке бара.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom