Британски европратеник го навреди претседателот на ЕУ
24.02.2010 - 20:02 |
Лидерот на британските еврофоби, Најџел Фејриџ предизвика денеска скандал во Европскиот парламент, навредувајќи го претседателот на Европската унија Херман ван Ромпуј, кој прв пат се појави пред европратениците.
- Не сакам да бидам некултурен, но вистината е дека имате харизма на водена крпа за под и на ситен банкарски чиновник, изјави Фејриџ.
- Кој сте Вие? Никогаш не сум слушнал да се зборува за Вас, никој во Европа не слушнал некој да зборува за Вас. Доаѓате од Белгија, која не е и некоја држава, рече тој.
- Сепак чувствувам дека сте компетентен, способен и опасен, додаде Фејриџ, посочувајќи ја како пример Грција со нејзините финансиски потешкотии, која, како што рече, „е сведена на ништо повеќе од протекторат, откако Вие дојдовте на власт“.
Тој беше исвиркан од своите колеги во знак на негодување. Претседателот на ЕП, Јежи Бузек изјави дека вакви лични напади нема да бидат толерирани во таа институција, а претседателот на групата на социјалистите, Мартин Шулц го повика Фејриџ да се откаже од мандатот.
http://sitel.com.mk/dnevnik/svet/britanski-evropratenik-go-navredi-pretsedatelot-na-eu#comment-7878
И еве го видеото: (ова не се случува секој ден

)