Breaking Bad

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Каков лик беше Густаво Фринг, перфектно одглумен негативец.:cuc:

Сцената со снајперот беше најмадафакерско демонстрирање моќ.

Пред скоро гледав еден постар филм од 80ти со Еди Марфи и гледам една сцена таму во затвор ко познат лик. Се думав пет минути од кај го знам и накрај кога проверив..

aP4W6wK_700b.jpg
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
1. Смртта на Џејн, иако ја знаеме причината зошто не ја спаси девојката, со цел да го тргни Џеси од неа оти и двајцата одеа во пропаст, ја остави да умри, за да можи да го тргни Пинкман за да тој се фокусира само на работата со него, посебично од ова здравје. Да не беше таа дешавка немаше да се случи несреќата со авионот и да загинат толку луѓе, така да и за смртта на тие луѓе има најголема вина тој.
Кај мене од жалење, па поддршка, стигнав да го мразам некаде на пола серија, па после пак поддршка и пак жалење накрај. Затоа ми е најдобар карактер во серија евер. Не е негативец, не е ни позитивец, реален човек што нема што да изгуби.

Никогаш не можев да го сварам ова што го тупите за Џејн само. Топ што се задуши во повраќаниците. Немаше спас за тоа хардкор наркоманче, гуд риданс. Понатаму, кула од карти, ко сите акции во животов. Татко и да пазеше повеќе што прави, немаше да загинат луѓе, така што, тој е најголемиот виновник.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.179
И мене Гас ми е еден од најјаките ликови во било која серија. Криво ми е што немаше spin of серија за него, и во Better Call Saul е исто малце опфатен како во ББ, а баш ме интересираше неговото минато во Чиле и неговиот подем.


Каков мајндфак им направи на картелов овде и каква мадафакерска сцена беше ова. Breaking Bad at it's best.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.898
Поени од реакции
16.208
Каков лик беше Густаво Фринг, перфектно одглумен негативец.:cuc:

Сцената со снајперот беше најмадафакерско демонстрирање моќ.

Најјак лик во цела серија ми беше, штета шо завршија така брзо со него.
Моментите кога се смешкаше наивно а одвнатре врие, пламен исфрла, перфекција од глума.
Автоматски споено мислење:

Кај мене од жалење, па поддршка, стигнав да го мразам некаде на пола серија, па после пак поддршка и пак жалење накрај. Затоа ми е најдобар карактер во серија евер. Не е негативец, не е ни позитивец, реален човек што нема што да изгуби.

Никогаш не можев да го сварам ова што го тупите за Џејн само. Топ што се задуши во повраќаниците. Немаше спас за тоа хардкор наркоманче, гуд риданс. Понатаму, кула од карти, ко сите акции во животов. Татко и да пазеше повеќе што прави, немаше да загинат луѓе, така што, тој е најголемиот виновник.
Можда немаше спас ама во ситуацијата Волтер можеше да ја спаси, наместо тоа ј остави да се удави во повраќаниците, тоа е муабетот, само човек без чувства можи онака човечко битие да остави и со прст да не мрдни.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
На средина на 5 сезона сум, иако не е по мој вкус имав пишувано во другите теми, серијата е многу добра. Има моменти кога настаните се одвиваат бавно и тоа ме кочеше, на пример сцената со мувата си има свое значење ама можеле сето тоа да го скратат а не факинг 45 минути мува да бркаат.

Да си кажам од сега знам дека ќе ми се нафрлат Хајзенберг фан бојс ама тоа е мое мислење. Значи вака, перфектна глума од актерот настрана тоа, ликот мене ми е најодвратното нешто шо го имам гледано низ сериите. Секоја чест како му еволуира ликот, ама мене ми беше иритантен од првиот ден. Волтер Вајт е едно себично, егоистично и лакомо копиле, во потрага за подобар живот за него и неговата фамилија ги повлече сите во бездна.
Има многу работи ама ќе набројам неколку кои мене ќе ми останат во сеќавање.
1. Смртта на Џејн, иако ја знаеме причината зошто не ја спаси девојката, со цел да го тргни Џеси од неа оти и двајцата одеа во пропаст, ја остави да умри, за да можи да го тргни Пинкман за да тој се фокусира само на работата со него, посебично од ова здравје. Да не беше таа дешавка немаше да се случи несреќата со авионот и да загинат толку луѓе, така да и за смртта на тие луѓе има најголема вина тој.
2. За малце ќе го убиеше момчето Брок, со цел да го сврти Џеси против Гус.
3. Сцената кога ги натера жените кои работеа кај Гус да му помогнат да ја исчистат лабораторијата ме изваде од такт, знај со кого си има работа, дека Гус е перфекционист, не простува такви работи, и свесно ги одвлече во беља.
4. Кога го тераше Волтер Џуниор ( инаку и овој ми беше иритантен лик ) да пие алкохол на забавата покрај базенот, кутро момче џигерите си ги плукна во водата :)
Има уште многу точки да ја догледам па ќе продолжам :)
Знам дека таква му е улогата и секоја чест на резисерите каква трансформација му направија на карактерот.

Најјаки ликови досега Гус, Мајк и Саул, дури и Хенк ми беше ок лик со својот сатиричен хумор, типичен Амерички џандар :)

Тоа е тоа одам да ја догледам и да продолжам со хејтот за Волтер :)
Најдобро за сите е да се вратиш на шпанските тралалајки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom