Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Прво
Секоја чест за серијата. Уживав буквално во секоја епизода. Дефинитивно една од најдобрите серии за која ќе се зборува со години и ќе ја гледаат уште многу генерации.
За брзо време и јас од почеток ќе ја пуштам сигурно. Се навлеков и за многу кратко време ги изгледав првите четири сезони па имам заборавено доста детали. Сега ќе можам пак да седнам и да уживам.
Финалето одлично. Може ќе има луѓе кои ќе бидат незадоволни, но што очекувале? Немаше баш многу простор за некои пресврти, имаше неколку опции за што може да се случи.
Јас лично сакав нешто по брутално. Цела сезона посакував Џеси на крај да го убие Волт и се понадевав дека ќе ми се исполни желбата кога му беше пружена таа шанса, ама ништо. После очекував колата да експлодира и да ги разнесе двајцата надвор, ама ни тоа не се случи. Како и да е, Волт умре, а можеби ќе беше премногу и Џеси да отидеше после се што му се случи. Може ова е најдобриот крај за него.
Кога се јавуваше на телефон на почетокот за да дознае кај живеат Елиот и Гречен си викам wtf, дали е можно сепак и нив да сака да ги скине. Па уште и кога си влезе во куќата онака како ништо да не е викам зар е можно да испадне ладнокрвен убиец сега. Ама добро е, сепак смисли некој начин на кој ќе може да ги остави парите на семејството.
Секако, штом почна муабетот на телефон меѓу Мари и Скајлер, знаев дека овој или е веќе кај неа или ќе дојде одма после тоа. Тука е глупо да се замараме со тоа како успеал лесно да влезе. Оваа сцена беше можеби нај емотивна. Конечно си призна дека сепак не беше целосно само за семејството сето тоа што го направи туку дека уживал и дека го правел за себе. Мораше да го има овој разговор и да се збогува со Скајлер и Холи. Флин е друга приказна.
Браво за оние кои ги поврзаа чаевите на Лидија со отровот. Вака сега кога гледам, тоа беше и единствената опција, нема за кој друг да е.
Мистерија ми беше само како он сам ќе успее да ги убие нацистиве, ама секако мораше да смислат начин кој само на Волт би му текнал.
Е сега можеби отиде со цел да ги убие сите, вклучувајки го и Џеси дека изгледа мислеше дека овој сам се понудил да им помага за да си го спаси животот, ама кога виде каква е уствари ситуацијата, неможеше да го убие па затоа му се фрли за да го спаси. Како и да е, мислам дека е сигурно дека Волт во никој случај не планираше да излезе жив од таму. На крај за последен пат беше во лабораторијата која тој ја создаде, во она што го донесе до таму каде што е.
Се на се, го добивме крајот кој го заслужува оваа прекрасна серија. Само едно нешто ми фалеше на самиот крај додека го покажуваа Волт мртов. Можеби многу појак ефект ќе имаше доколку во тој момент дадоа флешбек од некои јаки моменти, малкуте моменти на среќа кои ги имаше во серијата, а и да покажат како го наоѓаат телото на Хенк, па рекацијата на семејството кога дознаваат за ова што се случи. Вака некако, бар мене, самиот крај не ме погоди ептен, можеше многу по емотивно да биде.
И да, задолжително изгледајте ја епизодата Talking Bad.
Уште еднаш![]()
Изгледајте ја последната епизода од Talking Bad
Таму ги прашуваат што мислат актерите дека нивниот лик ќе прави понатаму. Џеси вика ќе одел подалеку што можел, Флин вика дека парите најверојатно не би ги трошел освен ако не мора за фамилијата..
Во сцената во кујната каде што рефлексија на Скајлер се гледа у микробрановата било ненамерно.
За тие што цело време бараат симболики анд шит ( Röddást )...тоа што саатот го вади и го остава нема симболика. Бар за ова потврди Винс, а верувам и повеќе работи што вие ги забележувате се ненамерни
бтв, треба у спојлери да ставаме сеа работи?
За микрото не мислев за симболика, туку directing-wise (?) ненамерно билоТоа со микробрановата нормално е дека е ненамерно, сигурно нема да барам логика дека ќе се самоубие некад во иднина или пак дека ќе стане супержена која ќе убива со микробранови од нејзините очи. Тоа со саатот сепак беше малце глупо и пак непотребно, освен ако некој не измисли логика. А сигурно има.![]()