Breaking Bad

Z

zmej gorjanin

Гостин
Најпрво специјална почит за Psyside без чија тема многумина членови на форумов па и вон виртуелниов свет ќе останеа лишени подолго време од серија ко што е B.B. и без чија тема прашање е дали ќе се кренеше толкава фама околу серијава толку рано кај нас.:) Серијата ја следам скоро 5 години благодарение на неговата препорака и е прва серија која што решив да ја гледам ко препорака од форумов и изгледа имав среќа. Малку ми е криво што нема да ја има истава дружба по темава и пишување впечатоци после секоја нова епизода али како викаат all good/bad things come to an end.:) Без сомнеж едно од најдобрите ТВ шоуа било кога снимени, многу пати имам кажано па и веќе се повторувам.

Е сега во врска со финалето...

Можам да кажам дека беше добро финале, воопшто не ме разочара и има позитивна оцена од мене. Можеби не најдоброто финале на серија кое што сум го гледал, но сепак беше висока категорија на добро. :) Кога сме кај категории и критериуми B.B. толку високо ја дигна летвата што све освен WTF реакција на лицaтa кај гледачите и е испод част на серијава. Можеби заради тоа ми беше само добро финале, поради тоа што го видов она и што го очекував во малку позбиена форма. Моето идеално финале веројатно би траело саатипол до два.:D Би вклучувало бизарна смрт и последователни убиства на повеќе ликови, нешто во стилот на: Волт ги намамува во Албакерки или кај и да беше по тоа шумите и снеговите и во негов стил ги убива еден по еден нешто ко Чарлс Бронсон у Death Hunt :D плус ќе се искомбинираше нешто со Дуел на Спилберг и ете ти супертензично финале.:) Имаше некои импровизации кои не ми се допаднаа ко ласерите на Badger и Skinny Pete и тоа што Волт без проблем се мушна кај Скајлер дома без оглед на тоа што полиција и ја набљудува куќата и сите се јавуваат дека го виделе, не ми се допадна пак истата финта со рицинот овој пат само со Лидија во улога на жртва. Мислам дека овие импровизации се направени поради временска ограниченост, инаку Гилиген да добиеше одврзани раце ќе направеше епско мајкоебавачко финале, во тоа сум сигурен. Ми се допадна искреноста на Волт во однос на тоа дека се што правел си правел за свој ќеиф, ми се допадна и делот кога го рока Џек Велкер, исто и кога Џеси му рипна на Тод. Џеси наредна година мора да земе Еми, страшно одглуми последниве три епизоди. Плус тоа преживеа па така може да се очекува некој сиквел и повторна соработка меѓу него и Винс. А и ко што забега со колата трејлеров опасно ја надополнува последната сцена :)

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.226
Поени од реакции
34.520
Темата ја затворив без да читам ништо од денес. Ќе ја отвориме после 20:00 часот.
До тогаш верувам дека сите ќе имаат време да ја погледнат последната епизода, без да се заебат и да прочитаат нешто на темава :)
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.440
Поени од реакции
25.385
Мислам до сега скоро сите го изгледаа финалето, па ајде - впечатоци, оценка, задоволни, незадоволни, Kocka којзнае колку има за хејтање :D
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.174
Поени од реакции
3.729
Јас сум малце во депресија сега нејќев да заврши серијава :place::place::place:. Според мене ќе беше добро да направат да видиме што ќе се случи со Ушлето и оваа дали ќе ги предадат парите за 18тиот роденден на Флин.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.764
Поени од реакции
52.741
Прво
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Секоја чест за серијата. Уживав буквално во секоја епизода. Дефинитивно една од најдобрите серии за која ќе се зборува со години и ќе ја гледаат уште многу генерации.
За брзо време и јас од почеток ќе ја пуштам сигурно. Се навлеков и за многу кратко време ги изгледав првите четири сезони па имам заборавено доста детали. Сега ќе можам пак да седнам и да уживам.

Финалето одлично. Може ќе има луѓе кои ќе бидат незадоволни, но што очекувале? Немаше баш многу простор за некои пресврти, имаше неколку опции за што може да се случи.
Јас лично сакав нешто по брутално. Цела сезона посакував Џеси на крај да го убие Волт и се понадевав дека ќе ми се исполни желбата кога му беше пружена таа шанса, ама ништо. После очекував колата да експлодира и да ги разнесе двајцата надвор, ама ни тоа не се случи. Како и да е, Волт умре, а можеби ќе беше премногу и Џеси да отидеше после се што му се случи. Може ова е најдобриот крај за него.

Кога се јавуваше на телефон на почетокот за да дознае кај живеат Елиот и Гречен си викам wtf, дали е можно сепак и нив да сака да ги скине. Па уште и кога си влезе во куќата онака како ништо да не е викам зар е можно да испадне ладнокрвен убиец сега. Ама добро е, сепак смисли некој начин на кој ќе може да ги остави парите на семејството.
Секако, штом почна муабетот на телефон меѓу Мари и Скајлер, знаев дека овој или е веќе кај неа или ќе дојде одма после тоа. Тука е глупо да се замараме со тоа како успеал лесно да влезе. Оваа сцена беше можеби нај емотивна. Конечно си призна дека сепак не беше целосно само за семејството сето тоа што го направи туку дека уживал и дека го правел за себе. Мораше да го има овој разговор и да се збогува со Скајлер и Холи. Флин е друга приказна.

Браво за оние кои ги поврзаа чаевите на Лидија со отровот. Вака сега кога гледам, тоа беше и единствената опција, нема за кој друг да е.
Мистерија ми беше само како он сам ќе успее да ги убие нацистиве, ама секако мораше да смислат начин кој само на Волт би му текнал.
Е сега можеби отиде со цел да ги убие сите, вклучувајки го и Џеси дека изгледа мислеше дека овој сам се понудил да им помага за да си го спаси животот, ама кога виде каква е уствари ситуацијата, неможеше да го убие па затоа му се фрли за да го спаси. Како и да е, мислам дека е сигурно дека Волт во никој случај не планираше да излезе жив од таму. На крај за последен пат беше во лабораторијата која тој ја создаде, во она што го донесе до таму каде што е.

Се на се, го добивме крајот кој го заслужува оваа прекрасна серија. Само едно нешто ми фалеше на самиот крај додека го покажуваа Волт мртов. Можеби многу појак ефект ќе имаше доколку во тој момент дадоа флешбек од некои јаки моменти, малкуте моменти на среќа кои ги имаше во серијата, а и да покажат како го наоѓаат телото на Хенк, па рекацијата на семејството кога дознаваат за ова што се случи. Вака некако, бар мене, самиот крај не ме погоди ептен, можеше многу по емотивно да биде.

И да, задолжително изгледајте ја епизодата Talking Bad.
Уште еднаш :cuc::cuc:
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Изгледајте ја последната епизода од Talking Bad

Таму ги прашуваат што мислат актерите дека нивниот лик ќе прави понатаму. Џеси вика ќе одел подалеку што можел, Флин вика дека парите најверојатно не би ги трошел освен ако не мора за фамилијата..

Во сцената во кујната каде што рефлексија на Скајлер се гледа у микробрановата било ненамерно.
За тие што цело време бараат симболики анд шит ( Röddást )...тоа што саатот го вади и го остава нема симболика. Бар за ова потврди Винс, а верувам и повеќе работи што вие ги забележувате се ненамерни

бтв, треба у спојлери да ставаме сеа работи?
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301

Требаше финалево да трае барем саат и пол, да додадат некои моменти (пронаоѓањето на Хенк, плачењето на таа кучката, парите што овие ги „донираат“, по некој флешбек....).

Инаку, се на се.....
П Е Р В Е Р З И И !

И дај линк од Talking Bad :)
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
За некои од краевите погодив (чајот на Лидија и Шварц) и ми е криво малце, но за некои се изненадив (конечната сцена, судбината на Џеси и смртта на Тод) и така да не сум целосно возбуден но сепак тоа беше совршен крај за оваа серија, со стандарден квалитет. Волт се покажа како вистински генијалец и ги среди работите како што сакаше и заврши таму каде што почнаа сите негови проблеми, во лабораторија.

А за целата серија целосно...Иако поминаа неколку саати од кога гледам, уште немам соодветен коментар за тоа што е серијава. Нешто најдобро што се појавило до сега, вие мислете што сакате. Совршенство од серија, со извонредни сценарија, прекрасна глупа, кадри, музика и буквално се. Луѓето кои се заслужни и за најмалиот дел од производството на серијата заслужуваат некаква награда. Мило ми е што во мое време се прикажуваше оваа серија и ја гледав серијата која ќе биде запишана со златни букви, верувајте ми. Ќе помине навистина долго време да ја замени некоја серија со квалитет и постави навистина високи стандарди за секои идни серии кои сакаат да бидат најдобри.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ајде и јас да ја искоментирам. Ја симнав во 720 пиксели (инаку прв пат ја гледам Breaking Bad во таква снимка, секогаш се задоволувам со обична иако серијата вреди за 1080 а не 720 но посакав FeLiNa да ја изгледам достојно како што и е редот).

Мислам дека подобро финале не ќе можеа да смислат, јас барем сум задоволен со осмислениот крај. Ме радува тоа што Џеси сепак не замина на “пат“ за Belize. Дечкото мора да добие Еми одгодина, сцената кога му вели на Вајт "Say you want this!" у негов стил беше срцекршачка, милион thumbs up за Арон Пол.

:cuc::cuc::cuc:

Идемо далје.... совршено го направија делот со парите за Скајлер, Флин и Хоуп, а да и последната сцена кога даваа како Флин влегува во куќата и за последен пат си го гледа Волт сина си беше одлично прикажана.

Искрено јас сакав да ја скинат Лидија, премалку е ова за неа. Ама моментот кога Џеси ладнокрвно си “играше“ со Тед. :eek::cuc::cuc: То мајсторе!

Blue boy, последните сцени, смртта на Волт на легендарен начин.

:cuc: Што повеќе? Како што кажавте, Breaking Bad беше издигната на едно доста високо ниво во секој можен дел, како режија така и актерски подвиг. Следно што очекуваме од Винс е да ни донесе исто ремек дело, по можност со барем некој од истава актерска екипа. Сите беа легендарни. Ќе бидат запаметени уште долго време. Farewell Breaking Bad!

:place:
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Јас сум задоволен, убава епизода, Супер за Финале. Се разрешија речиси сите работи во стилот на Breaking Bad со логичен редослед.
(освен оваа :) )

Се погрижи Волт за парите, за телото на Хенк како и фамилијата колку толку да ја извади од калта со законот. Ги виде за последен пат сите. Ги уби нацистите и Лидија кои беа закана кој неговите блиски. Разрешницата со Џеси ми беше очекувана, премногу напатен беше оваа сезона за да умре на крајот.

Повторно кинематографијата беше супер (првите минути клучот од колата кога го зема Волт) како и ликот на Волт како одраз од казаните во лабараторијата на крајот. Инаку Винс кажа дека снемале време и пари, сакал да вметне уште една сцена како ученик на Волт го препознава на бензинската кога тој се јавува преправајќи се дека е новинар.

Видов еден прекрасен статус кој беше баш прикладен
"Don't cry because it's over, smile because it happened." - Dr Seuss

И за крај
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.764
Поени од реакции
52.741
А да, ептен ми беше мерак што Џеси го уби Тод, бар малце се одмазди за тоа што му го направи. (y)
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Изгледајте ја последната епизода од Talking Bad

Таму ги прашуваат што мислат актерите дека нивниот лик ќе прави понатаму. Џеси вика ќе одел подалеку што можел, Флин вика дека парите најверојатно не би ги трошел освен ако не мора за фамилијата..

Во сцената во кујната каде што рефлексија на Скајлер се гледа у микробрановата било ненамерно.
За тие што цело време бараат симболики анд шит ( Röddást )...тоа што саатот го вади и го остава нема симболика. Бар за ова потврди Винс, а верувам и повеќе работи што вие ги забележувате се ненамерни

бтв, треба у спојлери да ставаме сеа работи?

Тоа со микробрановата нормално е дека е ненамерно, сигурно нема да барам логика дека ќе се самоубие некад во иднина или пак дека ќе стане супержена која ќе убива со микробранови од нејзините очи. Тоа со саатот сепак беше малце глупо и пак непотребно, освен ако некој не измисли логика. А сигурно има. :icon_lol:
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Тоа со микробрановата нормално е дека е ненамерно, сигурно нема да барам логика дека ќе се самоубие некад во иднина или пак дека ќе стане супержена која ќе убива со микробранови од нејзините очи. Тоа со саатот сепак беше малце глупо и пак непотребно, освен ако некој не измисли логика. А сигурно има. :icon_lol:
За микрото не мислев за симболика, туку directing-wise (?) ненамерно било :D
Имаше логика у саатот, ама ич не ми текнува што кажа Винс. Тој даде две причини, the artsy-fartsy one and the real one. Вистинската беше дека е ненамерно, зашто кога претходно ги правеле сцените за флешбекот не носел саат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom