Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
незнаете да уживате во серија, кај се гледало цела серија од 5 сезони за една недела, се знае максимум една епизода на ден :D

Ти да имаш згодна женска, ќе ја работиш по еднаш дневно само? Come on. Серијава е толку добра што нема шанси да не гледаш по 10 епизоди на ден. :D
 
Ти да имаш згодна женска, ќе ја работиш по еднаш дневно само? Come on. Серијава е толку добра што нема шанси да не гледаш по 10 епизоди на ден. :D
еднаш ами како, цел ден ја пулам и се дивам на лепотата и на крај пред спиење ја работам :D
епа баш дека е добра серијата неќам да ја изгледам за една недела, појако е по една епизода на ден, и цело време да ме копка што ќе се деси во наредната епизода, и така задоволството подолго ќе трае :D
 
Да не ви се мешам у машки муабети, само ова ќе го ставам
:D
 
Ја изгледав денес до крај... :cuc::cuc::cuc::cuc: Heisenberg BITCH!
Каква трансформација Волт => Хајзенберг ау, почнав веќе да го заборавам оној Волт на почетокот на серијата, иако го гледав пред 10 дена.

Мајк ми беше супер лик, и малце се разочарав, не очекував такво нешто. Сте критикувале како он беше секогаш еден чекор понапред, а ова не го очекувал. Па нормално, не беше веќе истиот. Се откажа од се за да може мирно да си живее, ама се зезна со адвокатот. После одеднаш требаше да исчезне, да ја остави внука му и веќе никогаш да не ја види. Нормално дека нема веќе исто да размислува.

Џеси :cuc:
Омилен лик ми стана, и он со трансформација, но се среди колку толку. Каков беше на почетокот, а каков е сега. Остана единствениот нормален во дружината. Колкава грешка би направиле доколку оделе по првичната замисла, да умре уште во прва сезона...нејќам ни да помислувам на серијава без него.

Малце предвидувања...
Хенк нормално ќе си поврзе се, но нема да е едноставно. Сигурно нема да се врати на маса и да каже се. Две опции има според мене. Првата е да не кажува ништо и да го слени Волт за да добие цврсти докази, а втората е да го тргне Волт на страна и да збори со него, да види он што ќе му каже. Јас би одел со втората. Не верувам дека ќе е спремен Хенк да каже се, сепак за неговото семејство се работи. Мислам дека ќе се договорат Волт да избега негде, да смени идентитет, а Хенк да ја среди истрагата некако. Тоа и би ја објаснило почетната сцена на сезонава.

Али не верувам Волт само така да се откаже од се и да избега. А во таков случај, милион сценарија ми се вртат во глава, цела книга би можел да напишам. :D

Очекувам трагичен крај. Во моментов и незнам дали сум за или против Волт. Мислам дека ќе му го вратат ракот, ама тоа не би била причината за неговата смрт. Доколку веќе умира, сигурно ќе се погрижи сите да дознаат кој бил големиот Хајзенберг.
А Џеси... Доста патеше низ серијата. Некако се ме води кон самоубиство. Ќе видиме.

Ај да не тупам многу, доста е засега.
Него што бидна со епизодата на митбастерс? Излезена е?
 
ChrfVJ8.png
 
Oooooooo и ние сме му некои фанови! Еден бе, еден да се најдеше да му честита.

We have to cook...a birthday cake for Bryan Cranston! Happy birthday, Mr. White!

1.png


Јес да му беше на 7 - ми, ама па шо, битна е пажњата!
 
Па јас видов дека на 7ми му беше, ама гледам ништо не се пишува и си викам ај ќе ќутам, може има нешто што незнам. Сепак нов сум на темава. :D
 
Јас мислам дека ништо нема да му спомне на Волт, веројатно ќе му биде потребно некое време за да размисли за ситуацијата и да одлучи што ќе прави. Сепак и кариерата на Френк ќе заврши инстантно доколку спомене на колегите кој е Хајзенберг. За крајот неможам да претпоставам ама едвај чекам да почне новата и последна сезона!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom