Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Фасцинантна серија, започнувајки со музиката, па глумците, па ликовите, сторијата и се така. Си останав маѓепсана и моментално во апстиненцијална криза по нови епизоди.
Прекрасно прикажана транзиција на ликот на Волтер кон Хајзенберг. Ми се допаѓа кога гледам серија во која што епизода по епизода можам да ги забележам ликовите како созреваат, растат, и се менуваат низ дејствиата што се одвиваат.
Ликот на Волтер, според мене е еден од најдобрите машки ликови во историјата на сериите. Неговиот двоен живот предобро ја одцртува линијата помеѓу доброто и лошото. На моменти ме тера да го обожавам да му се восхитувам, на моменти ме тера да го мразам. Поготово во последните две сезони со целата таа манипулација врз Џеси и случката со Мајк. Си останав со подзината уста. Тогаш си се помирив дека стариот Волт веќе го нема, дека враќање назад веќе нема. Дури бев и тажна.
Како опседната сум деновиве пошто ги гледав 4та и 5та сезона и гледав по 5-6 епизоди на ден една по друга o_O

Едно од поомилените ми видеа :)
 
Welcome to the club lady. This TVS represent BB level of quality.
 
Кога ќе ми текне колкав токмак беше Џеси на почетокот...

He has truly come a long way since... the incident with the bathtub.
43:32 - до крај. (намалете ги звучниците пред да го пуштите видеото, ако некој од вашите е во близина)

П.С. Walt: Because somehow it seemed preferable to admitting that I cook crystal meth and killed a man. :icon_lol:
 
Им ја чекам епизодата на Бастериве, баш за ова ќе биде. Чисто ме занима колку има вистина во сценава и евентуалното ставање на телото у пластичната канта.
 
Фул интервју на Брајан Кранстон во шоуто на Хаувард Стерн :)
 
ги гледав сите серии од сите сезони и едвај чекам продолженија.само да прашам како шо разбрав од 5 сезона има само 6 серии а другите 6 ќе се прикажт од на лето ?
одлични ликови и фасцинатна глума
 
Епизоди* не серии.
8 има од 5та сезона
9та епизда Јули 14ти
 
9та епизда Јули 14ти

Таман ќе заборавам ме потсетувате до кога треба да чекам...
tumblr_lfyyj6RpNg1qafrh6.png
 
Jас незнаев до кога треба да чекам,т.е имав заборавено и не сакав да дознаам,сакав да начекам да прочитам некаде на пример дека за 3 дена почнува девета епизода и многу пријатно да се изненадам,но ете,тешко дека ке заборавам сега :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom