Фасцинантна серија, започнувајки со музиката, па глумците, па ликовите, сторијата и се така. Си останав маѓепсана и моментално во апстиненцијална криза по нови епизоди.
Прекрасно прикажана транзиција на ликот на Волтер кон Хајзенберг. Ми се допаѓа кога гледам серија во која што епизода по епизода можам да ги забележам ликовите како созреваат, растат, и се менуваат низ дејствиата што се одвиваат.
Ликот на Волтер, според мене е еден од најдобрите машки ликови во историјата на сериите. Неговиот двоен живот предобро ја одцртува линијата помеѓу доброто и лошото. На моменти ме тера да го обожавам да му се восхитувам, на моменти ме тера да го мразам. Поготово во последните две сезони со целата таа манипулација врз Џеси и случката со Мајк. Си останав со подзината уста. Тогаш си се помирив дека стариот Волт веќе го нема, дека враќање назад веќе нема. Дури бев и тажна.
Како опседната сум деновиве пошто ги гледав 4та и 5та сезона и гледав по 5-6 епизоди на ден една по друга
Едно од поомилените ми видеа