Значи можеме да здивнеме, барем лап топ е збришан. И ова да се овековечи:
Последната епизода е дефинитивно епизода на Мајки - мадафака анти херој од калапот на Бронсон или Иствуд. Он ти е класична дефиниција на старата школа со строг кодекс на етика, принципи од кој не одстапува, без глупи ставови, но она шо ме воодушеви е дека има и морален код ( 11 да ги свитка, сепак е превише).
Го фураат како лик кој е секогаш еден чекор напред во дешавките, па можеби партнерството со "лудиот научник" Волт му е затоа што чувствува дека неговиот свет се распаѓа. И да конечно го прикажаа како човек при неговата игра со внуката, а тоа го спомнувам и затоа што иако мислам дека не, сепак низ глава ми се мота прашањето : Дали вклучувањето на неговата внука во истрагата може да ја скрши неговата неколебливост во ставовите, неговата лојалност и конечно биде прислен да се договори?
И ептен ме бендисува неговата смисла за хумор. Кој цар е, луѓе?
Дефинитивно у серијава не постојат црно бели ликови. Сите се сликани у некоја сива варијанта.
Воведувањето на Лидето како нова фаца во серијата (у грб со грб варијанта), мислам дека беше како сцена од некој ефтин шпионски филм
Она е па ајде да ја наречам магацинер
снабдувач на потребните состојки за готвење, така не?
Иако навидум е бескруплозна, сепак има некоја жица на Волт, нели? Се ќе направи за своето дете. И ко и е вперен пиштолот, не моли за својот живот шо ме наведува да мислам дека тоа и некоја траума од детството, па тој хистеричен очај сепак да не исчезне е да ја спаси својата ќеркичка од истата судбина.
Џеси, ах бре Џеси... Колку само ми е жал за него и неговата душевна болка. Не би сакал крај на серијава во која тој ќе заврши мртов. Некако превише трагична нишка ми е тоа за неговиот лик. Страшна глума btw (по милионити пат
) .
Абе шо викате за варијанта Скајлер да го замени Волт при негова евентуална смрт. Добар крај ќе е тоа
И ако она има некоја криза на вредности, кај Волт не станува збор за морален пад во ликот веќе, туку за морален банкрот. Ми се чини дека ја загуби и објективноста и расудувањето, мош да и душата. Превише е ако кажам дека дури почна и да ме нервира. Која ароганција беше во прашање кога Мајк му се јави да му соопшти дека повторно е во игра, па по тоа батево триумфално си замина у спална да ебне нешто.
Еве ги најавите за тројката ај: