Breaking Bad

H

HoT IcE

Гостин
Не знам зошто мислите дека Волт го уби Мајк, а не Хајзенберг, јас стојам цврсто на ставот дека трансформацијата на Волт е завршена и од сега ќе гледаме само Хајзенберг, а делото што го направи е чиста одлука и реагирање на вистински нарко кингпин кој е бескрупулозен и немилостлив.
Мене веќе почна да ме нервира Хајзенберг, пред се затоа што не го остава Џеси на мира, он највеќе страдаше од сите ликови во серијава, и сега кога сака да се извлече овој го влече со себе уште повеќе да потоне.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Очигледно само јас останав шо навивам за Хајзенберг!!!
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Не има и такви бе, не планирам да се откажам од Хајзенберг.
После последниве 2 епизоди гледам сите очекуваат (а и посакуваат) Walt да умре на крај, па почнаа дискусиите на кој начин би умрел, кој би го убил, која песна би идела во позадина etc...
Баш заради тоа сакам да преживее на крај, да остане drugs kingpin, и кога ќе ја постигне својата цел - remorse - he seemingly has everything, money, power, respect - but he lost his family in the process...The End.
Најпосакуван крај ми е ова :cautious:

A bit cliche, but I don't give a fuck.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Како бе исфорсирано? Понеисфорсирана серија со понеисфорсирани ликови не сум гледал до сега. Океј, ај од мене збор-два за последната епизода, бидејќи заслужува и искрено, бидејќи не ми се учи.

Прво, околу централниот дел од епизодата, односно убиството. За мене тоа не е обична постапка во афектна состојба. Уште кога во канцеларијата на Хенк се дозна дека адвокатот е спремен да проговори, знаев дека Волт размислува да се ослободи од Мајк. Мајк е опасност за Волтер се' додека е жив и се' додека DEA се убедени дека знае повеќе, без разлика дали е во Њу Мексико или на Бахамите. Плус, тука е и лојалноста кон претходниот работодавач, нетрпеливоста помеѓу двајцата и наоѓањето на новите дистрибутери. Овде може да се додаде и односот помеѓу Џеси и Мајк кој е доволен за да ги разбуди гневот и љубомората кај Волт. Поради сите овие работи јасно е дека Мајк добива улога на потрошна роба. Волт дотурка далеку, знае дека нема враќање назад, па поради тоа и одамна е спремен на се' колку да докаже на другите, но и на себе си, дека е семоќен и дека е способен да ги држи работите под контрола.

Исто и очекував дека конечно Мајк ќе му плесне во лице на Волт се' што досега чувал во себе. Секако за него е веќе сеедно. Внуката, најдрагоценото нешто, повеќе никогаш нема да ја види. Затоа овде не станува збор толку за несмасност, колку што станува збор за умор и индиферентност.

Инаку одамна е јасно дека токму егото е она кое ќе го докрајчи Волтер. Она кое него го разликува од Гас е курчењето. Притаеноста и вклопувањето во средината е причината што Гас владеел со подземјето толку години, а тоа се особини кои Волт не сака да ги поседува. Тој посакува неговото (измислено) име да е синоним за страв и трепет, иако е свесен дека токму ваквата слава може да има огромни последици. Или, изразено во .gif сликичка:



Поради ова, нормално е гледачот да чувствува омраза кон главниот лик. Ваквото чувство особено доаѓа до израз во сцените со Џеси. Ептен ми падна тешко последнава епизода кога Волтер ја исфрли онаа повраќаница од навреди:

„Што имаш во животот, а? Ништо! Никој! А да, имаш видео игри. И кога тоа ќе ти здосади? Што тогаш? Пак ќе почнеш да се дрогираш.“

Да, Волтер свесно ги повредува сите околу него, на овој, или оној начин. И каква разлика има од она Mr. White од претходните сезони, до Mr. White од последните епизоди. Едноставна демонстрација за тоа како почитта може да премине во стравопочит.

Од друга страна, не мислам дека Волтер е составен од 100% Хајзенберг. Колку што беше трагична сцената со убиството, толку беше и значајна за нас, гледачите, што барем за момент повторно го видовме оној Волтер од прва сезона. Огромна е разликата во изразот на лицето пред, и после страшниот чин.


(пред)


(после)

Ваквиот краток и човечки момент прекрасно ја доловува трансформацијата на главниот лик. Преку овој вџашен израз на лицето после долго време повторно го гледаме човекот кој го запознавме во прва епизода. Оној Волтер кој по гаќи трчаше низ пустината оставајќи проштална порака за фамилијата, додека во позадина фрчат полициски сирени. Не сметам дека му е жал што пукаше, ама ваквиот израз зборува дека Волт сфаќа како работите излегле од контрола. Исто и во последната сцена кај езерото, кога вели дека „ова можеше да се избегне“, зборови кои не се наменети само за Мајк, туку и за самиот да се слушне како ги изговара на глас работите кои му се мотаат низ глава. Сепак, егото е присутно и во ваквата состојба на трезвеност. Од секојдневниот живот ни е познато дека гордоста е заебана работа поради која многумина не се способни да го изговорат зборот „извини“.

Патем, сцената кај езерото за мене е една од најубавите сцени од серијата. Мирните пејсажи совршено го надополнуваат моментот на смртта. Обично ваквите сцени имаат клише монолози, ама тука ептен на место си дојде она ‘Shut the fuck up, and let me die in peace’(патем, покул последни зборови не сум слушнал до сега. Си замислувам на смртна постела, опкружен од синови, ќерки, внуци. „We love you, VLJ. Everything is going to be all...” “”Shut the fuck up and let me die in peace.” Јако). И така, на едноставен начин испративме еден комплексен лик.

Да се навратам на ликот на Волтер. Знам дека финтата е да го мразиме, но јас се’ повеќе го сожалувам. Ова би требало да е делот од животот кога е на врвот, но, изненадувачки за него, а очекувано за нас, тој се’ повеќе оди кон дното. Особено во последната епизода се виде во каква очајна состојба се наоѓа. Очајот се забележа кога Џеси го напушти, а тој се дереше по него. Или кога започна да готви со Тод каде фацата му збори дека е свесен како паднал од коњ на магаре. Или кога го одвиткува целофанот од готовото јадење, немоќен да размени збор-два со Скајлер. Или пак кога сфаќа дека имињата ги има Лидија и дека иако очекуваше, ароганцијата е причината поради која го испука куршумот. Во сите овие делови сочувствував со него, иако сум свесен дека не заслужува. Не знам до што е, дали до Кренстон или сценаристите, но, како и секогаш, работите не можат да бидат само црни или бели. Овде е јасно дека сме во сивата зона. Она кое Breaking Bad ја прави толку добра серија е начинот на кој се занимава со правилното и погрешното. Кога Волт започна да готви во прва сезона беше оправдано, а сега не е. Убивањето кое некогаш беше оправдана постапка, сега е неразумна и сурова. Јасно е и дека Волт станува негативец, но и дека никогаш порано не е бил волку мизерен. Ми се чини дека е свесен како империјата, која толку ја посакуваше, му носи морална деградација и го лишува од сите луѓе кои му значат.

Инаку, за мене најсмешната сцена од последната епизода:



Се си мислам дека овие двајца ќе се здружат, бидејќи тие имаат најмногу што да загубат ако Волтер стане 100% Хајзенберг. Тука го имам в предвид и тоа што Мајк повеќепати го нарече Волт Џеси Џемјс, кој бил предаден од најблиските луѓе.

Наредната епизода е еден вид season finale и, за разлика од претходните сезони, појма немам што да очекувам. Знам само дека едвај чекам да дојде недела.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Се мислам дека Џеси ќе умре. Зашто? Живот на Џеси е отиден во пропаст. И тоа заради Волтер. Џеси иако немаше некои работи од почетокот, со процесот на серија доби и одма ги губеше заради Волтер. Имаше фамилија, каква таква, можеше да се враќа кога сака - сега не сакаат да го видат, се заради влијанието на Волтер. Имаше девојка - умре, зашто беше оставена да умре од Волт. Имаше и скоро инстант фамилија, жена и дете - ги изгуби заради Волтер, зашто му забрани да има некој близок дур го прават бизнисот. Џеси е сега една осамена личност, без никој и ништо. И не може да излезе од тоа опкружување. Волтер едноставно не сака да го пушти. Џеси премногу патеше во серијава, мора некако да излезе од ова лудило. А тоа е смртта.

Имам една идеја како би можело тоа да биде направено и ако погодам - јеј. Тоа што го видовме на почетокот на серијава, 1 година постар Волтер, со друг идентитет, мислам дека тоа се случува заради Џеси. Џеси ќе биде убиен во процес некој и Волтер конечно ќе се освести што се случува и ќе пребегне од државата со помош на Сол, кој ќе му најде човек кој прави друг идентитет, нешто што го спомна минатата сезона. По 1 година, Волтер се враќа назад во АBQ, спремен за одмазда, да го одмазди Џеси. Кој ќе биде виновникот? Не би знаел...
 
H

HoT IcE

Гостин
Да си ибеш векот, доста креативен си бил, интересна теорија даде. Но не гледам зошто Џеси би бил убиен од трета личност, ако некој го убива, то е Хајзенберг и никој друг.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Да си ибеш векот, доста креативен си бил, интересна теорија даде. Но не гледам зошто Џеси би бил убиен од трета личност, ако некој го убива, то е Хајзенберг и никој друг.
Може и така. Хајзенберг го убива али не по своја вина, измамен е од некој 3ти човек дека Џеси е крив за нешто. И тука Хајзенберг полудува и го убива Џеси. По некое време дознава што направил. И се одмаздува. :D
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Се мислам дека Џеси ќе умре. Зашто? Живот на Џеси е отиден во пропаст. И тоа заради Волтер. Џеси иако немаше некои работи од почетокот, со процесот на серија доби и одма ги губеше заради Волтер. Имаше фамилија, каква таква, можеше да се враќа кога сака - сега не сакаат да го видат, се заради влијанието на Волтер. Имаше девојка - умре, зашто беше оставена да умре од Волт. Имаше и скоро инстант фамилија, жена и дете - ги изгуби заради Волтер, зашто му забрани да има некој близок дур го прават бизнисот. Џеси е сега една осамена личност, без никој и ништо. И не може да излезе од тоа опкружување. Волтер едноставно не сака да го пушти. Џеси премногу патеше во серијава, мора некако да излезе од ова лудило. А тоа е смртта.

Имам една идеја како би можело тоа да биде направено и ако погодам - јеј. Тоа што го видовме на почетокот на серијава, 1 година постар Волтер, со друг идентитет, мислам дека тоа се случува заради Џеси. Џеси ќе биде убиен во процес некој и Волтер конечно ќе се освести што се случува и ќе пребегне од државата со помош на Сол, кој ќе му најде човек кој прави друг идентитет, нешто што го спомна минатата сезона. По 1 година, Волтер се враќа назад во АBQ, спремен за одмазда, да го одмазди Џеси. Кој ќе биде виновникот? Не би знаел...
Da ne zaboravime deka da ne bese Walter Jessie ke umrese use mnogu porano od predoziranje ili ke zaglavese vo zatvor...zivotot na Jessie uopste ne mu bese sjajen...Walter go iscisti od droga go sredi go naprai covek...koa veke e kriminalec go naprai kriminalec za golemi pari ne za 20 dolari i krek po cel den so drugarite....Walter da ne ja ostaese da umre kuckata Jane,Jessie ke zavrsese ko nea...taka da Jessie e covekot so mu trgna zivotot na podobro a Walter na poloso....Jessie nema da umre....ke napraat fora scenaristite cliffhanger nekoj demek ke umre za da fatat na emocija poso mnogu lugje se povrzaa so negoviot lik....ali nema da umre
 

Kajgana Shop

На врв Bottom