Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Итно ми треба ист ваков натпис за принтање на маица.. Знае ли некој, или пак може ли да ми дае линк од HQ слика... од ова.

1283465374_bottom_respect.jpg
 
Како ви се свиѓа новиов ник и аватар :pos:
Иначе завршив вчера со трета сезона, добар крај, денес почињам 4та.
Баш ми е криво за Волтер, се мучи пари да донесе дома, оваа жена му со друг отиде.
 
Еве ме и мене.. Уште еден дечко од форумов ја изгледа серијава по ваша препорака.. 7 саат сабајле, после повеќечасовно гледање на последната сезона, полн сум со емоции и пробувам да ги одберам соодветните зборови за да опишам како се чувствувам јас и што чувствувам за серијата - но неможам. Ќе бидам краток и ќе кажам дека серијава се на се ме има научено многу повеќе од овие 4 години средно образование. ОВА е серијата која ме научи на моралните вредности, на лојалноста, љубовта кон пријателите и семејството, ставање на семејството пред се, борбата за опстанок во ова денешно општество.
Серијата ме промени и направи за едно ниво подобар човек. Со една реченица, една од поуките на серијата е дека треба да си го испотиш газот за да заработиш пари, а илегалните дејствија за да дојдеш до финансии (во случајов дрога) се нешто што мораш да го избегнеш.
Од една страна се осеќам многу задоволно и среќно, бидејќи ја имав ЧЕСТА да гледам вакво шоу, а од друга страна го имам она чувство кога ликовите од серијата ти фалат, ти фали дружењето со Волтер и Џеси, заебанциите на Сол, Челинџерот на Волтер Џуниор, цицките на Скајлер ( :pos: ), итн :D
Знам дека имате дилеми и конфузија за крајот, ПАЗИ СПОЈЛЕР: за тоа дали и зашто Волтер го отру Брок, но не се замарајте, за оние што ја изгледале серијата имам добри вести, односно дека ќе има најмалку уште една сезона, а можеби и две (+16 епизоди, 100%).
За оние што не ја гледале серијата..иако после овој и после постот на Џимеј неколку страни поназад, би биле малубројни, сепак доколку ве има.. Иако би можел да зборувам за серијава со саати и саати, тука ќе престанам да ве замарам и ќе ве ЗАМОЛАМ кога ќе го прочитате се ова, да ја ставите одма на торент, бидејќи вакво нешто НЕСМЕЕТЕ и НЕСАКАТЕ да пропуштите. :cuc:

Heisenberg signin' out.
 
Ќе има ли 6та сезона серијава знае некој ?
Мислиш 5та? Да, ќе искочи средината на оваа година и ќе има 16 епизоди. Ако мислиш 6та, не е најавена воопшто.
 
Мислиш 5та? Да, ќе искочи средината на оваа година и ќе има 16 епизоди. Ако мислиш 6та, не е најавена воопшто.

Да да знам дека ќе има 5та, но сакам да знам колку вкупно ќе има и да знам кога ќе се снима ако ја има 6тата сезона, сакам сите наеднаш да си ги симнам и да си ги гледам,а не да чекам една по една епизода :)
 
Да да знам дека ќе има 5та, но сакам да знам колку вкупно ќе има и да знам кога ќе се снима ако ја има 6тата сезона, сакам сите наеднаш да си ги симнам и да си ги гледам,а не да чекам една по една епизода :)
Уф, сигурно не би чекал сите да искочат епизоди кога би знаел дека веќе ја има на торент. Иначе јас колку што прочитав, AMC се изјасниле дека ќе има уште 16 последни епизоди, дали ќе бидат во 1 сезона или поделени по 8 епизоди во 2 сезони, не се знае.
 
Да да знам дека ќе има 5та, но сакам да знам колку вкупно ќе има и да знам кога ќе се снима ако ја има 6тата сезона, сакам сите наеднаш да си ги симнам и да си ги гледам,а не да чекам една по една епизода :)
Нема да има 6 та.
 
Фала многу, иначе симнати ми се од 1-4 сезоните сеа баш ќе почнам да си гледам :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom