Еве ме и мене.. Уште еден дечко од форумов ја изгледа серијава по ваша препорака.. 7 саат сабајле, после повеќечасовно гледање на последната сезона, полн сум со емоции и пробувам да ги одберам соодветните зборови за да опишам како се чувствувам јас и што чувствувам за серијата - но неможам. Ќе бидам краток и ќе кажам дека серијава се на се ме има научено многу повеќе од овие 4 години средно образование. ОВА е серијата која ме научи на моралните вредности, на лојалноста, љубовта кон пријателите и семејството, ставање на семејството пред се, борбата за опстанок во ова денешно општество.
Серијата ме промени и направи за едно ниво подобар човек. Со една реченица, една од поуките на серијата е дека треба да си го испотиш газот за да заработиш пари, а илегалните дејствија за да дојдеш до финансии (во случајов дрога) се нешто што мораш да го избегнеш.
Од една страна се осеќам многу задоволно и среќно, бидејќи ја имав ЧЕСТА да гледам вакво шоу, а од друга страна го имам она чувство кога ликовите од серијата ти фалат, ти фали дружењето со Волтер и Џеси, заебанциите на Сол, Челинџерот на Волтер Џуниор, цицките на Скајлер (
), итн
Знам дека имате дилеми и конфузија за крајот,
ПАЗИ СПОЈЛЕР:
за тоа дали и зашто Волтер го отру Брок, но не се замарајте, за оние што ја изгледале серијата имам добри вести, односно дека ќе има најмалку уште една сезона, а можеби и две (+16 епизоди, 100%).
За оние што не ја гледале серијата..иако после овој и после постот на Џимеј неколку страни поназад, би биле малубројни, сепак доколку ве има.. Иако би можел да зборувам за серијава со саати и саати, тука ќе престанам да ве замарам и ќе ве ЗАМОЛАМ кога ќе го прочитате се ова, да ја ставите одма на торент, бидејќи вакво нешто НЕСМЕЕТЕ и НЕСАКАТЕ да пропуштите.
Heisenberg signin' out.