Глејте, ова со Ентони Хопкинс ми ја потврдува тезата (поголема потврда од ова амин) дека глумата е тоа што ја носи серијава таму каде што е и дека заради совршената глума и некои глупи работи изгледаат добро и лесно се проголтуваат од фановите.
Значи глумата е таква, специфична што и негативците ги сакаш, ти се допадливи. Чудна финта која им проработи. На пример, во други серии, актерот кој го глуми негативецот го глуми толку добро што ти доаѓа да го убиеш преку монитор од што е толку реално претставен, но тука мислам дека го нема тоа. Нема таков лик, едноставно сите се барем делумно харизматични.
Мислам за факинг Волтер Вајт, човек ког ги сруши сите морални граници и направи геноцид, не посакуваш да заврши трагично или посакуваш но со тешко срце. Во тој поглед дефинитивно внесоа ново ниво на глума, досега невидено. Можеби да беше оваа приказна со други актери, друг тим кој не би го спровел вака замисленото ќе беше далеку од тоа што е сега, но вака, ко што беше има еден специфичен шмек што ја става на врвот на тв-сериите.
Инаку за „новајлиите“, ви кажа чика Питер Грифин како иде работата:
p.s.
цар!