Браво за Виножито

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Може ли некој да ми преведи што се зборува. Делот на Грчки....

Се наежив кога го гледав како зборува на Македонски :back:

e taka ..gledas ne e strasno )))))
 
господ здравје и сила да ви даде браќа МАКЕДОНЦИ!

горе главата.

текстот, за душманите да прочитаат:
и ние сме деца на мајката земја
и ние сме деца на мајката земја
на нашата земја на македонија
и ние имаме право да живееме како и другите
живот што живеат
а ние страдаме од глад умираме
живот не жалевме младост си дававме за наши правдини
живот си дававме
и слобода немавме, ни правдини никакви
кога ги баравме во затвор одевме
во затвор не мачеа и коски ни кршеа
во фурни не гореа и крв ни пиеја
а клетва си дадовме
смрт или слобода
смрт или слобода за Македонија
за наши правдини смели умиравме
 
Многу ми личи на бугарски, и малце на македонски. Башка редукциите. Како во Русе исто.


па убаво знаеме каде се преселувани македонците од размената на нароодите,тАка нели,сакаш факти,прочитај некој не бугарски учебник по историја:helou:
 
Може ли некој да ми преведи што се зборува. Делот на Грчки....

Се наежив кога го гледав како зборува на Македонски :back:

имаш со превод на Македонски на каналот на ТелевизијаСонце на јутјуб, ако сакаш да побарам линк?
-------------------------

иначе, имат многу Македонски песни поврзани со Егејска

ма „многу„ не е доволно голем збор...

Еве една настаната конкретно и директно од геноцидот и егзодусот врз Македонците во Егејска во средината на минатион век



Песна Ви пеам Македонци
со зборој нашински
Песна за егејско чедо
на Македонија.

Рефрен:
Македонка мајка ме роди
клетва ми остави
расти и бори се чедо
за Македонија.

Родена сум во Кукуш
тирански мачена
нога и рака исековте
очи извадовте.

Рефрен

Името лично македонско
не си го менувам

тука сум јаска Гоце,
Кукушанецот.

Рефрен

p.s.

fala Serpico, tebe ti ja posvetam pesmava, i pozdrav od "sekretarov" moj :)
 
имаш со превод на Македонски на каналот на ТелевизијаСонце на јутјуб, ако сакаш да побарам линк?
-------------------------

Ако не ти е тешко, бидејќи ни насловот не знам каков е. Фала.

Иначе, многу сакам Егејски дијалект.. Кога зборува мајка ми со татко ’и на Егејски ми е многу интересно.
 

poveli so Makedonski prevod

a ege´jska cupa i ti li si? so ne lafes so mama nashki? :pipi:
 
.............
Рефрен

Името лично македонско
не си го менувам

внука сум јас на Гоце,
Кукушанецот.

Вака е поправилно.:smir:

Инаку почит за егеjските Македонци. Браво за Виножито. Нивната упорност и издржливост jа исполнуваат душата на секоj Македонец.
 
Неонацисти прекинаа промоција на грчко-македонскиот речник во Атина



Дваесетина активисти на грчката фашистичка организација „Хриси авги“ (Златна зора) синоќа насилно ја прекинаа промоцијата на Грчко-македонскиот речник во Атина, што ја организираше партијата на Македонците во Грција „Виножито“.
Половина час по почетокот на промоцијата, групата маскирани лица влегле во Меѓународниот прес-центар лоциран веднаш до Министерството за надворешни работи на Грција со цел да предизвикаат инцидент. Тие дивееле во салата, ја оштетиле опремата на присутните сниматели, го уништиле промотивниот материјал и вербално ги нападнале промоторите, но никој не е повреден.
Во обид да ги сними со својата камера, од физички напад се спасил и еден од промоторите, познатиот американски славист и лингвист Виктор Фридман кој беше гостин на промоцијата. На снимките на телевизијата „Сонце“ што ги објави ТВ „Канал 5“ се гледа како еден од членовите на групата насилници и се заканува на професорка од Универзитетот во Волос и се обидува со својот шлем да го удри Фридман во што е спречен од предводникот на групата насилници.
Откако не успеале да испровоцираат потежок инцидент и добиле информации дека кон прес-центарот се приближува полиција, членовите на „Хриси авги“ кои од неодамна се регистрирани како политичка партија, а досега беа во тесни врски со парламентарната националистичка партија ЛАОС на Јоргос Караџаферис, избегале, и промоцијата иако со тензија продолжила.
По доаѓањето на полицијата и по информациите дека други групи на грчки радикални структури се подготвуваат за други инциденти и напади на членовите на „Виножито“ се повлекле на периферија на Атина. Еден од лидерите на „Виножито“ Павле Васкопулос, за „Канал 5“ изјави дека ова е сигнал дека „грчките власти почнуваат да се плашат од македонштината во Грција“. Инцидентот, вели, е голем срам за Грција што не може да го скрие од европската јавност.
Синоќешниот инцидент се случува пет дена пред изборите во Грција за Европарламентот кои се одржуваат в недела. Според грчките националисти, Грчко-македонскиот речник со 15.000 зборови подготвен од Васко Караџа не требало да биде воопшто печатен затоа што македонскиот јазик не постоел.
Промоторите на речникот, кој е прво такво издание во Грција, пак, истакнуваат дека тој е сведоштво за постоењето на Македонците во таа земја и одговор против режимски став на Атина за наводното непостоење на македонскиот јазик.


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109496
 
Јас искрено, Павлос Васкопулос би го овластила како преговарач во спорот со Грција. Он би можел да излезе на крај со „олеснувачите“.
 
Овој Васко е модерен Гоце Делчев. Таква пресија да трпиш, и да истрајуваш... секоја чест. Се надевам дека добро е платен од нашата влада, а ако не е, и го прави тоа само заради патриотизам, тогаш Грујо... од мојот данок оддели процент и дај му на момаков. Фантастичен е.

Има посебна тема за тоа што вчера-завчера се случило на издавањето на грчко-македонскиот речник?
 
Браво Виножито!!! Целосна подршка!!

Инаку ''cool'' ти од Егејот си?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom