Бранко Црвенковски

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
880
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Многу од светските политиколози, анализирајќи ги состојбите на светската политичка сцена, ја поставуваат тезата дека политиката стана неразделна со мафијата, и дека двете меѓусебно си помагаат во остварувањето на цели, кои се од обострана корист. Доколку мислиме дека македонската политичка сцена, остана имун на поврзаноста со мафијата, тогаш само свесно замижуваме пред фактите и вистината, и самите себеси се ставаме во функција на гласачка машина, која преку своите гласови, овозможува стационирање на мафијашко-политички кланови во власта и институциите на системот, со што државната моќ и поседност, ја насочуваат кон своите „фондови“ преку кои ги остваруваат личните планови. Македонските политички структури, не само што се инфилтрирани во национална т.е. локална мафијата, туку се поврзани и со меѓународниот криминал. Доказ за ова мое тврдење, меѓу останатото е и разговорот на инспекторот Ацо Петров од Трета управа на ДБК со Петрит Аме, воден на 9 и 10 јули 1997 година, свикан за да се „расчистат неговите активности и врски во областа на организираниот криминал, врски и работа во корист на странски разузнавачки служби и учество во терористички акции“. Во службената белешка во која е интерпретиран разговорот со Аме, покрај тоа што пишува дека Петрит за себе признал дека по занимање е криминалец и дека се занимава со илегална трговија и шверц на оружје, дрога, нафта, цигари и други недозволени активности, тој ја потврдува својата поврзаност со Бранко Црвенковски и со други функционери на СДСМ, во шверцот со нафта, цигари и оружје. Ова само е едно камче, од мозаикот кој мене ми е портрет на Бранко Црвенковски, човекот кој ќе го памтам и како некој што не стана при интонирање на македонската химна како дел од првиот парламентарен состав. Поврзаноста на албанската мафија и Црвенковски, чија сопруга е сопственик на „Семос“, е и една од причините како Црвенковски, опкуражен од законските акти кои овозможуваат тајност на вложувачите во одредени типови на компании, успеа да стане еден од сопствениците на „Линк Телеком“, некаде во 1995/96 година. За „Линк Телеком“ се вели и се знае дека е една од повеќето телекомуникацисики компании кои работат на територијата на Русија. Бранко Црвенковски и СДСМ, секогаш се обидуваа (и се обидуваат), а и успеваа во тоа, капиталот да го сконцентрираат во своите најтесни и најлојални кругови, за потоа да можат да ги продололжат игрите на нечесноста. Потврда за тоа е неговиот таен состанок со Јане Миљовски, профи-гробарот, односно министерот во тренерки, кој беше ревносен штедач во ТАТ. и во ниедна друга банка. Поконкретно, во периодот кога Миљовски беше министер, во вилата во Охрид, под менторство на Црвенковски е изработен акционен план, за одтуѓување на капиталот од државата и негово пренасочување кон СДСМ. Односно, план како да се уништат фабриките и другите капитални објекти кои претставуваат „крвоток“ на државата, за да се обезвреднат и да имаат ниска цена, за потоа истите со добро изиграно сценарио, да бидат купени од блиски до Црвенковски и неговите луѓе во мафијата.
6qbx3rc.jpg

Пример за тоа со какви луѓе соработувал Црвенковски се неговите врски со компанијата на неговиот другар од студентските денови, Пеце Дамески, сопственикот на АСИБА&МГ, од која владата неколку пати купува поголем број на возила. Вкупната бројка на купени возила приближно изнесува 300-400 парчиња. Во истата таа фирма работи и неговиот шура Димитровски Владо како менаџер за продажба, а денес истиот тој е генерален менаџер на СА&СА компани. Случајнот со АСИБА&МГ, како еден од многуте (да не речам безбројните), е само уште една потврда дека политиката полека но сигурно, мафијата ја внесува во сите сектори на општественото и политичкото живеење. Тоа би го образложил и со позициите на Бранко Азески во менаџментот на оваа фирма во периодот 1997/98, а истовремено и неговото израснување во „чувар на грбот на Црвенковски“, што го доведува до претседателското место во Стопанската комора на Македонија. Едноставно, на Црвенковски и СДСМ им требаше таков човек, кој ќе може да претставува ментор на внесот на мафијата во бизнисот. Сите финансиски проневери на оваа фирма, се направени преку сметките во „Комерцијална банка“, чиј директор Хари Костов е „цицач“ на Црвенковски и негов човек од доверба. Тоа е само уште една потврда, дека зад секој од плановите за малверзации на Црвенковски и СДСМ, стои ланец на личности, кои го овозможуваат неговото реализирање. Затоа не ме зачуди што според снимката на видеокасетата од разговорот, се гледа дека Петрит Аме, освен на Бранко Црвенковски, ги наведува имињата и на Јован Андонов, Зоре Темелковски, Данчо Шутурков, Илија Иловски, Димитар Бузлевски, Љубомир Фрчкоски, Златко Соколиќ, Павле Трајанов, Ванчо Лазаров и други поранешни функционери на СДСМ, директори и бизнисмени што учествувале во организираниот криминал. Главен за шверцот на цигари во РМ бил Шутурков, кој ја ужива заштитата на Бранко Црвенковски и на СДСМ и како противуслуга за тоа го финансира СДСМ. За секоја пратка на цигари која ќе поминела преку територијата на РМ морало на Шутурков да му се плати таксата од 25.000 ДЕМ. За таа цел Шутурков ќе издал сертификат дека цигарите се производство на "Македонија - табак", додека пак на границата со СРЈ се покажувала друга фактура, во која стоело дека камионот е товарен со опинци, кикиритки, салама и друга стока. Од самата граница цигарите ги преземала СДБ на Црна Гора и ги носела до директорот на "Зета" - Ѓукановиќ, кој парите од цигарите ги употребувал за исплата на пензиите и социјална помош. Пријателството на Петрит Аме со Златко Соколиќ, сопственик на "Интерфалко" и пријател на Црвенковски се темелело на фактот што истиот за време на ембаргото многу шверцувал нафта, цигари и хемикалии. На Соколиќ, поврзаноста со албанската мафија многу му помогнала за да добијат контингент Слободан Богоески - советник во Владата на РМ и тогашниот премиер Бранко Црвенковски, за што Златко им плаќал големи суми на пари. Преку "Интерфалко" поранешниот министер за стопанство Јован Андонов - Реган перел пари, а меѓу честите гости на оваа фирма биле и Зоре Темелковски и Павле Трајанов, кои најверојатно имаат добро профитирано за услугите што ги имаат направено за оваа фирма. Но, споменувајќи ја „Македонија - табак“, повторно се соочив со фактот дека истата е најголемата трговска фирма со цигари во Македонија, која е криминално и организирано осиромашена и тоа за времето кога генерален директор беше Страшо Нелковски, висок функционер во СДСМ и кандидат за пратеник во 1998 година од скопската општина Центар. Имено, директорите на "Македонија табак" свесно испорачувале цигари на фирми од други држави, без притоа да обезбедат гаранции за наплатата. Според книговодствената состојба од 30 јуни 1999 година, вкупните побарувања на "Македонија табак" од фирми во Србија, Босна, Хрватска, Словенија и други деловни партнери од странство, изнесуваат 5,55 милијарди денари, или околу 179 милиони ДЕМ. Од навистина фарпантните податоци, може да се заклучи дека на десетици фирми (поаѓајќи од сумите кои ги должат), континуирано, во периодот од 1992 до 1999 година, им биле испорачувани цигари без да бидат намирени предходните обврски. Главните актери во "тутунскиот мост" преку кој од "Македонија табак", односно од Македонија, се одлеани милиони марки, се бившиот генерален директор Страшо Нелковски, неговиот заменик Данчо Шутурков и Љупчо Настевски, кој од октомври 1992 до февруари 1994 раководел со службата за извоз на цигари на поранешниот ЈУ пазар, а потоа се до 1999 година бил директор на Секторот за увоз-извоз на цигари. Директорите, своето незаконско работење, пред органите на управување во "Македонија - табак" го прикриваа на тој начин, што прикажуваа нереални и нецелосни извештаи за материјално-финансиското работење на фирмата. На долгиот список странски фирми од кои "Македонија табак " има побарувања, покрај навистина постоечките, се наоѓаат и "фантомски" фирми, кои не само што не постојат, туку никогаш не биле ниту регистрирани во трговскиот регистар во тие земји. Една од нив, преку која во мај 1998 година е направена "трговија" со цигари во вкупна вредност од 5.598.840 марки (и тоа со авионски превоз) е фирмата "Еуропрогрес" од Подгорица. Тоа го потврдуваат податоците до кои дојде македонското биро на Интерпол во соработка со Министерството за внатрешни работи на СР Југославија. Во известувањето од полицијата на СРЈ, се наведува дека фирма со такво име никогаш не била регистрирана во Стопанскиот суд, ниту пак ја има во евиденцијата на регистрирани претпријатија во Заводот за платен промет во Подгорица. Едно од камчињата со кои се комплетира мозаикот на нелегалното работење на тројката од "Македонија - табак", е и фирмата "Делта М" од Белград. Оваа белградска фирма долгот кон "Македонија - табак" за испорачани стоки во вредност од 5.896.820 марки, при крајот на 1995 година го "затворила" преку фирмата "Дувански комбинат" од Подгорица, на која "Делта М" наводно и испорачала пченица во иста вредност, која подоцна требало да биде реекспортирана во Македонија со што би се затворил кругот. Меѓутоа "кругот е малечок а во него не се сите". Имено утврдено е дека меѓу белградската и подгоричката фирма не постоеле никакви должничко доверителски односи, следствено ниту било какви договори за компензации и цесии. И конечно, според изјавата на директорот на "Дувански комбинат" од Подгорица, во магацините на овој комбинат никогаш не влегло ниту зрно пченица од "Делта М" по наводен налог на "Македонија - табак". Констатирав дека вкупниот износ за кој МВР на Македонија утврдило дека на ваков, или сличен начин, е оштетена "Македонија - табак", е преку 30 милиони ДЕМ и 1,5 милиони американски долари. За да се добие попрегледна слика за тоа дека Црвенковски и СДСМ навистина оделе кон тоа да го урнисаат македонското стопанство, и се што е вредно да истоварат во мафијашкиот партиски двор, говори и случајот во фабриката "Киро Фетак" од Куманово, на кој најдобро се отсликува функционирањето на таканаречениот "Бранков закон", со кој во Македонија е "стимулирано" вработувањето. Имено, со злоупотребата на овој закон, оваа кумановска фабрика успеала да ги "вработи" сите 500 работници, со што државната каса била олеснета за 1,2 милиони германски марки годишно. Ова се случило, иако, како што во оваа прилика владата ја убедувала јавноста дека ги презела сите мерки на претпазливост. Токму овие 500 фиктивни вработувања влегле во државната евиденција за мерење на ефектите од воведувањето на законот и биле претставени како вистински подвиг за време на посетата на тогашниот премиер Црвенковски на успешните кумановски фирми.
 
Петрит Аме во својот исказ кажува и за перењето на пари т.е. криминал со цигари што се вршело преку братот на поранешниот министер за внатрешни работи на РМ Љубомир Фрчкоски, на фри-шопот „Челебија“. Во суштина Фрчковски е човек што никогаш и нема постојан став, односно постојано го менува, за било која тема. Најверојатно ставот му зависи од тоа кој повеќе ќе излицитира. За време на неговото министерување, додека неговиот брат Владимир Данаилов го раководи бизнисот со фри-шоповите, поточно шверцот. МВР набавува над 300 возила Volkswagen, од компанијата АСИБА&МГ. Му се случуват и уште еден куп афери во врска со набавките во МВР, слики од 100.000 германски марки, работни маси и слични ситници. Најголемата афера повторно е врзана за фамозната АСИБА&МГ, скандалот, поточно вистината за шверцот со оружје, во кој МВР изјавува дека набавува 350 шофершајбни, 800 амортизери, 2000 седишта и слично. Потоа наводно следи набавка на компјутерска опрема и софтвер од IBM за потребите на МВР во вредност од над 15.000.000 или 20.000.000 долари. И повторно, покрај имињата на компаниите ЕУРОИНВЕСТ, МБС (Македонски Бизнис Системи), како клучна се појавува судбинската АСИБА&МГ. Во тие години добива на поклон и еден црвен ГОЛФ ГТИ. Истовремено со тоа се случуваат и некои многу чудни самоубиства, но кај самоубијците кои сами си пукале во себе, на обдукциите наоѓаат и по три, четири зрна од куршуми во главата, што не е е својствено за самоубиство. Како врв на се, се случува и атентатот врз Киро Глигоров, кој за пошироката јавност уште е нерасветлен. Повеќе од приметна е поврзаноста на Фрчковски во игрите на СДСМ со мафијта, и слевањето на финансиски средства во фирмата блиска до Црвенковки. Но, тоа го прави и со помош на Љупчо Саздов, неговата десна рака и прв братучед, началник за набавки (директни тендери) во МВР, директно замешан во најголемите скандали. Од ова јавноста може да заклучи дека Бранко Црвенковски е "капо ди тути капи" на организираниот криминал што е правен во тој период во земјава.
8fl6uwx.jpg

Еден од неговите најголеми подржувачи во извесен период беше и Таки Фити, еден од неколкумината професионални гробари на македонската економија. Поранешен министер за економија или стопанство, еден од оние за кои рекоа дека го уништил проектот AUDI во Македонија. Наводно неговото влашко лоби инсистирало на пропаста на тој проект, поради врските со тогашната италијанска премиерка Сузана Ањели (таа во тој период беше во посета на Македонија) од фамилијата Ањели сопствениците на FIAT, и нивната желба да го донесат FIAT во Македонија. Несомнено, има вистина во тие тврдења знаејќи дека еден од основачите на тогаш новоформираната компанија АСИБА ИНЖИНЕРИНГ е Стерули Бураку (некои го викаат и ограбувачот од ТЕХНОМЕТАЛ), кој би требало во целата таа игра да биде кртот. За да може до крај да ги изведе своите валкани мафијашки игри, сврзани со шверц и проневери на Бранко Црвенковски, како „дебело црево“ и на меѓународниот криминал на Балканот, му беа потребни луѓе за се, кои истовремено ќе можат да се претставуваат и како експерти за царина, и за телекомуникации и за којзнае уште не. Таков негов послушник беше Илија Иловски. За неговите бизнис афери не се слушнало многу, но сепак се многу. Тој и Димитар Бузлевски се едни од главните контролори на извозот на фиктивното македонско производство, кое пред да биде „произведено“, прво се увезува во Македонија и по неколку часа на македонска територија се извезува во трети земји како македонски производи. Но, исто така, тој е еден од луѓето, кој е поврзан со шверцот на нафта. Еден од неговите советодавачи е Ванчо Лазаров, кој во деведесеттите години на минатиот век беше управник на царинарница Скопје, а потоа и прв цариник, поставен на тоа место како човек кој има огромно искуство и потенцијал во координацијата на шверц-бизнисите и легалното бизнис рекетарење.Сведоштво за тоа дека и денес актуелната бизнис елита е вмешана во шверцот на СДСМ е поврзаноста на матните зделки со Илија Димитров, маж на Савка Димитрова (АД „Европа“), а потоа и управник на царинарница Скопје. „Коктелот“ од политика и криминал на Бранко Црвенковски и СДСМ, ја вклучи и злоупотребата на должноста од страна на судските органи, која се претвори во карактеристика на нивното владеење. Во серијата примери од криминалот во правосудството, особено интересен е случајот кој на дел од јавноста и беше познат уште во 1993, во врска со претседателот на Општинскиот Суд во Гевгелија, Јово Диманчев. Злоупотребата на службената должност и судскиот деспотизам, непотизам, мито и корупција започнува со направени 56 кривични дела-барање поткуп (од поголем број граѓани побарал по 1.000 ДМ за да им се решат судските предмети), а продолжува со купување патничко возило, кое според документација е платено на време, но во деловната книга фигурира системот на одложено плаќање, за да на крај возилото се плати подоцна, т.е. кога инфлацијата ја има девалвирано првичната цена. (Цената по која е платено возилото е во вредност од едно негово тркало). Злоупотребата и непотизмот продолжува со толерирање на криминално дело на неговиот зет, со не покренување кривична постапка, за неплаќање данок во висина од 21.911 ДМ за период од 1 јануари 1992 до 30 септември 1992 година, и покрај констатацијата на Службата за општествено книговодство. Во време кога директор на Македонската царина беше Димитар Бузлевски, подоцна министер и потпретседател во Владата на СДСМ (Црвенковски), актуелна беше и Аферата - Бизнис од 3 милиони марки со шверц на кафе, во која директно е вмешан и претседателот на судот, кој најверојатно поради пријателските односи со кланот на СДСМ, знаеше како да настапи. Беше откриен шверцерски канал, преку кој, во тие неколку години, во нашата земја се внесени преку 1000 тони сурово кафе. Некој од учесниците беа формално уапсени (подоцна ослободени од истиот судија кој важеше за близок на СДСМ), но организаторите останаа не откриени. Вредноста на внесената количина кафе изнесува околу 2 милиони германски марки, а ако на ова сума, се додаде неплатениот данок на промет, во висина од еденипол милион германски марки, се добива вкупна вредност над 3 милиони германски марки. Случајот до денес сеуште остана неразјаснет, а судијата стана успешен адвокат, дистанциран од СДСМ по успешно завршената судска кариера. Како владеше СДСМ и на каков начин купуваше гласови во предизборната кампања најдобро говори примерот со градоначалничката кампања на нивниот битолски кандидат во 1996 година Силјан Мицевски, еден од најпознатите актери, кои и станаа “достапни на јавноста“ во аферата ТАТ. Поради планот за реконструкција и доградба на вилата Пелистер ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ во соработка со министерството за урбанизам, на чие чело тогаш се наоѓаше Јорго Шундовски, на својата подрачна единица во Битола на 18 октомври 1996 година и префрлило во денари еден милион германски марки, според тогашниот курс во вид на средства за амортизација. Парите потоа веднаш легнуваат на сметката на ГП “Пелистер“, чиј директор е Силјан Мицевски. Оние кои ја следеле неговата кампања, се сеќаваат дека центарот на Битола бил буквално облечен во партиските симболи на СДСМ, а од секое ќоше во помал или поголем формат на бирачите им се смешкал нивниот кандидат за градоначалник. А за тоа, се разбира, треба да се потрошат пари. Прашањето е: чии? Името на Силјан Мицевски во минатото се поврзуваше и со неколку други финансиски афери. Во 1997 година без одлука и одобрување од Министерството за образование, започната е изградба на некаква училишна спортска сала од страна на неговата градежна фирма Г.П. "Пелистер". Направениот долг кој со камата изнесувал 80 милиони денари, без никаков склучен договор со министерството за образование, успеа експресно да ги наплати веднаш по доаѓањето на владата на Црвенковски во ноември 2002 година. Во целокупната еуфорија на напад на претходната влада, неговите пријатели од СДСМ и оваа сума ја презентираа како дел од ''големата'' буџетска дупка. Денес поранешниот градоначалник на Битола, од неговата скромна Градоначалничка плата, е сопственик на хотел на Пелистер, палата во Битола, две-три "станчиња" во Скопје, угостителски објекти и други имоти.
 
За да се добие целосна слика за игрите кои се играат зад политичката сцена, која е само претстава за народот, мора да напоменам дури и како се делени дури и становите во „времето на Црвенковски“, при што коалиционата Влада СДСМ-ПДП правела крупни отстапки од процедурата, доделувајќи им државни станови исклучиво на функционери и на луѓе кои на овој или на оној начин работеле за власта. Поаѓам од случајот, кога државни станови биле доделени на новинарите, Никола Чунихин, Зоран Трајчевски, Александар Бојаџиев, и Киро Гочков, сите од МРТВ. На овој начин, владата практично ги најмила нивните професионални услуги. При оваа распределба на станови на заслужни новинари, на чело на владината станбена комисија се наоѓал министерот за правда Туше Гошев. Ова е доказ дека уште од тогаш Црвенковски ја гради „новинарската фабрика“, која ги крие реалните состојби, и исфрла информации кои одат во прилог на овие политичко-мафијашки кругови. Едноставно, круговите околу Бранко Црвенковски, добро испланирале и како подолго да ги задржат позициите на власт, и да ја елиминираат можноста јавноста да дознае за нивните игри. Покасно на чело на комисијата застанува минстерот Џемаил Хајдари, кој продал 55 државни стана по цена од 400 ДЕМ по квадратен метар. За илустрација, во тоа време квадратен метар на периферијата на Скопје чини 1.000 а во центарот 1.600 ДЕМ. Станбената комисија на Хајдари, при оваа распределба им доделила станови на пратениците од ПДП, Исмет Рамадани и Абдуљади Вејсели, како и министрите Насер Зибери и Абдулменаф Беџети, со што е наградено, нивното залагање за парауниверзитетот во Западна Македонија. Постои документ - „Преглед на продадени станови со времени решенија“, во кој јасно може да се види дека се работи за 55 распределени стана. Овие станови се продадени надвор од процедурата и по багателната цена, со што државната каса е оштетена за милионски суми. Некои од становите купени по екстремно ниски цени, подоцна се продавани по пазарни цени, при што штетата за буџетот станала профит за приватни џебови. Несомнено, СДСМ и Црвенковски, во коалиција со Албанската мафија, од една страна нашле уште еден начин, со злоупотреба на државата и нејзиниот капитал, да одлеат средства во своите политичко-мафијашки фондови, а од друга поделбата на станови како заслуга за формирање на парауниверзитет, е потврда дека Црвенковски не се залагал за државните интереси, ниту пак бил заинтересиран каква е иднината на Македонија, туку само егзистенцијата и нафатираноста на кругот на кој му припаѓал, како дел од „Долгото мафијашко црево“ на Балканот.
6ywjo79.jpg


Касета со разговорот со Петрит Аме, која е крунски доказ за криминалната ниографија на Црвенковски и СДСМ, се наоѓала во документацијата на МВР. Меѓутоа, оттаму исчезнала во периодот кога СДСМ заминува од власта во 1998 година. Сигурно, за да не биде употребена против некој функционер на СДСМ. Тогаш исчезнаа и многу други документи, по истиот принцип по кој сите информации за експресно се уништуваат и прикриваат сите материјали и докази за неговата сообрајќајна несреќа со неговото зелено ПОЛО ФОКС од причина, што имал премногу алкохол во крвта. По сето ова, разгледувајќи ја биографијата на нашиот актуелен Претседател, се запрашувам кој е заслужен што и покрај своето политичко неискуство во периодот 1990 – 1992 е пратеник во Собранието на Република Македонија избран на првите повеќепартиски избори и прв претседател на собраниската комисија за надворешна политика, без никакво дипломатско искуство, во најклуќните моменти за македонската самостојност? Зошто, токму тој, покрај веќе искусните политички „волци“ Е избран е за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во април 1991 година на Првиот конгрес на партијата, за потоа да биде и премиер? Дали причината е само што од изразот на лицето на Петар Гошев, поранешниот партиски шеф на Црвенковски може да се прочита: „Сакам, ама не сум способен“, или целата таа гарнитура од претходниот систем, свесна за својот низок рејтинг, својата политичка стабилност, ја виде во лицето на овој млад човек? Дали негов подржувач не беше и Тито Петковски кој денес му фарба очи на слепиот електорат? Не знам како по толку години членство во партијата која најдолго и ја имала власта во државава, дури денес се освести за штетите и гревовите кои ги направија. Дали влезот на СДСМ и Црвенковски во мафијата, беше дел и од нивното сценарио? - Ова се прашања кои заслужуваат одговор, па затоа се надевам дека еден ден и јас и целата јавност ќе го добиеме. Но, многу важно е и дали Црвенковски и СДСМ, работеле само за своите интереси, или тие се само „пешаци“, во нечија мафијашка битка на 20-тиот и 21-от век. Дали работејќи за својот интерес, тие помагаа и фондови, чии удари врз Македонија допрва треба да ги почувствуваме? Затоа, ние треба да ја искористиме нашата граѓанска моќ и да започнеме нова страница од македонската историја, која нема да значи само казнување на овие политички фигури и нивно исфрлање од политичката сцена, туку и да се избориме за целосно одстранување на мафијата од македонската политичка гарнитура, која раководи, односно ќе раководи со Македонија. Само така, ќе успееме Македонија да не се претвори во гетоизиран фронт на мафијата и криминалот. Се додека мафијата и криминалот, се менторите на Македонија, ние нема да ја пронајдеме нашата среќа.
 
Ova e ili srednoskolski ili sindikalen ili muabet na neobrazuvani,pa Vodno za se im e krivo...iskomplexirani dusicki kako i samiot BC po prasanje na himna...
a da ne dobi trn direktiva?
 
Многу од светските политиколози, анализирајќи ги состојбите на светската политичка сцена, ја поставуваат тезата дека политиката стана неразделна со мафијата,

Zatoa li tvojot omilen politicar dojde do 29% rejting, sega vo mal pad na 26.
 
Zatoa li tvojot omilen politicar dojde do 29% rejting, sega vo mal pad na 26.

Најмногу од се ме боли мене за народот, ниту за Груевски ми чуе, ниту за Петко, ниту за Станко. Ме разбираш ли ти или не? А за периодот 1998-2002 тек има да се допишува. И ќе се.

Но, дотогаш, наместо да инсинуираш со мене и со моменталната власт, ако нешто погоре не е вистина, побиј го. Докажи дека некаде има дезинформација.
 
Како може да не е вистина, може само да се правиме будали дека не ги знаеме овие работи за бране, каков вагабонт е. Какво CV има бране секоја чест, големо искуство во криминалот можат многу да му подзавидат. А тоа за рејтингот од 29% докажува колку ни е необразован народот, што нема потреба да се објаснува, навистина жално
 
Најмногу од се ме боли мене за народот, ниту за Груевски ми чуе, ниту за Петко, ниту за Станко. Ме разбираш ли ти или не? А за периодот 1998-2002 тек има да се допишува. И ќе се.

Но, дотогаш, наместо да инсинуираш со мене и со моменталната власт, ако нешто погоре не е вистина, побиј го. Докажи дека некаде има дезинформација.

Нешто слабо си ми ги опфатил актуелниве имиња како Кондарко,Шема или Шеќерка па до некаде и Бучко со Ма-крадули.Или ги чувач за друга прилика?Инаку убава и сеопфатна анализа,браво за постираното,ни јас не би напичал поопширно.:)
 
se prasuvam zarem e mozno vakvo nesto:(:nesvest: za ovoj covek i inkvizicijata e malku.toj treba ednostavno da iscezne kako prashina.zalno koj nija vodi drzavata.:(
 
se prasuvam zarem e mozno vakvo nesto:(:nesvest: za ovoj covek i inkvizicijata e malku.toj treba ednostavno da iscezne kako prashina.zalno koj nija vodi drzavata.:(
Не е само Бране за на инквизиција... може е прв ама не и единствен. Ако почне да се разоткрива за Бране и болдираната компанија во текстот ќе почне да има масовни самоубиства со по 5 куршуми во череп, случајно "експлодирани" автомобили, "неисправни" авиони и куп други "несреќи". Инаку, за содржината се согласувам дека е точна, а од неа дознав уште некои шеми што ги правел капото.Тоа за Бране дека е точно доказ се првите два поста на интел и итар перо. Браво Трн за трудот.
П.С Нема љутиш перо и интел . Едно е да си симпатизер на една партија, ама друго е да штитиш еден криминалец.
 
Н, е потврда дека Црвенковски не се залагал за државните интереси, ниту пак бил заинтересиран каква е иднината на Македонија, туку само егзистенцијата и нафатираноста на кругот на кој му припаѓал, како дел од „Долгото мафијашко црево“ на Балканот.
МНОГУ ЈАСНО
Но, многу важно е и дали Црвенковски и СДСМ, работеле само за своите интереси, или тие се само „пешаци“, во нечија мафијашка битка на 20-тиот и 21-от век. Дали работејќи за својот интерес, тие помагаа и фондови, чии удари врз Македонија допрва треба да ги почувствуваме?
Е ДА, ова е стварно битно прашање? ... се мислам на тоа дека веројатно предавников е поврзан со други “kappi di tutti kappi" од негов калибар во европа :toe:
Затоа, ние треба да ја искористиме нашата граѓанска моќ и да започнеме нова страница од македонската историја, која нема да значи само казнување на овие политички фигури и нивно исфрлање од политичката сцена, туку и да се избориме за целосно одстранување на мафијата од македонската политичка гарнитура, која раководи, односно ќе раководи со Македонија.
многу тешко.. скоро ич.. но надежта е тука
Се додека мафијата и криминалот, се менторите на Македонија, ние нема да ја пронајдеме нашата среќа.
ова и јас го имам кажано некаде во друга тема...
болно за мак. народ! а среќата не е во блиска иднина, за длабока рана да закрепне треба богами мноооогу време... а вакви кратери какви што прави “ОВАА ПРОДАДЕНА ДУША(АКО ВООПШТО ИМА ДУША) И 100% АНТИМАКЕДОНЕЦ“ многу бавно и тешко ке залечат, велам залечат...

на личност (што не го заслужува овој ЕПИТЕТ, пошо за него да го наречеш личност е ЕПИТЕТ)-(и сите од таа верига предавници на мак.народ)... е да се стават на сред плоштад и да ги запалат!


ова шо све ти го напиша {СЕКОЈА ЧЕСТ} барем 1/3 јас увидев кога ја читав “Крив правец“ и “Од Осака до Дижонска“ ... ми се повраќа :(

 
на личност (што не го заслужува овој ЕПИТЕТ, пошо за него да го наречеш личност е ЕПИТЕТ)-(и сите од таа верига предавници на мак.народ)... е да се стават на сред плоштад и да ги запалат!


ова шо све ти го напиша {СЕКОЈА ЧЕСТ} барем 1/3 јас увидев кога ја читав “Крив правец“ и “Од Осака до Дижонска“ ... ми се повраќа :(



Со бензин од ОКТА,за да им биде повеќе мака,оти и таму се слични работите ама со малку подруги личности.:)
 
Нешто слабо си ми ги опфатил актуелниве имиња како Кондарко,Шема или Шеќерка па до некаде и Бучко со Ма-крадули.Или ги чувач за друга прилика?
Што да ги чувам, во real time ги гледаме што се не научиле од нивниот господар...
 
Back
На врв Bottom