Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
dobra im e odlukata. sega ne e vazno dali e pred izbori ili ne ama vazno e deka cenata na benzinot ja namalija barem do izborite ke se iznavozime hahah

Што ја намалија... прво ја дигнаа за 10 денари,па намалуваат за 4 :) удрете математика/
 
Ајде бе... не шинаја. Ко ќе се откажат целосно од акцизата (на која патем плаќаме и 18% ДДВ) тогаш можи да се радваме тро појќе. До тогаш, нека мачкаат очи на друг, кај мене тоа не пали.

ти знаеш некој приемр кај што се откажале од акциза? знаеш колку пари одат за акциза? колку профитира државата од акцизата на горивата? да не спомнуваме и за цигарите... како и да е подобро е да скратат 4 (барем за некое време) али после избори очекувајте поскапување 7/8 денара! :)
 
ефтина маркетингшка кампања пред избори.
жално е что се палите на ова...
 
Абе овие феудалциве си играат како сакаат со народот како стока да е бе... абе и стока да е ке разбере па не пиеме ние нафта бе!
 
Абе овие феудалциве си играат како сакаат со народот како стока да е бе... абе и стока да е ке разбере па не пиеме ние нафта бе!

Не пиеме оти е скапа, ама ете сеа на тие што редовно си ја пиеја ќе им ја намалат за 4 денари и ќе можат секое сабајле пред доручек по една лажичка да си сркнат.

Изгледа не е веќе ин перење пари, него мозоци!
 
Владата на Република Македонија вечерва донесе одлука со што се намалуваат цените на нафтата и бензините.

Во насока на ублажување на ефектите од растот на цената на нафтата на светските пазари, и со цел заштита на стандардот на граѓаните, Владата на Република Македонија донесе одлука за намалување на акцизата на безоловниот бензин за 4 денари по литар и на дизел горивото за 2 денари по литар. Истовремено намален е надоместокот за задолжителна резерва на нафта за 0,5 денари.
Со тоа цената на безоловниот бензин ќе се намали за 4,5 (четири и пол) денари по литар, а цената на дизел горивото ќе се намали за 2,5 (два и пол) денари по литар, соопшти вечерва секторот за односи со јавноста на Владата.


http://kurir.mk/makedonija/vesti/26137-Vladata-gi-namali-cenite-na-naftata-i-benzinite

[FONT=&quot]
[/FONT]

БРАВО ЗА ВЛАДАТА !!! ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗОШТО ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА !!!
Секоја чест. А каде беа до сега да направат ваков чекор? Чекаа да дојдат избори??

Ова поевтинување ќе има сосема спротивен ефект на тој што го планира владата (добивање поени). Па луѓе мои, знаете ли колку чини еден литар бензин без давачки за лоповскава влада? 50-тина денари за литар бензин. Останатото се е за лоповиве.
 
de bre luge ni vie ne znaete sto sakate ako ja kacat cenata zasto ja kacile ako ja namalat zasto ja namalile pred izbori....... oni samo neka ja namalat dali pred izbori ili posle ne e vazno kutete i vozete
 
Не пиеме оти е скапа, ама ете сеа на тие што редовно си ја пиеја ќе им ја намалат за 4 денари и ќе можат секое сабајле пред доручек по една лажичка да си сркнат.

Изгледа не е веќе ин перење пари, него мозоци!
Грешиш друже и жолтата е 400 денари па сите ја пиеме .
Па затоа "не пиеме оти е скапа" не држи вода , мислам на нафтата
 
Јас мислам дека во знак на револт за намалувањево на цената на нафтата и бензинот да не се возат возила кои ги користат овие енергенси се додека не ја вратат цената на завчерашното ниво.
Они со нас ќе играат, епа нема! Ние сакаме да возиме на поскап бензин.
 
Дур ги полнеа џебовите немаше шанси криза ова она,сега се распушти,башибузок ќе биде овој месец и ајде поени.Море да ви ебам све под список на чело со патуљакот.
 
Кога ќе дојде 56 денари литар бензин, ко пред година дена, е тогаш ќе речам дека паднала цената на бензинот.

Ќе се изначекаш... турај си ти како мене секогаш за 300 денари и никогаш нема да осетиш покачување
 
Грешиш друже и жолтата е 400 денари па сите ја пиеме .
Па затоа "не пиеме оти е скапа" не држи вода , мислам на нафтата

Ракијата е од ќејф, нафтата е од немукает. Башка со литро жолта (во себе) ќе стигнеш подалеку, отколку со литро нафта. ;)

--- надополнето ---

Ќе се изначекаш... турај си ти како мене секогаш за 300 денари и никогаш нема да осетиш покачување

Нема да осетиш покачување на цената, ама намалување на количината на нафта во резервоарот. ;)
 
Треба и лебот, автобусот и таксито да се намалат...процентуално 5%
Карта и леб од 30 на 28.5 денари (од леб има ќар цирка 60-70 денари), такси 47.5
сега му е мајката и плата да качат. После кога ќе се престројат, мцки
 
Избори се ближат,цени ќе се снижат...
 
Пред 5 дена дигнаа по 3 денари сега спуштаат 4.5 големи јајца 1.5 денари поефтино.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom