Владата на Република Македонија вечерва донесе одлука со што се намалуваат цените на нафтата и бензините.
Во насока на ублажување на ефектите од растот на цената на нафтата на светските пазари, и со цел заштита на стандардот на граѓаните, Владата на Република Македонија донесе одлука за намалување на акцизата на безоловниот бензин за 4 денари по литар и на дизел горивото за 2 денари по литар. Истовремено намален е надоместокот за задолжителна резерва на нафта за 0,5 денари.
Со тоа цената на безоловниот бензин ќе се намали за 4,5 (четири и пол) денари по литар, а цената на дизел горивото ќе се намали за 2,5 (два и пол) денари по литар, соопшти вечерва секторот за односи со јавноста на Владата.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/26137-Vladata-gi-namali-cenite-na-naftata-i-benzinite
[FONT="]
[/FONT]