Боза
Состојки
# 600 gr пченкарно брашно
# 5 l вода
# 3 dkg квасец,
# 1 kg шеќер
Подготовка:
Пченкарното брашно го преливаме со топла водаe и го оставаме еден да стоиi. Наредниот ден смесата се готви 2 часа со повремено мешање. Кога ќе се излади се додава квасецот. Сето ова се остава да поседи до наредниот ден. Следниот ден смесата ја цедиме и во нејзе го додаваме шеќерот. Мешаме се додека шеќерот не се стопи. Го чуваме на ладно место.
Ова е појдовна точка. Сега следат модификации:
Се користи пченкарно
интегрално брашно (извор: Виталиа), 300 гр. Се готви смесата 2 часа на тивок огин со постојано мешање, се додека не добиете нешто што личи на каша. Се пази да не загори, дури и малку, оти тоа влијае на вкусот. Се случува и во Апче да им загори и бозата добива темна боја и препознатлив загорен вкус. Тогаш ја оставаат бозата да "скисели" подолго време.
Се остава смесата да се олади. Е сега битен момент, место обичен квасец, за 5 литри течност, околу 400-500 ml боза од Апче се вмешува во смесата. Се остава така да стои 24 часа.
АКО не се појават бели точки на површината (заробен CO2) тогаш се додава 100г шеќер и се продолжува со чекање за уште 24 часа.
После овој "третман" смесата се процедува на ситна цедалка, се додава 1кг шеќер (или 900г ако имате додадено претходно) се меша добро да се стопи шеќерот. Се флашира и се чува во фрижидер.
Тајна на бозаџиите е во мајата што ја користат, тоа не е обичен квасец. Со горната постапка ќе добиете боза, но некои ќе имаат коментар дека тоа-не-е-тоа :wink:. Друга тајна е мешавината на брашна и нивен размер и за крај, оригинал боза се вари 5-6 сати на тивок огин со постојано мешање (без потреба од цедење како во домашни услови), но кој има време и стрпление да стои толку време пред шпорет :wink:
Reverse ingenering of BOZA is continuing....