rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
Престижниот Бостон Универзитет од САД од јануари 2010 година стартува со постдипломски студии по информатичка технологија
Програмата и начинот на коишто ќе се одвиваат постдипломските студии денеска беа презентирани во Скопје.
Студиите ќе се реализираат преку он–лајн студирање, а наставата и оценувањето ќе ги вршат професори од Бостон Универзитетот.
„Идејата беше да се добесе во Македонија еден од водечките приватни истражни и научни институции во светот денеска и да се ппонуди американски образовен млодел на македонските студенти во Македонија како најбрз начин на добивање знаење и практично знаење за растечките ИТ предизвици кои се случуваат не само во Македонија, туку и глобалноа“, рече професорот Љубормир Читкушев од Бостон Универзитетот во рамки на денешната презентација на студиите.
„Како држава имаме голема сатисфакција од одлуката на Бостон Универзитетот тука да отвори постдипломски студии по информатичка технологија“, истакна премиерот Никола Груевски.
Тој рече дека знаењето и дипломата што ќе ја стекнат нашите магистри ќе ги направи конкурентни во светот.
„„Дипломата којашто ќе ја добијат нашите идни магистри на овие последиполмски студии, ќе биде потполно еквивалентна и со иста вредност со дипломата која ја добиваат студентите на Бостон универзитетот во САД, а дополнително, тие ќе имаат можност дел од својот образовен процес да го поминат токму на тој Универзитет. Сето тоа ќе претставува одлична можност за сите заинтересирани информатичари од земјата и регионот да се стекнат со титулата Магистер по информатички технологии на Бостонскиот универзитет, а воедно ќе значи и огромен импулс во поглед на зголемувањето на конкуренцијата во нашето високо образование, а со самото тоа продуцирање и на поголем квалитет и развиени образовни програми.“, вели Греувски.
„Истовремено, Бостон универзитетот значи уште еден плус во стратегијата на Владата за сеопфатен развој на македонското информатичко општество. Нашата визија е Македонија да стане регионален информатичко-телекомуникациски центар, што ќе има големо влијание врз подобрувањето на компетитивноста, продуктивноста и развојот на македонската економија. Во таа насока одат сите досегашните активности на ова поле, како што се засилената компјутеризација на нашето општество, интензивирање на глобалното ниво на интернет пенетрација, отворање на нов државен Универзитет за информатички технологии, но и на нови студиски програми од областа на информатиката и компјутерско инженерство и зголемување на компетенциите дефицитарни на пазарот на трудот, какви што дефинитивно се оние што ќе се стекнуваат на оваа реномирана образовна институција. “, рече прмеирто претставувајќи го значењето на денеска поромовираните пост-дипломски студии.
Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски оцени дека за Македонија е добро граѓаните да се здобијат со дипломи, кои што се високо рангирани во целиот свет, без притоа да мора да ја напуштат Македонија. Тој дополни дека студиската програма на Бостон Универзитетот е креирана според пазарната економија на САД.
Наставата на постдипломските студии се одвива низ неколку курса, а секој курс трае седум недели.
Првата и последната недела од секој курс во македонија ќе доаѓаат професори од Универзитетот, додека останатите недели наставата ќе се одвива он – лајн.
Доколку наставата трае 10 курса по што студентот се здобива со мастер диплома ќе чиниоколу 22 илјади долари, а доколку наставата трае осум курса плус два признаени курса од Македонија ќе чини околу 17 илјади долари, што е многу поефтино доколку наставата се следи во САД.
Бостон Универзитетот е меѓу најдобрите 50 во светот, и е четврт најголем независен приватен универзитет во Америка. Има 33 илјади студенти, четири илјади факултети, 300 илјади дипломирани и 45 илјади интернационални студенти од 153 земји во светот.
www.bu.edu