Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Бошкоски пак под истрага за пукањето во Маврово
Ексминистерот за внатрешни работи и актуелен кандидат за претседател на државата, Љубе Бошкоски, повторно е под истрага за инцидентот кај Леуново од 2002 година, кога на вежба на „лавовите“ пукаше со автоматски фрлач и повреди четворица присутни гости.
Гостиварскиот суд ќе ја обнови истрагата, иако Основното обвинителство во Гостивар во 2005 година се изјаснило дека нема елементи за гонење на Бошкоски. За случајот, во кој беа повредени новинарката на „Дневник“, Даниела Вељановска, преведувачката во француската амбасада во Скопје, Анита Рамаданова и двајца вработени во МВР, Маринко Кочковски и Кирчо Партаклиев, Обвинителството ги обвини само Бобан Утковски, командант на вежбата, и Димче Маркоски, одговорен за делот од вежбата во кој се случи инцидентот. Двајцата, со правосилна пресуда, беа ослободени од вина.
Со оваа одлуката на Обвинителството дека нема да го гони Бошкоски по службена должност бидејќи немал вина за инцидентот, не се согласила оштетената Рамаданова. Таа ја искористила законската можност и самата во декември 2005 година поднела обвинителен акт против него директно до Судот. Рамаданова го обвинува ексминистерот за тешки дела против општата сигурност и предизвикување општа опасност, односно дека тој е виновен за повредите што и' беа нанесени нејзе и на другите тројца оштетени.
Судијата што го водел предметот, чие име во Судот не го откриваат, два пати го отфрлал обвинението на Рамаданова без да одржи ниту едно рочиште. Првиот пат скопскиот Апелациски суд ја укинал ваквата одлука на гостиварскиот судија. Но, судијата повторно донел одлука за отфрлање на обвинението на Рамаданова, со образложение дека немало писмени докази во предметот.
Одлуката на судијата лани повторно била укината, овој пат од новоформираниот Апелациски суд во Гостивар. Второстепениот гостиварски суд го упатил судијата, ако смета дека нема основи за гонење на Бошковски, обвинителниот акт да го достави до Кривичниот совет на Основниот суд. Кривичниот совет на 12 декември лани одлучил да се спроведе нова истрага и предметот да му биде доставен на истражен судија. Инцидентот се случи на 15 мај 2002 година, по официјалното завршување на вежбата на „лавовите“, што се одржа кај селото Леуново.
„А да пукнам јас еднаш, а, а...? За атракција може малку, а шефе, а да опнам, дај да опнам.“
Ова се зборовите на Бошковски снимени на видеокасетите на МВР и на една скопска телевизија, изречени непосредно пред да го изведе кобното пукање. Снимките биле изнесени како докази на судењето против Утковски и Маркоски, кои беа обвинети дека не ја обезбедиле прописно вежбата и дека поради тоа дошло до инцидент.
Бошкоски, иако најавуваше дека ќе сведочи, не се појави во Судот и покрај многубројните судски покани. Тој не се појави ни во претходната истражна постапка, а Гостиварското обвинителство не го ни повикало, оти сметало дека „тој нема што да каже, освен да се брани“.
Случајот „Леуново“ е завршен
Љубе Бошкоски нема примено никаков акт ниту од еден суд и затоа не може да го коментира вашето прашање. Случајот за кој прашувате е завршен со правосилна судска пресуда. Во тој случај Бошкоски беше само во својство на сведок, изјавија вчера од канцеларијата на претседателскиот кандидат Бошкоски. n