Борко Ристовски

  • Креатор на темата Креатор на темата ●Mαrια...«3*
  • Време на започнување Време на започнување
Ристовски дебитираше за Гумерзбах
D3388AE6CE5D6145BE1D619ED78C9370.jpg

Не влезе во игра, но ја почуствува атмосферата во Бундеслигата уште првиот ден од неговото доаѓање во Гумерзбах.
Голманот Борко Ристовски беше на мечот против Мелсунген, што домаќините го добија со 32-29 (15-14).

Нашиот репрезентативен голман во Гумерзбах ќе го носи дресот со бројот 30, а треба да остане во клубот до јуни 2014 година. И со новата победа, Гумерзбах останува во опасната зона на 16 место од 18 екипи, со вкупно 12 бода.


http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=6575CCAF99A80E47BF8C723EC66EE551
 
Sekoja cest za Borko Ristovski, koj bese eden od klucnite igraci vo pobedata na Gumersbah na gostinski teren protiv Lemgo 34:32, poleka, no sugurno timot bega od opasnata zona na ispagjanje, da se nadevame deka po zavrsuvanjeto na sezonata ke obezbedat opstanok i ke ostane vo najsilnata rakometna liga na svetot..:)
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6282
tap-lemgo3.jpg
 
Четврток, 08 Март 2012 09:13​

Сподели
28

Споделете ја веста со Вашите пријатели

Гумерзбах го совлада Лемго на гостински терен и со тоа го најави своето излегување од опасната зона на табелата. Она што е за нас поважно, Борко Ристовски беше на голот на Гумерзбах во текот на целиот натпревар. Не му требаше долго за да се врати во посакуваната форма.

borko-fanovi500.jpg

- Одигравме добар натпревар и што е поважно победивме на гостински терен. Бранев во текот на целиот натпревар и мислам дека полека се враќам во онаа препознатлива форма. Малку е тешко да се прати ритамот бидејќи овде не се игра како што сме ние навикнати. Нема 'пимплање', и непотребно комплицирање, па и затоа има поголем број на шутеви кон голот но и поголем број напади. Првото полувреме бев одличен, ама малку 'умрев' во второ, но тоа е заради тоа што малку бев надвор од ритам последниов месец. Брзо ќе го средиме тоа. Важно е што победивме - истакна Ристовски во телефонскиот разговор.
Инаку натпреварот заврши со резултат 32-34, нормално во корист на Гумерзбах, а Борко имаше повеќе од 10 одбрани и 3 одбранети удари од 7 метри.
 
Борко реди победи во Бундес-лигата

borko%20gumersbah%20megu%20dvajca%20golema.jpg


Борко Ристовски ја продолжи својата одлична серија настапи во германската Бундес-лига, откако и во четвртиот настап во ова натпреварување стигна до триумф, овојпат над тимот на Либек од 31-30. Македонскиот репрезентативец, кој пред околу еден месец дојде во Гумерсбах од редовите на Вардар про, експресно ги освои симпатиите на сите во клубот и се избори за местото прв голман во германскиот бундеслигаш.

По одличното издание во минатото коло против Лемго, Ристовски продолжи во ист стил и на денешниот дуел со Либек, на кој што Гумерсбах стигна до минимален триумф од 31-30. Борко уште еднаш ја оправда довербата на стручниот штаб во неговите услуги и со 12 успешни интервенции беше меѓу најзаслужните за големата победа. Од многуте одбрани, една од најважните сигурно беше онаа во последната минута при ударот на Тим Ремер, кога нашиот ас не дозволи да биде совладан и ја осигура победата на својот тим.

Воедно, со овој триумф Ристовски и неговите соиграчи му се одмаздија на Либек за поразот во националниот Куп на Германија од пред петнаесетина дена, што воедно претставува единствен неуспех на нашиот интернационалец по заминувањето од Вардар про.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6359
 
Борко е талисманот за Гумерсбах,откако го зедоа им тргна....:D
Браво Борко,само така продолжи....
 
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=7984
Борко Ристовски продолжи со импресивните настапи во Бундес-лигата, откако со тимот на Гумерсбах стигна до сензационален триумф од 32-33 на гостувањето против Некар Ловен. Домаќините мораа да слават на овој меч доколку сакаат да обезбедат учество во ЛШ за следната сезона, но Ристовски и соиграчите со максимално ангажирана игра успеаја да стигнат до минимална победа и да стават крај на надежите на Ловен дека во следната сезона овој тим ќе биде дел од елитното европско натпреварување.

Македонскиот репрезентативец уште еднаш ја доби улогата на прв голман на Гумерсбах и на најдобар начин се заблагодари за довербата на стручниот штаб. Иако Гумерсбах прими вкупно 32 гола, сепак Ристовски со 13 одбрани беше еден од најдобрите поединци во таборот на гостите, заедно со Луцелбергер и Путиќ, кои постигнаа по седум погодоци во овој голем триумф. Одличниот македонски голман дефинитивно е еден од најзаслужните што Гумерсбах бележи фантастични резултати во последните неколку месеци, токму по пристигнувањето на Ристовски во февруари. Во изминатиот период, тој помогна овој тим не само да го осигура опстанокот, туку и целосно да побегне од опасната зона на табелата. По 30 одиграни кола Гумерсбах се наоѓа на деветтото место на табелата.
 
има ли шанси да се најде стрим за вечер од 8 и 15 играат хановер и гумерсбах ???
 
Си земал 500.000 евра годишно плата,а не е ни во топ 3 рангиран клубов во домашната лига.:D
 
Како не, милион го плаќаат :pos:
 
Nema sansa toa.Vo rakometot retko koi igraci zemaat tolku golema plata.Lazarov zemase nesto okolu 150.000-200.000 pa ne Borko Ristovski 500.000. :-)
 
Го кажа тоа во емисија на Телма,баш сеа кога заврши првенството во Шпанија.
Во Германија ги кажуваат бруто платите од кои половина отпаѓаат на давачки, во најдобар случај заработува околу 200.000 евра. Згора на тоа, неговата екипа има буџет од околу 3,5 милиони евра, па не е логично Борко дазаработува толку.
 
Гумерзбах ја потврди разделбата со Борко Ристовски

Borko_Ristovski_so_Flenzburg_1.jpg

Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски, од денеска веќе не е член на германскиот бундеслигаш Гумерзбах. Информацијата за заминувањето ја потврди и клубот кој најави дека следна дестинација на македонскиот интернационалец е Ал Ахли.
- Ќе го паметам периодот минат во Гумерзбах по добро. Имав потреба од нов спортски предизвик, а истиот го најдов во Катар. Благодарен сум му на клубот и навивачите за соработката и поддршката изминатиов период, - изјавил Ристовски за официјалниот сајт на германскиот ракометен прволигаш.
Борко досега во својата кариера има настапувано во Шпанија, во двата македонски ривали Вардар и Металург, а по ЕП 2012 во Србија си обезбеди трансфер во Гумерзбах.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom