Мајкл Вик, сензационалниот играч на Атланта Фалконс (американски фудбал) ќе изгуби најмалку 200 милиони долари. Тој ја призна вината за мачење и убивање на најмалку 8 кучиња, кои неговите "ортаци" ги држеле во неговата куќа и ги тренирале за борби. Убиените кучиња чии тела се ископани од неговиот двор обично биле давени или убивани со струја. Реакцијата на NFL, спонзорите и јавноста била експедитивна, па Вик остана без 10 годишниот договор со Фалконс вреден 130 милиони, бонус вреден 22 милиони и низа милионски договори со производителите на спортска опрема, односно уште 50 милиони долари. Наместо пред илјадници гледачи на најголемите стадиони во Америка, Вик наредната година ќе ја пројде зад решетки.