BoomTV vs MaxTV

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

Која опција е подобра и зошто?

  • Вкупно гласачи
    291
Не може веднаш кога УСБ-то ќе го приклучиш на компјутерот ќе ти побара формат а и обратно кога ќе го приклучиш УСБ-то во ресиверот ќе ти побара да го форматираш ова било поради заштита на авторски права
ГЛУПОСТИ !!:tapp:
 
Едно прашајне за МаксТВ. Дали можам наместо со кабел, преку wireless да го приклучам ТВ-ресиверот со интернетмодемот? Вака кабелот низ цела куќа треба да ја носам а преку адаптерче со wireless би било подобро.
 
На Макс тв ќе ги има сите натпревари од Лига на Шампиони и Лига Европа достапни на сите 4 канали од Arenasport / HD и МТВ 1 / HD
се вртат од денес инфо канали со реклами и најава на натпреварите од Лига на Шампионите

Но дали ова ќе биде само додека траат натпреварите на Лига на Шампиони и Лига Европа или ќе ги стават засекогаш целосно програмите на Arenasport останува да видиме

Maкс тв на фејсбук пишаа дека ова ќе е промотивно до крајот на септември!:D
 
Од денеска за корисниците на optic пакетите, се достапни каналите Eurosport HD (под реден број 707) и Eurosport 2 HD (под реден број 708). Уживајте во спортот на совршена HD-слика.
548423_10152112710090224_606257005_n.jpg
 
Користам Boom TV но во последно време не сум задоволен и во Декември кога ми истекува договорот планирам да земам MaxTv па барам мислења, добро е и се друго.
 
Користам Boom TV но во последно време не сум задоволен и во Декември кога ми истекува договорот планирам да земам MaxTv па барам мислења, добро е и се друго.
И јас бев корисник на БООМ ТВ а сега сум на Мах ТВ и сум презадоволен од Мах ТВ, поголем број на канали квалитетот на сликата е подобар не сецка не кочи сликата (сега незнам бидејки сум на Оптика па можеби поради тоа не сецка) е има една мана секогаш треба да одбереш превод што не е случај кај БООМ ТВ.Потоа имаш видеотека последните три дена од Македонските телевизии се снимени и бесплатно ги гледаш, исто можеш да снимаш повеке а не само 2 саати со 4 гига УСБ стикче додека снима можеш да смениш канал додека кај БООМ не е така само тој и никој друг канал
 
MаxTV е супер само што го утепаа со спортскиве пакети Арена ептен некако ,нензам точно не сум израчунал колку би дошла претплата кога се ќе се собере вкупно со се Спорт клуб и овие за Лига шампиони каналите ама најверојатно ептен е бомба цена

Јас сега за сега имам Спорт клуб каналите и HBO со новиот пакет на 3 Max Comfort со поефтина цена што е сега

а ќе размислам за каналиве Арена - ЛШ / ЛЕ сеуште не сум ги активирал
 
Мах тв за бум е кока кола:D.
уште да и текне на Макс тв да ги стави каналиве FOX (кој наскоро ќе го има во регионов ) , Al jazeera Balkan,, Klasik tv ,Travel channel , 24Kitchen,Comedy central , Fox movies.. и би било супер ,за фудбалов не сум некој љубител премногу на фудал, ама ако сакам да гледам тоа има и на интернет стримови може да се гледа не е проблем;)
 
Епа сеа за кого како:),мене ми одговара, на нет и на тв са два различни поима.А плус тоа има подобра слика каде каде,можеш да сниамш повеќе време,така да, мене ми е екстра сеа за сеа.
 
Епа сеа за кого како:),мене ми одговара, на нет и на тв са два различни поима.А плус тоа има подобра слика каде каде,можеш да сниамш повеќе време,така да, мене ми е екстра сеа за сеа.
Имаш право ,ама бомба цените се ако вкупно собереш претплата за спортските канали
 
Го имам Max Sport пакетот на MaxTV 99 денари што е (Спортклуб, ЕСПН).
Е сега ако го деактивирам овој, и да го активирам Max Sport + за 199 денари ќе ми испаднат сите 4 арена, спортклуб и еспн?

Не сфаќам сега друго, има пакет Max Football пишува 249 денари само со каналите на арена, без овие спортклуб/еспн а цената е поголема?
 
Max Sport + ако го активираш тек после 12 месеци ке може да го деактивираш а Max Football може од месец за месец :)
 
Ја прашав MaxTV на facebook, дали планираат да го додадат детскиот канал Kids Co кој беше синхронизиран на македонски јазик. Нивниот одговор беше дека тие го нуделе порано, но го замениле со друг детски канал: Nickelodeon кој исто така бил синхронизиран на македонски. Но мене нешто не ми е јасно, бидејќи досега не сум сретнал да е синхронизиран. Дали MaxTV ми даде неточен одговор, т.е. ме излажа ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom