Бокс

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Моментално може да, ама @Johnny B вика прво они меѓусебе две борби да имаат па тек третата во распоредот да им биде со Итаума. Дечкото три борби од сега го чека можеби дуел за титула, ако не и порано, нема што он да чека на докажувања на 'пензионериве'.
Дотогаш Итаума би имал исто така 2 борби веројатно.
Со кого би боксувал за титула?
Појасите се во Усик, не знам како би се распределиле ако не ги брани.
Нека боксува Итаума за титула не е проблем, ама парите и славата се кај пензионерите моментално.

Него му одговара да чека. Што покасно против нив тоа подобро.
А титули не му бегаат секако. Нема некоја конкуренција. Млад е, би требало да ја доминира дивизијата.
 
Со кого би боксувал за титула?
Е ова е интересно прашање во моментов, затоа што како што рече сите титули се кај Усик, а он по егзибицииве што почна да ги прави со Верховен полека делува како да се спрема за пензија и лесна заработка на голема пара пред да се случи тоа, што е сосема заслужено, човекот се докажа и предокажа. Инаку ништо спорно дека парите и славата за Мозес се моментално кај пензионерите, ама клучно е тоа моментално. Ти како што ги нареди овие прво меѓусебе да имаат борби, па после да дојде ред на некој од нив со Итаума делува како нешто за што би требало да чекаме до крај на наредна година, можда и 2028-ма, а до тогаш очекувам он да си дојде до title shot против било кој, дали Усик, дали Турчинот што е прворангиран контендер моментално, сеедно, али за Џошуа/Вајлдер/Фјури битки за титули мислам дека ќе бидат завршена приказна до тогаш.
 
Мислам дека не се разбираме.
Јас не викам Итаума да ги чека нив.
Тој нека си тера по неговиот пат. Ако успее во меѓувреме да лапни некој појас - супер и уште подобро.
Јас зборувам од аспект на гледач.
Џошуа -Вајлдер
Џошуа-Фјури

Па победникот од Џошуа-Фјури би сакал да го видам против Итаума. Доколку освои појас во меѓувреме Итаума уште подобро.
Повеќе тежина ќе добие таквата борба, повеќе пари, гледаност итн

Исто во иднина Итаума-Дубоа ама има време за тоа.

Сега да видиме прво како ќе се распределат појасите од Усик ако одлучи да се тргни
 
Back
На врв Bottom