Боки 13, Лепа и Ервин со концерт во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата simoncence
  • Време на започнување Време на започнување
Фрик шоу ќе биде еј!!!
Сите ќе отидат да го видат тоа грик шоу. Боки ќе ја покаже тангата.
 
Боки 13 продал само 9 влезници
За концертот кој шоуменот Боки 13 требаше да го одржи завчера во Универзалната сала се продадени само 9 влезници на билетарата на салата. Од блиски соработници на управата на Универзална и на Бојан, дознаваме дека само деветмина негови фанови дошле да купат билети, па затоа концертот кој прво требаше да се одржи на 5-ти мај, па беше презакажан за 27 мај, се откажа.
- Боки продаде билети помалку од прстите на двете раце", ни рече еден продуцент кој сакаше да остане анонимен.
На сцената на Универзалната, Боки не требаше да настапува сам. Како гостинка ја најави српската легенда на изворната музика Лепа Лукиќ и белградскиот билдер Ервин, кои заедно со него беа во реалното шоу "Големиот брат" во Белград. Боки, веројатно од срам поради неуспехот го снемало, и не се јавил во Универзална официјално да го откаже концертот.
- Боки воопшто не се појави да ни каже дека концертот се откажува или се одложува, не се ни јави на телефон. Едноставно го снема, луѓе во Универзална во четвртокот немаше, па немаше ни концерт. Првит пат, кога требаше да има концерт на петти мај, дојде и рече дека го одложува од технички причини. Пред вториот концерт едноставно го снема. Точната бројка на продадени билети ќе ја знам дури откако ќе направиме записник, а записник без Бојан не можеме да правиме", ни рече Вера Бошковска, директорката на Универзална сала. Од "Томато", продукцијата која е автор на шоу-емисиите на Бојан, се оградуваат од организацијата за пропаднатиот концерт.
- Боки сè што си правел, правел сам. Во врска со сите концерти до сега, мене не ме слуша па затоа не сакав да предвидувам дали ова ќе му беше успех или некој негов каприц. Ние и понатаму си соработуваме за други проекти", ни рече Бане Поповиќ од "Томато" продукција. Бојан Јовановски не беше достапен за коментар.

од денешен Вест
 
Зар е можно да се опаметил народов? :raz:

КОи се тие 9 дебили што купиле карти ....:pos2:
 
9,барем 10 да беа :vozbud::pos2:
Мене нешто не ми штима, како мојт во Охрид да соберит 1500-2000 а во Скопје само 9.:raz:
 
znaci nemalo nikakov koncert :D
 
9,барем 10 да беа :vozbud::pos2:
Мене нешто не ми штима, како мојт во Охрид да соберит 1500-2000 а во Скопје само 9.:raz:

По кој повод собрал во Охрид 1500 луѓе,ако мислиш кога ја донесе Цеца ондак ете го одговорот ,за Бокица никој пари не фрла
 
Изгледа првите братучеди му откажале присуство на концерт. Инаку ова е најдоброто нешто што во последно време се случило. Можда е до Авалон што носат добри имиња па народот некако се опаметил да слуша добра музика.
 
По кој повод собрал во Охрид 1500 луѓе,ако мислиш кога ја донесе Цеца ондак ете го одговорот ,за Бокица никој пари не фрла

Па шо знам кој му беше гостин,а и да оделе заради гостите и овој пат има гостин што сигурно може да привлече повеќе од девет души :)
 
Па шо знам кој му беше гостин,а и да оделе заради гостите и овој пат има гостин што сигурно може да привлече повеќе од девет души :)

Па искрено баш и не е така,народ не се пали на Лепа Лукиќ:smir:
 
Кој сака да ги слуша/гледа овие тројца бе,поготово Боки тринаеска:tapp:
Тој треба да го бапнат на торазин не да го пуштаат да шета,се поремети народов од таквите.
 

Оваа песна на евровизија би требало да беше лол ахахахахахахах ќе имаше смеење!
 
Боки 13 продал само 9 влезници за неговиот концерт во Универзална Сала

boki-13-300.jpg
За концертот кој шоуменот Боки 13 требаше да го одржи завчера во Универзалната сала се продадени само 9 влезници на билетарата на салата Од блиски соработници на управата на Универзална и на Бојан, дознаваме дека само деветмина негови фанови дошле да купат билети, па затоа концертот кој прво требаше да се одржи на 5-ти мај, па беше презакажан за 27 мај, се откажа.

„Боки продаде билети помалку од прстите на двете раце", ни рече еден продуцент кој сакаше да остане анонимен. На сцената на Универзалната, Боки не требаше да настапува сам. Како гостинка ја најави српската легенда на изворната музика Лепа Лукиќ и белградскиот билдер Ервин, кои заедно со него беа во реалното шоу "Големиот брат" во Белград.
Боки, веројатно од срам поради неуспехот го снемало, и не се јавил во Универзална официјално да го откаже концертот. „Боки воопшто не се појави да ни каже дека концертот се откажува или се одложува, не се ни јави на телефон. Едноставно го снема, луѓе во Универзална во четвртокот немаше, па немаше ни концерт. Првит пат, кога требаше да има концерт на петти мај, дојде и рече дека го одложува од технички причини.

Пред вториот концерт едноставно го снема. Точната бројка на продадени билети ќе ја знам дури откако ќе направиме записник, а записник без Бојан не можеме да правиме", ни рече Вера Бошковска, директорката на Универзална сала.
Од "Томато", продукцијата која е автор на шоу-емисиите на Бојан, се оградуваат од организацијата за пропаднатиот концерт. „Боки сè што си правел, правел сам. Во врска со сите концерти до сега, мене не ме слуша па затоа не сакав да предвидувам дали ова ќе му беше успех или некој негов каприц. Ние и понатаму си соработуваме за други проекти", ни рече Бане Поповиќ од "Томато" продукција. Бојан Јовановски не беше достапен за коментар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom