- Член од
- 24 ноември 2008
- Мислења
- 1.035
- Поени од реакции
- 44
Извадоци од: The Failed Hypothesis - How Science Shows that God Does Not Exist - Victor J. Stenger
Вистина, не можеме да го порекнеме постоењето на Бог кој, како бисерот во примерот на Попер, е некаде надвор од кутијата, да речеме, во друга галаксија. Но Бог наводно треба да е насекаде, па со тоа и во секоја кутија. Затоа кога го бараме Бог во една кутија, без разлика колку мала, треба или да го најдеме, со што ќе го потврдиме неговото постоење, или да не го најдеме, со што ќе го порекнеме неговото постоење.
Не може да постои битие кое е сe-добро
1. Бог е (по дефиниција) битие од кое не може да се замисли поголемо битие.
2. Величината (не големината) подразбира величина на доблеста.
3. Затоа, Бог е битие од кое ниедно битие не може да биде подоблесно.
4. Но доблеста подразбира надминување на болката и опасноста.
5. За битие (суштество) може да се каже дека е навистина доблесно само ако може да трпи болка или да биде уништено.
6. Бог кој може да страда од болка или да биде уништен не е тој од кого не може да се замисли повозвишено битие.
7. Бидејќи можеме да замислиме повозвишено битие, кое не страда и е неуништиво.
8. Затоа, Бог не постои.
Обожување и морал
1. Ако некое суштество е Бог, мора да заслужува да биде предмет на обожување.
2. Ниедно суштество не може никако да заслужува да биде предмет на обожување, бидејќи обожувањето бара да се напушти улогата на независен морален чинител.
3. Затоа, не може да постои суштество кое е Бог.
Веќе накратко го изложивме проблемот на злото, и ќе кажеме уште многу за тоа. За сега, да го назначиме само формалното тврдење :
Проблемот на злото
1. Ако Бог постои, тогаш неговите атрибути се во согласност со постоењето на злото.
2. Атрибутите на Бог не се согласни со постоењето на злото.
3. Затоа, Бог не постои и не може да постои.
Следните три се примери на повеќеатрибутни негации:
Совршен Створител не може да постои
1. Ако Бог постои, тогаш е совршен.
2. Ако Бог постои, тогаш е створителот на вселената.
3. Ако суштество е совршено, тогаш с# што ќе создаде мора да е совршено.
4. Но вселената не е совршена.
5. Затоа, совршено суштество не може да е створителот на вселената.
6. Оттука, невозможно е да постои Бог.
Трансцендентно суштество не може да е сеприсутно
1. Ако Бог постои, тогаш е трансцендентен (т.е. надвор од просторот и времето)
2. Ако Бог постои, тогаш е сеприсутен.
3. За да биде трансцендентно, суштество не може да постои никаде во просторот.
4. За да биде сеприсутно, суштество мора да постои насекаде во просторот.
5. Затоа е невозможно трансцендентно суштество да биде сеприсутно.
6. Затоа, Бог не може да постои.
Лично суштество не може да е нефизичко
1. Ако Бог постои, тогаш е нефизичко суштество.
2. Ако Бог постои, тогаш е личност (или лично суштество).
3. Личност (или лично суштество) мора да е физичко.
4. Оттука, невозможно е Бог да постои.
На крај, еве пример на едноатрибутна негација:
Парадоксот на семоќта
1. Или Бог може да создаде камен кој не може да го крене, или не може да создаде камен кој не може да го крене.
2. Ако Бог може да создаде камен кој не може да го крене, тогаш не е семоќен.
3. Ако Бог не може да создаде камен кој не може да го крене, тогаш не е семоќен.
4. Затоа, Бог не е семоќен.
Теологот може да праша: како можеме ние обичните смртници да ја знаеме вистинската природа на Бог кој се наоѓа надвор од нашата моќ на спознавање? Одговорот е дека не мораме да знаеме – исто како што физичарите не мораат да ја знаат крајната стварност зад кварковите. Физичарите се задоволни што имаат модел, кој сега ги опфаќа кварковите, и кој прекрасно се сложува со податоците. Моделот на кварковите има емпириски темел. Тој го претставува најдоброто што ние луѓето досега сме успеале да направиме во опишувањето на каква и да е објективна стварност која се наоѓа зад нуклеарните и субнуклеарните испитувања. Дали кварковите се стварност или не, не го менува тоа. Тоа дали било кој од предметите на научните модели е стварен или не, не го менува фактот дека тие модели се многу корисни.