Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Американските производи, особено оние ко важат за како појаки стимуланси, многу потешко можат да се донесат кај нас како додаток во исхрана. Единствено како помошно лековито средство (некој решил така да ги категоризира) а за тоа е потребно да се регистрира дрогерија (две такви фирми постојат во моментов во МК) а не гледам дека се нешто воодушевени од тој потег. Јас се надевам дека во блиска иднина ќе се најде некој кој има разбирање и голем дел од тие производи ќе ги префрли како додатоци во исхраната на спортисти, што всушност и се, па ќе биде малку полесно нивното носење и продавање на овие простори.

Во меѓувреме некој друг производ со слична содржина да се препорача купи кај нас има?
 
Што конкретно ти треба?

црвеното апче:) од матрикс.

шега на страна, ми треба нешто за да можам да одработам тренинг како што одработував пред само 3 години.
 
Кај мене од тоа што во моментов можам да ти го понудам се Super Charge и Horse power.
Она што обично иде во овие производи се, кофеин, кре алкалин или етил естер, бета аланин, аргинин, таурин, глутамин и цитрулин малат.
 
Момци.. кога се пие креатинот и потоа да се земе протеин со млеко, дали се доволни половина час да има временска разлика, оти нели млекото го поништува дејството на креатин?
 
Креатинот и протеинот веднаш после тренинг, со вода измешани. Протеин со млеко може да пиеш во текот на денот помеѓу оброци или навечер пред спиење.
 
Момци.. кога се пие креатинот и потоа да се земе протеин со млеко, дали се доволни половина час да има временска разлика, оти нели млекото го поништува дејството на креатин?
Нема врска.
 
Кај мене од тоа што во моментов можам да ти го понудам се Super Charge и Horse power.
Она што обично иде во овие производи се, кофеин, кре алкалин или етил естер, бета аланин, аргинин, таурин, глутамин и цитрулин малат.

Thanks пробани се ама не оди пак ко шо треба. Здравје ќе чекаме „вујче“ од Америка да помогне. Фала уште еднаш.
 
бидејки имам 9 тренинзи во неделата сакам да почнам со користење креатин монохидрат. никогаш не сум земал. е сега сакам да ве прашам дали мора да ја поминам фазата на полнење, или може само со 5 гр. дневно да почнам. и ако може препорачајте ми некој добар, да знам од која фирма да купам.
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 01:09 ---
http://www.amazon.de/PNC-Europe-Protein-Recharge-Vanilla-Pack/dp/B0036B4UUG
Во Скопје кај можи да се најди ваков протеин?

во Perfect Body Centre го има. http://www.pbc.mk/proizvodi/cisti-proteini
 
бидејки имам 9 тренинзи во неделата сакам да почнам со користење креатин монохидрат. никогаш не сум земал. е сега сакам да ве прашам дали мора да ја поминам фазата на полнење, или може само со 5 гр. дневно да почнам. и ако може препорачајте ми некој добар, да знам од која фирма да купам.

Јас го пијам двапати на ден по 5 грама, на гладно срце одма кога ќе станам од спиење и вториот пат одма после тренинг. Во денови кога не вежбам само еднаш 5 грама кога ќе станам од спиење.

Требаше да наведеш што конкретно тренираш прво.
Јас тежински тренинзи (теретана) практикувам. Никогаш не сум ја терал фазата на полнење, туку вака го користам 4 недели како што е пишано погоре. После правам 4 недели пауза од користење на креатин, ова е исто така индивидуално, за почеток и тебе те советувам вака да тераш. Пробај и со фаза на полнење ако сакаш... индивидуално е. Исто така индивидуално е и од која фирма ќе го купиш зашто овој креатин е речиси ист од секаде. Сум користел неколку фирми и за некоја нијанса најзадоволен сум од овој

http://www.califit.mk/index.php?route=product/product&manufacturer_id=11&product_id=53

Често кога ќе праша некој кој креатин е најдобар ставам линк од овој, да не си помислат ГРЕШНО членовиве на кајгана дека ги рекламирам Калифорнија Фитнес :)
 
инаку тренирам 6 дена ВЈЈ ( како борење слично ), и 3 пати во неделата дома вежбам ( склекови,вратило,разбој,стомачни,чучњеви со тежина ). Ај сега ваљда ке ми даде некој boost кратинов.
 
Не очекувај дека ќе добиеш бог знај колку сила од креатинот, ќе осетиш али не премногу, ако телото ти го прифаќа добро кофеинот почни пред тренинзите да пиеш по едно кафе ќе добиеш малку повеќе сила и по едно чоколатце 50тина грама пред тренинг на 30тина минути.
 
Кофеинот е диуретик. Ќе ти даде сила пред тренинг, но побрзо ќе те дехидрира. Не би го препорачувал за интензивни тренинзи каде има многу потење.
 
Ќе си земеш шише со вода и ќе немаш гајле.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom