Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Побрза апсорпција ти е маркетингот, во пракса нема да имаш забележлив ефект. Предноста кај хидролозираниот протеин е тоа шо е хипоалергенски, организмот полесно го поднесува и варењето е покусо. Од последново произлегува муабетот дека побрза е апсорпцијата.

Ако имаш проблем со лактоза или слабо толерираш млечни производи, тогаш овој тип на производи ти се најсигурен избор. Алтернатива би ти била да бараш протеин на база на месо или растителен протеин.

Пробај прво концентрат и/или изолат за да видиш шо ти одговара на организам. Не се замарај превише со хидолизиран протеин.
Те разбирам јас. Освен проблемот со лактозата све друго е небитно особено за рекреативци. Исто важи и за ЕАА беспотребно фрлање пари за 95% вежбачи. Има колку сакаш натпреварувачи шо се спремаат на концентрат. Многу се замараат луѓево со небитни работи додека тренингот и исхраната не се постават како треба се останато паѓа во вода
 
Го има ли протеинот My protein на друго место освен Poleo?
 
Кои суплементи ги препорачувате за топење на масти? Не вежбав 4-5 месеци, не внимавав на исхрана и сега имам малце накачено.
 
Кои суплементи ги препорачувате за топење на масти? Не вежбав 4-5 месеци, не внимавав на исхрана и сега имам малце накачено.
Сега обратно, вежбај 4-5 месеци, внимавај на храна и ќе стопиш масти. Суплементи за топење масти нема, се тоа што се продава е “ветер у магла”.
 
Кои суплементи ги препорачувате за топење на масти? Не вежбав 4-5 месеци, не внимавав на исхрана и сега имам малце накачено.
1.Калориски дефицит
2.Ако не ти е битна мускулна маса, кардио
3.Суплементи со мал ефект (Forskolin, Grains of Paradise...)
4.Разни диуретици (Чај/Екстракт од глуварче итн.)
 
1.Калориски дефицит
2.Ако не ти е битна мускулна маса, кардио
3.Суплементи со мал ефект (Forskolin, Grains of Paradise...)
4.Разни диуретици (Чај/Екстракт од глуварче итн.)
Ако мора веќе некој суплемент L-carnitine е најдобар.
 
Моментално го користам овој протеин:
ProteinPower_1000g_zsak_bal_x500_crop_center.png
Со јагода-банана вкус. По мое скромно мислење, најдобар протеин шо сум го пробал до сеа. Во смути е одличен! Многу добар вкус исто.
 
@SupplementFreak дај епа пиши нешто повеќе...за овие што ги пиша...не можам од телефон добро да разбирам.
Тоа forskolin ok изгледа од тоа што побарав на брзина..инаку со л-карнитин сигурно,безбедно, проверено е, затоа него го посочив...
 
Последно уредено:
Мислење за промоцијава дечки?Некако многу евтино да земам или не?

proteinpreworkout-makedonija.jpeg
 
За овие пари можеш да купиш од my protein познат бренд,сигурен докажан.

Е сега пре workout јас не препорачувам да се зема а и немам истражено дали вреди и што дози се баш ефективни.
Инаку јас да би правел pre workout сам би го склопил и би го направил без кофеин.
И би земал по потреба тоа што ми треба ем по исплатливо ем знаеш што и кога земаш.
 
Протеинот --- НЕ
Пре --- НЕ
И двата продукти се тешка бламажа. За протеинот нема ни да дискутирам, а за пре можам да кажам дека сите супстанци што ги има се underdosed и во таа доза скоро и не прават никаква разлика.
 
Веќе е земена маштеницата со здравје да се јаде.(y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom