Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Ако е почетник не му треба воопшто суплементација со протеин, али негово си е.
Еден оброк барем да има дневно со барем 200 грама месо, плус 3-4 цели јајца + протеините од останатата храна му е сосема доволна количина на протеински внес.
Кеплер гледам дека доста се разбираш. Сакам да качам 5-6кг и мускулна маса.
Како најбрзо со храна да го направам тоа?
 
Кеплер гледам дека доста се разбираш. Сакам да качам 5-6кг и мускулна маса.
Како најбрзо со храна да го направам тоа?

Калориски суфицит и прогресивен тренинг. Пресметај BMR заедно со активност и на тоа додај 300-400 калории.

Воглавно храна со високи хидрати и високи протеини.
 
Кеплер гледам дека доста се разбираш. Сакам да качам 5-6кг и мускулна маса.
Како најбрзо со храна да го направам тоа?
Ти пиша и Филип85, али најпросто совети:
-пресметај си колку калории трошиш на дневно ниво, додади на тоа 500ккал и гледај да не си под тоа секој ден.
-одбери си некоја програма и гледај да се придржуваш до истата, има многу различни во зависност од тоа колку имаш познавање на вежбите и слободното време одбери си некоја најпогодна за тебе, има и друга тема отворено, а еве ти и една малку понапредна.
-најпросто, гледајте секој следен тренинг да ви е појак од претходниот, бидејќи телото се прилагодува доста брзо целта е да го „мамиш“, а тоа може да го направиш со: прогресивно зголемување на тежините, зголемување на волуменот на вежбите или зголемување на интензитетот на вежбање.
Ако те мрзи да се замараш со калории, јади нон стоп количински, а вагата и огледалото ќе ти кажат дали си на прав пат за брзо, ако апла се замрсуваш ќе намалиш малку, ако уште не качуваш сигурно не јадеш доволно.
myfitnesspal.com може да ти служи за водење на дневникот околу калориите.
 
Attachments

30мин после имам оброк, ориз+стек+салата

Зеленчук одма после тренинг не се препорачува. Поради фибрите.

Барем 2 сати после оброк.

Декстроза 60гр заедно со протеин и креатин.
 
Hydrolysed Beef Protein (CarniPro) на MyProtein пишува дека е 97% протеин, толку се сите (хидро)изолати или?
 
Некој да ме услуже со купон кон (лојалити карта) на пбц, за нарачка на суплемент, или пак не е дозволено така? Незнам како одат работиве. (just asking)
 
Дали некоја од нашиве продавници за суплементи (Polleo, Hardcore, Herkules, PBC, Brutal и тн.) нудат affiliate (препродажба) на суплементи?
 
Дали некоја од нашиве продавници за суплементи (Polleo, Hardcore, Herkules, PBC, Brutal и тн.) нудат affiliate (препродажба) на суплементи?
The strongest shop, ама не ги наведе...
 
Минатата недела почнав во теретана. Целта ми е слабеење некои 10 -15кг. Сменив начин на исхрана, исфрлив леб, благо. Одам четири пати неделно, пола саат кардио вежби(точак, орбитрек...) и после тоа уште пола саат на справи. Сакам да ве прашам пошто немам ич искуство дали треба да пијам нешто за согорување масти. Значи примарна цел ми е намалување на тежина.

од нутри шоп ми понудија ова:
Може да се направи комбинација од термогени топачи на масти составени од екстракти кои го забрзуваат метаболизмот и даваат енергија во комбинација со Л-карнитин кој ги транспортира мастите во телото и ги користи како енергија
Термогените топачи се термо спид хардкоре 30капсули - 390ден се пијат 2 капсули дневно 1 наутро и 1 пред тренинг

Давајте некој совет :)
 
Или пробај со Animal Cuts на UNIVERSAL или уопште не земај "топачи", фрлање на пари според мене, најважно е средена храна со низок внес на јаглехидрати.
 
Или пробај со Animal Cuts на UNIVERSAL или уопште не земај "топачи", фрлање на пари според мене, најважно е средена храна со низок внес на јаглехидрати.
Етапно намалување на калории, јагленохидрати, масти и протеини се пресметуваат според потребите и целта. Една од најголемите грешки е тоа да му се каже на почетник да внесува низок внес на јагленохидрати... Според мене нема потреба од "екстра, мега, супер" согорувачи на масти во овај случај освен од правилна и добра исхрана...
 
Зошто грешка?
Најдобро се топат масти кога имаш низок внес на јаглехидрати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom