Минатата недела почнав во теретана. Целта ми е слабеење некои 10 -15кг. Сменив начин на исхрана, исфрлив леб, благо. Одам четири пати неделно, пола саат кардио вежби(точак, орбитрек...) и после тоа уште пола саат на справи. Сакам да ве прашам пошто немам ич искуство дали треба да пијам нешто за согорување масти. Значи примарна цел ми е намалување на тежина.
од нутри шоп ми понудија ова:
Може да се направи комбинација од термогени топачи на масти составени од екстракти кои го забрзуваат метаболизмот и даваат енергија во комбинација со Л-карнитин кој ги транспортира мастите во телото и ги користи како енергија
Термогените топачи се термо спид хардкоре 30капсули - 390ден се пијат 2 капсули дневно 1 наутро и 1 пред тренинг
Давајте некој совет