Дневниче,
силата и кондицијата вратени на посакуваното ниво, малку се преценив последнава недела, па вчера и денес завршив на крај од тренинг со повраќање од премор, гликогенот ми е потрошен целосно и на моменти доаѓам до ниво на хипогликемија, денес морав да испијам 10грама бцаа со 10 грама декстроза за да можам да стојам на нозе.
Моментално комбинација од Ми40 и гигантските сетови на Милош, 6 денови неделно тежински тренинг по 2 мускулни групи на ден плус 4 дена хит кардио, мислам дека ќе умрам од воспаление деновиве, паралелно спуштам телесни масти и качувам мускулна маса, 86 кг со околу 13-15% телесни масти, фалат уште долните и страничните стомачни и да ги изрендам нозете до посакуваното ниво, посакувана килажа 79кг за крај на Август.