Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
И многу мразам кога ми се обраќаат, а не ме цитираат! :kafence:
Ми делува ко глупа и непотребна ароганција. ;)
 
И многу мразам кога ми се обраќаат, а не ме цитираат! :kafence:
Ми делува ко глупа и непотребна ароганција. ;)
треба да се издуваш ти, се приметува =) јебига ќе почекаме и ти и ние останатите во вторник да отворат теретаните
 
Inace deadlift ne bi preporacal za covek sto trenira samo za beach body, totalni nepotrebna e.

Sent from my D2403 using Tapatalk
 
Тоа дека чучањ и дедлифт (доволно) креваат тестостерон е тотален мит. Разликата на тестирања е минимална и блиску споредлива со било какво појако активирање на мускулите.

Еве да се вклучам со делумно негативно искуство со вежбиве.

Од кога почнав до пред некое време терав Stronglifts или варијација од програмата. Што значи под 2 пати чучњеви/еднаш дедлифт неделно не паднав. Придобивка? Огромни нозе. Толку. Грбот имаше нешто плус ама недоволно да го покрие недостатокот на изгледање на кентаур. Почетник фатен во виорот на фалачите на чучњеви/дедлифт + дигање на егото кога ќе прочитав некаде дека тие што не ги праат не се за во теретана = ... Додајте тука и слепо препорачување на вежбите на сите.

Втор уште поважен фактор, МНОГУ ретко тие што ги фалат го спомнуваат делот со генетски предиспозиции за вежбата - такозвана должина на екстремитети. Пак за пример ќе се земам самиот себе.

Добра генетика за чучањ се смета кратка должина на femur-от (горна нога) + долго торсо. Додека ако јас се превиткам надоле, коленото ми доаѓа некаде под брадата. Во превод- огромна шанса за повреда поради аголот во кој е ставен грбот при движењето. И уште незнам како не сум отерал нешто кај што не треба со оглед на тежините кои ги правев.

VguKW3B.png

Сеуште ги користам вежбите како support, со помали тежини и најправилна можна форма, ама од високи тежини барем некое време ќе бегам како од ѓавол. Јесте го даваат она чувство на ебачност, ама едноставно не вреди во мојот случај.

Повеќе инфо за заинтересираните.

http://nattyornot.com/the-best-levers-for-squatting/
 
Генетски предиспозиции........никој не бара да бидете светски атлети па до тоа стигнавте, секој може да стигне до напредно ниво на било која вежба и дури да ја има најлошата генетика. Само трпение и редовност е тоа што се бара.
 
Како ти оди вежбањето задно/предно со по 3 вежби? Чисто изолација ги правиш или имаш и compound вежба/и?
Варирам, 1 месец вежбам со изолација, па 3 недели уфрлам, compound вежби, па пак изолација, А предно со чиста изолација го вежбам преку две недели. Најголема цел ми беше да ги средам средно и задно онака кај што сакам јас.

Година и пол работам на ваков начин на распределба на вежбите, и презадоволен сум, рамената ми се највпечатлива страна од цело тело.
 
Последно уредено:
Здраво,со вежбање почнав пред околу 20тина дена и ми треба ваша помош да ме корегирате околу тоа што го правам погрешно (независно дали е исхрана или вежбање).Висок сум 173цм. со тежина од 75кг,целта ми е да накачам мускулна маса.Вежбам 5 пати неделно,и тоа:
-понеделник : гради (бенч,кос бенч,кос бенч со бучици-сите вежби 5 серии по 8-10 повторувања) и бицепс (3 вежби со 5 серии и 8-10 повторувања)
-вторник : грб (4 вежби со 4 серии и 8-10 повторувања) и трицепс (3 вежби со 5 серии и 8-10 повторувања
-среда : рамо (4 вежби со 4 серии и 8-10 повторувања) и подлактица (3 вежби со 5 серии и 8-10 повторувања)
-четврток : гради и бицепс
-петок : грб и трицепс
-сабота и недела одмор,од понеделник почнувам со тоа што ми останало од претходната недела па продолжувам понатака.
*Стомачни вметнувам кога-како,зависи од расположение и измореност од претходен тренинг.
*За нозете имам долго време тренирано фудбал,а и сега барем 2-3 пати неделно по саат време играм фудбал.
Е сега околу исхраната:
-насабајле за доручек овесни снегулки(околу 150гр),банана и млеко
-саат време по доручекот вежбам,после вежбање туна/стек 150гр,2-3 јајца,урда/сирење околу 50тина гр,и чаша јогурт...
-ручек ориз/компири/тестенини
-пред спиење пола литро млеко со 2-3 живи јајца.
Тоа би било тоа,ако може ваши препораки и корекции :D

Сум прочитал ова што имаш бенч дома, многу имаш немој ке ти се изморат мускулите ке се сдобиеш со повреда и после ич.
Значи нормално си правиш 3 пати неделен сплит, комбинираш мускулни групи грб, гради, бицепс трицепс, нозе, рамо, и по некој стомачни - по 2 групи на 1 ден. Подлактица ако ептен нешто ти е тенка и сакаш да ја навежбаш инаку не се вежба таа многу , или ако женската ти се пали од навежбани подлактици ахах.
На сите мускулни групи има различни вежби за во дома по јутуб со бенч и тегови можеш свободно да си најдеш скоро за цела база. Не прај дома по 2 макс 3 вежби на група на мускули сосема доволно е.

Ако вежбаш редовно и не качуваш маса значи не јадеш доволно за својот метаболизам. Тука многу проста работа е - не качуваш килажа додаваш + 1 оброк. Ако пак не качуваш правиш оброци поголеми на 100-200 грама и т/н. Ако пак не качуваш а се давиш со храна и пак не можеш да качиш- купуваш протеини, гејнери и друга спортска храна и додаваш.

Колку години имаш? мене ми изгледа 75кг за 173 нормална тежина ако имаш до 25 години... незнам зашто би качил уште подобро работи на мускулна маса ако ке бидеш 75кг сув мускул тоа супер е.
-насабајле за доручек овесни снегулки(околу 150гр),банана и млеко
-саат време по доручекот вежбам,после вежбање туна/стек 150гр,2-3 јајца,урда/сирење околу 50тина гр,и чаша јогурт...
-ручек ориз/компири/тестенини
-пред спиење пола литро млеко со 2-3 живи јајца.
Тоа би било тоа,ако може ваши препораки и корекции
На сабајле додај малце протеин - ако не пиеш навечер казеински протеин земи една чаша веј од сабјле или јади урда например.
150 грама месо малце ти е дневно или додај веј протеин или уште еден ручек со 200гр месо/риба друга храна со протеини.
Живи јајца бјак, зашто ги пиеш навечер? Навечер се јади урда затоа што таму има казеин(бавен протеин), освен што нема никаква корист од тие живи јајца(калориите од нив во тек на спиејење организмот ке ди претвори во масти) + можеш стомачна инфекција да добиеш затоашто салмонела е природна бактерија што ја има во сите јајца затоа треба да се готват.
 
Да не си грешка? Веј протеинот како што кажува името ВЕЈ односно сурутка се добива од течноста кога се прави сирење, урда однсно млечни производи во тврда форма... Нормално хемиски се обработува и сл. Но по секоја логика млечните производи се брзо апсорбирачки (нормално не како веј протеин кои може и до 10 гр на на 60 мин) . Споро апсорбирачки а со одличен состав на амино киселини и најголема искористеност од човечкото тело имаш во белките од јајца што би било некоја си природна замена за касеинот(иако суплиментите се додатоци а не исхраната чисто како споредба пишано)
 
Добра генетика за чучањ се смета кратка должина на femur-от (горна нога) + долго торсо. Додека ако јас се превиткам надоле, коленото ми доаѓа некаде под брадата. Во превод- огромна шанса за повреда поради аголот во кој е ставен грбот при движењето. И уште незнам како не сум отерал нешто кај што не треба со оглед на тежините кои ги правев.

VguKW3B.png
Еве добра генетика за чучањ. :D

Дечки дали ќе сака некој да ми каже програма за вежбање на почетничка, за другарка ми е. Оди 3 пати неделно, и сака да знае што со што да вежба. Фала..
 
Дечки дали ќе сака некој да ми каже програма за вежбање на почетничка, за другарка ми е. Оди 3 пати неделно, и сака да знае што со што да вежба. Фала..
Имам пуштено линк погоре со вежби (од реддит исто), додатно нека се зачлени и subscribe-не тука за да може да го гледа и "wiki" делот.

https://www.reddit.com/r/xxfitness/wiki/main#wiki_exercise_faq

https://www.reddit.com/r/xxfitness/

Или алтернативно ти помагај и во теретана. Friendzone no more!
 
Едноставно не знаеш да ми кажеш кога веќе знаеш ?[DOUBLEPOST=1462312611][/DOUBLEPOST]
Имам пуштено линк погоре со вежби (од реддит исто), додатно нека се зачлени и subscribe-не тука за да може да го гледа и "wiki" делот.

https://www.reddit.com/r/xxfitness/wiki/main#wiki_exercise_faq

https://www.reddit.com/r/xxfitness/

Или алтернативно ти помагај и во теретана. Friendzone no more!

Едноставно не знаеш да ми кажеш кога веќе знаеш ?
 
После тренинг протеин + 50 грама декстроза + банана или без банана?
Моментално сум на низок внес на јаглехидрати.
 
Да не си грешка? Веј протеинот како што кажува името ВЕЈ односно сурутка се добива од течноста кога се прави сирење, урда однсно млечни производи во тврда форма... Нормално хемиски се обработува и сл. Но по секоја логика млечните производи се брзо апсорбирачки (нормално не како веј протеин кои може и до 10 гр на на 60 мин) . Споро апсорбирачки а со одличен состав на амино киселини и најголема искористеност од човечкото тело имаш во белките од јајца што би било некоја си природна замена за касеинот(иако суплиментите се додатоци а не исхраната чисто како споредба пишано)
Не сум.
https://en.wikipedia.org/wiki/Casein
http://www.nutritionexpress.com/showarticle.aspx?articleid=787
Протеинот во белките не е ни веј ни казеин туку има друг хемиски состав или така нешто незнам не сум хемичар ама сигурен сум 100% дека урда и кашкавал(кој во спротивно од урда има + многу масти) има повеке казеин протеин (бавно апсорбирачки протеин) што е најпаметно да се јаде навечер
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom